Евгениј Замјатин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Евгениј Замјатин (руски: Евге́ний Ива́нович Замя́тин) (1 февруари 1884, Лебедјан - 10 март 1937, Париз) - руски и советски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Евгениј Замјатин

На почетокот, Замјатин бил приврзаник на болшевичкото движење, но по Октомвриската револуција се разочарал од политичките прогони и од злоупотребата на власта. Замјатин се занимавал со математика, бродоградба и книжевност, но себеси се нарекувал „професионален еретик“. Тој бил еден од првите советски дисиденти, а по прогонството од СССР, најпрвин живеел во Англија, а потоа се преселил во Париз, каде умрел во сиромаштија и заборавен од сите.[1] [2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Гробот на Евгениј и Људмила Замјатин

Иако голем дел од животот го поминал во емиграција, сите дела на Замјатин се напишани на руски јазик. По повеќедецениската забрана во родната земја, неговите дела започнале да се објавуваат во Русија дури кон крајот на 1980-тите. Во своите дела Замјатин ги споил влијанијата на класичната руска книжевност и на западната книжевна традиција. По основањето на СССР, тој уживал голем углед во советските книжевни кругови и заземал високи раководни позиции, но подоцна бил прогонет од татковината поради неговиот презир кон „книжевното арамолепство, сервилноста и камелеонството“. Замјатин е автор на поголем број раскази, новели и драми, како и на два романа: „Ние“ (1920) и „Камшикот Божји“ (недовршен).[1] Тој извршил големо влијание врз неколку познати писатели, како: Олдос Хаксли, Курт Вонегат и Џорџ Орвел, а романот „Ние“ се смета за класик на дистописката книжевност и за клучно дело на советската книжевност.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Евгениј Замјатин, Џенем. Скопје: Бегемот, 2016.
  2. Jevgenij Zamjatin, Mi. Beograd: Kosmos izdavaštvo, Podgorica: Nova knjiga, 2017.
  3. Jevgenij Zamjatin, Mi. Beograd: Kosmos izdavaštvo, Podgorica: Nova knjiga, 2017.