1957
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1957 MCMLVII |
Ab urbe condita | 2710 |
Асирски календар | 6707 |
Бахајски календар | 113–114 |
Бенгалски календар | 1364 |
Берберски календар | 2907 |
Будистички календар | 2501 |
Бурмански календар | 1319 |
Византиски календар | 7465–7466 |
Еврејски календар | 5717–5718 |
Ерменски календар | 1406 ԹՎ ՌՆԶ |
Етиопски календар | 1949-1950 |
Игбоански календар | 957–958 |
Ирански календар | 1335–1336 |
Исламски календар | 1376–1377 |
Јапонски календар | Период Шова 32 (32年) |
Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
Кинески календар | 丙申年月日 (4593/4653) — до — 丁酉年月日(4594/4654) |
Коптски календар | 1673–1674 |
Корејски календар | 4290 |
Календар Мингуо | Република Кина 46 民國46年 |
Селевкидски календар | 2268–2269 |
Тајландски сончев календар | 2500 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 2013–2014 |
- Шака самват | 1879–1880 |
- Кали југа | 5058–5059 |
Француски револуционерен календар | CLXV–CLXVI 165–166 |
Холоценски календар | 11957 |
Џуче-календар | 46 |
1957 (MCMLVII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1957. година од новата ера, 957. од вториот милениум, 57. од 20 век и осма од 1950-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7465 и 7466 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6707 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5717 и 5718 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2710.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1957. година се протега во 4593 и 4594, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4653 и 4654 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2500. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1376 и 1377 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- 1 јануари - Сар се приклучи кон Западна Германија
- 22 јануари - Израел се повлекува од Синајскиот Полуостров
- 6 март - Британските колонии Златен Брег и Британски Тоголенд се обединуваат во независната држава Гана
- 25 март - Со Договорот од Рим е основана Европската Економска Заедница
- 25 јули - Тунис станува република
- 29 јули - Основана е Меѓународната агенција за нуклеарна енергија
- 31 август - Федерацијата Малаја добива независност од Британија
- 4 октомври - СССР го лансира Спутник 1, првиот вештачки сателит околу Земјата
- 3 ноември - СССР го лансира Спутник 2, заедно со првото животно што оди во вселената, кучето Лајка
Родени[уреди | уреди извор]
- 19 февруари - Фалко, австриски музичар
- 10 март - Осама бин Ладен, саудиски терорист
- 14 април - Михаил Плетњов, руски пијанист, диригент и композитор
- 19 јуни - Ана Линд, шведски политичар
- 27 јуни - Георги Прванов, бугарски претседател
- 23 јули - Тео ван Гог, холандски режисер
- 24 декември - Хамид Карзаи, авганистански претседател
Починале[уреди | уреди извор]
- 14 јануари - Хамфри Богарт, американски актер
- 9 февруари - Миклош Хорти, унгарски регент
- 2 мај - Џозеф Мекарти, американски сенатор
- 24 јули - Методија Андонов - Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ
- 7 август - Оливер Харди, американски актер
- 24 ноември - Диего Ривера, мексикански сликар
Видете исто:
![]() |
„1957“ на Ризницата ? |