31 август

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Август 2016

Шарл Пјер Бодлер (9 април 1821 - 31 август 1867) е еден од најголемите и највлијателните француски поети на деветнаесеттиот век.

31 август е 243-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (244-и во престапна година). Остануваат 122 денови до крајот на годината.

Настани:

1942  Втора светска војна: Започна битката кај Алам ел Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-Италијанската армија, генерал Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.
1957  Федерацијата на Малезија се здоби со независност.
1962  Тринидад и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1983  Во голема сообраќајна несреќа на патот Куманово - Свети Николе загинале 9 лица, меѓу кои и македонската поп пејачка Сашка Петковска и три члена од балетската група Авона.
1992  Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот Парламент во Македонија со седиште во Скопје.

Родени:

1919  Амрита Притам — индиска писателка.
1928  Џејмс Кобурн — американски глумец.
1937  Васко Ташковски — македонски сликар.
1945  Ван Морисон — северноирски рок-музичар.
1949  Ричард Гир — американски глумец.
1955  Едвин Мозес — американски атлетичар.
1970  Никола Груевски — премиер на Македонија.
1975  Сара Рамирез — мексичко-американска глумица.
1984  Мати Брешел — дански велосипедист.
1989  Салваторе Пучо — италијански велосипедист.
1991  Морено Хофланд — холандски велосипедист.

Починале:

577  Јован III Схоластик — константинополски патријарх.
1795  Франсоа-Андре Даникан Филидор — француски шахист.
1867  Шарл Бодлер — француски поет.
1930  Владан Ѓорѓевиќ — српски лекар.
1941  Марина Цветаева — руска поетеса.
1963  Жорж Брак — француски сликар.
1973  Џон Форд — американски филмски режисер.
1983  Сашка Петковска - Липша — македонска пејачка на поп-музика.
1986  Хенри Мур — британски вајар.
1997  Дијана — Принцеза од Велс.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември