26 февруари
Изглед
Предлошка:Февруари 2026 26 февруари — 57-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 308 денови до крајот на годината (309 во престапна).
Настани:
| 1531 | Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе. |
| 1815 | Францускиот цар Наполеон Бонапарт го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговата војска кај Ватерло. |
| 1848 | Британскиот воен транспоретен брод „Беркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе. |
| 1901 | По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Сјији и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите. |
| 1909 | Отоманското Царство ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина. |
| 1915 | Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачи на пламен. |
| 1918 | Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција. |
| 1936 | Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген. |
| 1984 | Околу 1.000 американски маринци, кои биле дел од војниците на Обединетите Нации, го напуштиле Бејрут. |
| 1987 | Со указ на Генералниот синод на Англиканската црква, на жените им било дозволено да бидат свештеници. |
| 1991 | По 208 дена ирачка окупација, Кувајт бил ослободен од страна на војските на неколку западни земји. |
| 1992 | Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија. |
| 1993 | Во терористички напад во Светскиот трговски центар во Њујорк загинале шест лица, 1.042 биле повредени. |
| 2004 | Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар. |
| 2008 | Пуштена Енциклопедијата на живиот свет. |
Родени:
| 1725 | Никола Кињо — изумител на автомобилот. |
| 1802 | Виктор Иго — француски писател. |
| 1846 | Бафало Бил — американски војник, ловец и забавувач. |
| 1861 | Фердинанд I — кнез и цар на Бугарија. |
| 1887 | Стефан Грабињски — полски писател. |
| 1898 | Константин Библ — чешки поет. |
| 1902 | Веркор — француски писател. |
| 1928 | Фетс Домино — американски рокенрол-музичар. |
| 1932 | Џони Кеш — американски пејач, глумец и автор. |
| 1932 | Спиро Прилепчански — македонски новинар, уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија“. |
| 1936 | Милка Ефтимова — македонска оперска пејачка. |
| 1946 | Колин Бел — англиски фудбалер. |
| 1948 | Ѓорѓи Колозов — македонски глумец. |
| 1949 | Ема Керкби — англиска пејачка, специјалист по раномузичка изведба. |
| 1952 | Лука Перузовиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 1956 | Мишел Уелбек — француски романописец, поет и режисер. |
| 1963 | Милко Ѓуровски — македонски и југословенски фудбалер. |
| 1970 | Предраг Даниловиќ — српски кошаркар. |
| 1973 | Оле Гунар Солксјер — норвешки фудбалер и тренер. |
| 1980 | Хулијан Санчес — шпански велосипедист. |
| 1982 | Ли На — кинеска тенисерка. |
| 1983 | Сергеј Биков — руски кошаркар. |
| 1983 | Пепе — португалски фудбалер. |
| 1984 | Емануел Адебајор — тогоански фудбалер. |
| 1985 | Фернандо Љоренте — шпански фудбалер. |
| 1986 | Начо Монреал — шпански фудбалер. |
| 2003 | Леви Колвил — англиски фудбалер. |
Починале:
| 1275 | Маргарет — кралица на Шкотска. |
| 1726 | Максимилијан II Емануел — изборен кнез на Баварија. |
| 1875 | Светозар Марковиќ — српски политичар и публицист. |
| 1916 | Наум Туфекчиев — македонски револуционер. |
| 1927 | Херман Обрист — швајцарски и германски дизајнер и вајар. |
| 1931 | Ото Валах — германски хемичар. |
| 1938 | Александар Амфитеатров — руски писател. |
| 1952 | Јозеф Торак — австриско-германски вајар. |
| 1960 | Александар Белиќ — македонист. |
| 1971 | Фернандел — француски глумец. |
| 1985 | Тјалинг Копманс — холандско-американски математичар и економист. |
| 1993 | Бранислав Ѓурѓев — македонски историчар и османист. |
| 1998 | Теодор Шулц — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1979 година. |
| 2004 | Борис Трајковски — претседател на Република Македонија. |
| 2008 | Бади Мајлс — американски рок и фанк тапанар. |
| 2015 | Јовица Јовановски — македонски музичар и џез гитарист. |
| 2016 | Нико Нестор — македонски пливач. |
| 2018 | Атанас Русоманов — макеоднски шахист. |