Роберт Солоу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роберт Солоу
Неокејнзијанска економија
Robert Solow by Olaf Storbeck.jpg
Роберт Солоу
Роден август 23 1924 (1924-08-23) (94 г.)
Бруклин, Њујорк, Њујорк, САД
Националност Американец
Установа Масачусетски технолошки институт
Поле макроекономија
Алма матер Харвардски универзитет
Влијанија од Василиј Леонтјев
Пол Семјуелсон
Придонеси Модел Солоу
Награди Медал Џон Бејтс Кларк (1961)
Нобелова награда за економија (1987)
Национален научен медал (1999)
Претседателски медал на слободата (2014)
Информации на IDEAS/RePEc

Роберт Мертон Солоу (англиски: Robert Merton Solow; р. 23 август 1924) — американски економист, особено познат по неговата работа на теоријата на економски раст, која кулминирала во Модел Солоу. Го добил медалот „Џон Бејтс Кларк“ (1961), Нобеловата награда за економија (1987) и Претседателскиот медал на слободата (2014).

Биографија[уреди | уреди извор]

Роберт Солоу е роден во Бруклин, Њујорк, во еврејско семејство на 23 август 1924 година, како најстаро од трите деца. Бил добро образуван во соседното јавно училиште.[1] Во септември 1940 година, Солоу се запишал на Харвард со стипендија на возраст од 16 години. На Харвард, негови први студии биле социологија и антропологија, како и основи на економијата.

До крајот на 1942 година, Солоу го напуштил универзитетот и се приклучил на американската армија. Кратко служел во Северна Африка и на Сицилија, а подоцна служел во Италија во текот на Втората светска војна додека не бил распуштен во август 1945 година.[1]

Се вратил на Харвард во 1945 година и студирал под водство на Василиј Леонтјев. Како негов истражувачки асистент ги направил првите капитални коефициенти за моделот инпут-аутпут. Тогаш станал заинтересиран за статистиката и веројатноста. Во периодот 1949–50 година поминал една година на Универзитетот Колумбија, каде интензивно ја изучувал статистиката. Во текот на таа година исто така работел на неговата докторска теза, истражувачки обид да направи модел за промените во распределбата на големината на доходот на платите користејќи интерактивен Марков процес за вработеност-невработеност и стапките на плати.[1]

Во 1949 година, некое време да замине на Колумбија му било понудено и прифатил да биде асистент на економската катедра на Масачусетскиот технолошки институт. На МИТ предавал статистика и економетрија. Интересот на Солоу постепено се менувал кон макроекономијата. Скоро 40 години, Солоу и Пол Семјуелсон работеле заедно на многу значајни теории: теоријата на раст Фон Нојман (1953), теоријата на капитал (1956), линеарно програмирање (1958) и Филипсовата крива (1960).

Исто така, Солоу имал неколку владини позиции, вклучувајќи главен економист на Советот на економски советници (1961–62) и член на претседателската комисија на одржување на доходот (1968–70). Неговите студии главно биле насочени на полето на вработеноста и политиките за раст и теоријата на капитал.

ВО 1961 година го добил медалот Џон Бејтс Кларк на Американската економска асоцијација, доделуван на најдобрите економист под 40 години. Во 1979 година бил претседател на таа асоцијација. Во 1987 година ја добил Нобеловата награда за економија за неговата анализа на економскиот раст[1], а во 1999 година го добил Националниот научен медал. Во 2011 година станал почесен доктор на Универзитетот Тафтс.

Солоу е основач на фондацијата Курнот и на центарот Курнот. По смртта на неговиот колега Франко Модилјани, Солоу прифатил да биде претседавач на институтот ИСЕО, италијанска непрофитна културна асоцијација, која организира меѓународни конференции и летни школи. Тој е основач на Економисти за мир и безбедност.

Студенти на Солоу се: добитникот на Нобеловата награда од 2010 година Питер Дајамонд, како и Мајкл Ротшајлд, Халберт Вајт, Чарли Бин и Мајкл Вудфорд. Се нашол на 23. место помеѓу економистите во однос на силата на економистите кои учеле кај него.[2][3]

Економски придонеси[уреди | уреди извор]

Моделот на Солоу за економскиот раст, често нарекуван неокласичен модел за раст Солоу-Свон, како модел бил самостојано откриен од Тревор Свон и објавен во „The Economic Record“ во 1956 година, дава детерминантите на економскиот раст да биде одвоени во зголемувања на инпутите (труд и капитал) и технолошкиот напредок. Користејќи го неговиот модел, Солоу (1957) пресметал дека околу четири петтина од растот на американскиот производ по работник доаѓал од технолошкиот напредок.

