1 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Февруари 2024 1 февруари — 32-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 333 денови до крајот на годината (334 во престапна).

Настани:

1883  Почна изградбата на Панамскиот Канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот Канал. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во XIX век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска поддршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар.
1887  Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година.
1924  Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот.
1944  Во близина на селото Мрежичко (мариовско) Втората македонска народноослободителна урадна бригада во текот на целиот ден води борба против бугарската гранична единица. Непријателот има 14 метви војници, 3 ранети и тројца исчезнати војници.
1946  Норвежанецот Тригве Ли е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади.
1996  Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија.
2003  Шатлот „Колумбија“ се распаѓа над небото на Тексас, убивајќи ги сите 7 космонаути.

Родени:

1834  Кузман Шапкарев — македонски собирач на народни песни.
1884  Евгениј Замјатин — руски писател.
1894  Џон Форд — американски режисер и глумец (†1973)
1901  Кларк Гејбл — американски филмски глумец.
1915  Стенли Метјусанглиски фудбалер.
1920  Славка Фиданова — македонски првоборец.
1928  Ѓорѓи Мавродиев — македонски физичар.
1931  Борис Николаевич Елцинруски политичар (†2007).
1933  Светлана Велмар Јанковиќ — српска писателка (†2014).
1939  Екатерина Максимоваруска и советска балерина (†2009)
1948  Рик Џејмс — американски фанк-музичар.
1950  Зоран Калезиќ — српски пејач на народна музика.
1957  Мухамед Џамал Калифасаудиски претприемач и шура на Осама Бин Ладен.
1957  Џеки Шроф — индиjски глумец
1961  Антонио Митриќески — македонски филмски режисер.
1968  Витали Носов — руски и советски кошаркар.
1969  Габриел Батистутааргентински фудбалер.
1968  Оливер Бирхоф — германски фудбалер.
1971  Златко Заховичсловенечки фудбалер.
1972  Кристијан Циге — германски фудбалер.
1979  Хуан — бразилски фудбалер.
1983  Јурген ван ден Брук — белгиски велосипедист.
1984  Дарен Флечер — шкотски фудбалер.

Починале:

1908  Милован Глишиќ — српски писател.
1914  Алберт Гинтер — германско-британски зоолог
1944  Пит Мондријан — холандски сликар и теоретичар.
1966  Бастер Китон — американски филмски глумец и режисер.
1987  Алесандро Блазети — италијански филмски режисер.
2012  Вислава Шимборскаполска поетеса, добитничка на Нобеловата награда за литература.
2020  Енди Гил — британски рок-музичар и продуцент.