Осама бин Ладен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Осама бин Ладен
أسامة بن لادن
10 март 1957(1957-03-10) – 2 мај 2011(2011-05-02) (на 54 год.)
Latest portrait of Osama bin Laden-2.jpg
Роден во Ер Ријад, Саудиска Арабија
Починал во Аботабад, Пакистан
Преданост Flag of al-Qaeda in Iraq.svg Ал Каеда
Битки/војни Советска војна во Авганистан
Војна против тероризмот:
*Авганистанска војна

Осама бин Мухамед бин Авад бин Ладен (10 март 1957 - 2 мај 2011), (арап. أسامة بن محمد بن عود بن لادن) попознат како Осама бин Ладен (أسامة بن لادن), бил најпознат како водач на Ал Каеда, милитантно исламистичко движење вклучено во напади на цивили и воени објекти насекаде низ светот. Се верува дека тој ги смислил, поттикнал и активно учествувал во нападите на 11 септември, 2001 во Њујорк и Вашингтон во кои загинале најмалку 2.752 лица.

Една од главните жалби на бин Ладен било присуството на американски воени бази во Саудиска Арабија, каде се наоѓаат двете најсвети места на Исламот. САД се повлече од овие бази во 2003, иако не е јасно дали овие одлуки биле планирани пред нападите на 11 септември.

Бин Ладен бил „најбараниот“ човек во светот - постои награда од 50 милиони долари за било каква информација која би овозможила тој да биде фатен. Неговото наоѓалиште долго било непознато, со најпопуларна претпоставка е дека се криел во пакистанскиот племенски регион Вазиристан, на границата со Авганистан, или, попрецизно во близината на пакистанскиот пазарен град Читрал. Шпекулациите каде тој се наоѓал не се ограничуваат на регионот Пакистан/Авганистан, а подоцна американските контраразузнавачки служби сметале дека постои можност тој да се крие во Иран. Во Пакистан, тој најверојатно добивал значајна поддршка од независното племе Вазири. Заедно со негостољубивиот планински терен и несигурноста во соработката со пакистанското контраразузнавања, САД се соочувале со повеќе тешкотии да го фатат и покрај огромниот избор на софистицирани прислушкувачки сензори поставени во регионот.

Вил член на богатата фамилија Бин Ладен. Неговото семејство јавно се одрекло од него во 1994 години, непосредно пред Саудиска Арабија да го поништи неговото државјанство и неколку години пред нападите на 11 септември, 2001 година.

Смрт[уреди]

На 1 мај 2011, претседателот на САД, Барак Обама ја известил јавноста дека бин Ладен е убиен по наредба на САД, во соработка со владата на Пакистан од „мала американска екипа“ на тајна задача во Аботабад, 150 км северно од главниот град Исламабад[1], потврдувајќи ја претходната изјава на властите.[2] Идентитетот е потврден со споредување на ДНК од телото со ДНК од неговата почината сестра.

Наводи[уреди]

  1. Обама објави дека Осама бин Ладен е мртов“, „The Guardian“, 1 мај 2011. (англиски)
  2. Осама бин Ладен, отелотворението на теророт, е убиен во Пакистан“, „CNN.com“, CNN, 1 мај 2011 (конс. 1 мај 2011). (англиски)