Бил Клинтон му го дава Националниот научен медал на Солоу во 1999 година

Солоу бил првиот кој развил модел за раст со различни квалитети на капитал.[4] Идејата зад моделот на Солоу е дека новиот капитал е повреден отколку стариот капитал, бидејќи новиот капитал е произведен преку позната технологија. Во рамките на ограничувањата на моделот на Солоу, оваа позната технологија се претпоставува дека постојано се подобрува. Подоцна, производите на оваа технологија (новиот капитал) се очекува да бидат попродуктивни, како и повредни.[4] Идејата лежела прикриена некое време. Успешно била истуркана напред во подоцнежното истражување од Џереми Гринвуд, Зви Херковиц и Пер Крузел (1997), кои тврделе дека секуларното опаѓање на цените на капиталните добра можеле да се искористат за отелотворување на технолошкиот напредок. Тие исковале поим инвестициски технолошки напредок, а Солоу (2001) одобрил. Обајцата Пол Ромер и Роберт Лукас подоцна развиле алтернативи на неокласичниот модел на раст на Солоу.[4]

Од иницијалното дело на Солоу во 1950-тите биле предложени многу пософистицирани модели на економски раст, доведувајќи до различни заклучоци околу причините за економски раст. Во 1980-тите напорите биле насочени на улогата на технолошкиот напредок во економијата, доведувајќи до развој на теоријата за егзоген раст (или нова теорија на раст). Денес, економистите ги користат изворите на раст на Солоу пресметувајќи ги одвоените ефекти на економскиот раст на технолошкиот напредок, капитал или труд.[4]

Солоу, моментално е професор на економската катедра на МИТ, а претходно предавал на Универзитетот Колумбија.

Публикации[уреди | уреди извор]

  • Солоу, Роберт. Придонес кон теоријата за економски раст. „Quarterly Journal of Economics“ (The MIT Press) том  70 (1): 65–94 [1]. doi:10.2307/1884513. 
  • Солоу, Роберт. Технолошка промена и функција на вкупното производство. „Review of Economics and Statistics“ (The MIT Press) том  39 (3): 312–320. doi:10.2307/1926047. 
  • Линеарно програмирање и економска анализа. Њујорк: McGraw-Hill. 1958. 
  • Солоу, Роберт (1960), "Инвестиции и технолошки напредок", Во Ароу, Кенет; Карлин, Семјуел; Суп, Патрик, Математички модели во општествените науки, 1959: Оценки на првиот симпозиум на Стенфорд, Stanford mathematical studies in the social sciences, IV, Стенфорд, Калифорнија: Stanford University Press, стр. 89–104, ISBN 9780804700214. 
  • Галбрејт, Џон Кенет (1967). Новата индустрија држава или син на влијание. Индијанополис: Bobbs-Merrill. 
  • Солоу, Роберт. Економија на ресурси или ресурси на економијата. „The American Economic Review“ (American Economic Association) том  64 (2): 1–14. 
  • Солоу, Роберт, (2001). „По технолошкиот напредок и функцијата на вкупното производство“. во: Hulten, C., Dean, E.R., Harper,

M.J. (Eds.), New Developments in Productivity Analysis. The University of Chicago Press, Чикаго, IL, стр. 173–178.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Роберт М. Солоу - Автобиографија“. Nobelprize.org. 23 август 1924. http://nobelprize.org/nobel_prizes/economics/laureates/1987/solow-autobio.html. посет. 16 март 2010 г. 
  2. „RePEc Genealogy page for Robert M. Solow“. Research Papers in Economics (RePEc). https://genealogy.repec.org/pages/pso18.html. посет. 1 ноември 2014 г. 
  3. „Top 5% Authors, as of September 2014: Strength of Students“. Research Papers in Economics (RePEc). https://ideas.repec.org/top/top.person.students.html#pso18. посет. 1 ноември 2014 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Haines, Joel D.; Sharif, Nawaz M.. A framework for managing the was attributable to technical progress. sophistication of the components of technology for global competition. „Competitiveness Review“ том  16 (2): 106–121. doi:10.1108/10595420610760888. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]