23 август
Изглед
23 август — 235-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (236-и во престапна година).
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак девица.
Остануваат 130 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1839 | Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го зазеде Хонгконг кој од 1942 година стана независна колонија. |
| 1866 | Завршува Австриско-пруската војна |
| 1914 | Јапонија ѝ објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата. |
| 1927 | Во Бостон се погубени анархистите Сако и Ванцети, по судскиот процес кој предизвикал доста контроверзии |
| 1939 | Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за „запирање“ на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година. |
| 1948 | Основан е Светскиот совет на црквите. |
| 1952 | Основана е Арапската Лига. |
| 1962 | Американскиот телекомуникациски сателит „Телстар“ за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа. |
| 1975 | Комунистите ја освојуваат власта во Лаос по долга граѓанска војна. |
| 1990 | Ерменија прогласува независност од СССР. |
Родени:
Починале:
| 1806 | Шарл Кулон — француски физичар. |
| 1832 | Јохан Георг Ваглер — германски зоолог. |
| 1926 | Рудолф Валентино — американски глумец. |
| 1987 | Дидје Пирони — француски автомобилист во трките на „Формула 1“. |
| 2006 | Магдолна Хас — унгарска македонистка. |
| 2018 | Екрем Хусеин — македонски балетан. |
| 2025 | Џери Алдер — американски глумец. |