16 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Февруари 2024 16 февруари — 47-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 318 денови до крајот на годината (319 во престапна).

Настани:

1871  Француската влада потпишала капитулација и акт за примирје со Прусите по загубената војна.
1873  Во Шпанија е прогласена Република, бидејќи поради внатрешните превирања во земјата, несредената стопанска ситуација и јакнење на републиканското движење, тогашниот крал Амедео Савојски се откажа од престолот. Меѓутоа, поради разединетоста на револуционерните сили, следната година генерал Серано изврши удар и го обнови монархофашистичкиот систем.
1945  Втора светска војна: Американското воздухопловство започна масовно бомбардирање на Токио.
1959  Фидел Кастро стана премиер на Куба.
1972  Група офицери на вооружените сили на Еквадор, предводени од генерал Гилермо Родригес Лара со државен удар, без крв го ослободи од власт Хосе Марие Веласко Ибара. На чело на државата дојде генерал Лара, а соборениот претседател Ибара доби азил во Венецуела.
1978  Кина и Јапонија во Пекинг потпишаа Договор за трговија меѓу двете држави во висина од 20 милијарди американски долари.
1994  Островот Суматра го погодил силен земјотрес во којшто загинале најмалку 200 луѓе.
1994  Република Грција ја затвори границата кон Република Македонија и воведе трговско ембарго кон Република Македонија, ги затвори грчкиот конзулат во Скопје и Солунското пристаниште за Република Македонија. Ембаргото е укинато на 15 октомври 1995 година.
1996  Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Централна и Источна Европа.
2000  Русија и НАТО ги обновија односите, прекинати во 1999 година поради агресијата на Алијансата врз СР Југославија, соопштено е во Москва.
2001  Во близината на селото Танушевци се случила вооружена пресметка меѓу македонската војска и полиција и припадници на „УЧК“.

Родени:

1848  Октав Мирбо — француски писател.
1873  Радое Домановиќ — српски писател.
1877  Исидора Секулиќ — српска писателка.
1912  Крум Тошев — македонски славист.
1926  Џон Шлезингер — англиски режисер и глумец.
1935  Сони Боно — американски пејач и политичар.
1942  Ким Џонг Ил — претседател на Северна Кореја.
1948  Екхарт Толе — германско-канадски духовен учител.
1958  Оскар Шмид — бразилски кошаркар.
1958  Сергеј Фомин — руски математичар.
1959  Благоја Маркоски — македонски географ.
1959  Џон Мекинро — американски тенисер.
1959  Александар Петровиќ — хрватски и југословенски кошаркар и тренер.
1961  Енди Тејлор — англиски поп-музичар, член на групата „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran).
1964  Бебето — бразилски фудбалер.
1970  Владан Лукиќ— српски фудбалер.
1973  Кети Фримен— австралиска атлетичарка.
1979  Валентино Роси — Италијански мотоциклист.
1984  Брент Букволтер — американски велосипедист.
1986  Диего Годин — уругвајски фудбалер.
1986  Карлес Перес — шпански фудбалер.
1988  Андреа Ранокја — италијански фудбалер.
1994  Федерико Бернардески — италијански фудбалер.

Починале:

1391  Јован V Палеологвизантиски цар.
1944  Андон Дуков — македонски партизан во НОБ и сликар.
1917  Октав Мирбо — француски писател.
1990  Кит Харинг — американски сликар.
2014  Лорена Рохас — мексиканска глумица и пејачка.
2019  Бруно Ганц — швајцарски глумец.