Прејди на содржината

Морис Але

Од Википедија — слободната енциклопедија
Морис Але
Валрасова економија
Морис Але
Роден31 мај 1911(1911-05-31)
Париз, Франција
Починал9 октомври 2010(2010-10-09) (возр. 99)
Сен Клу[1], Франција
НационалностФранцузин
Полемакроекономија
бихевиористичка економија
Алма матерПолитехничка школа
Горна школа Париз
Влијанија одЛеон Валрас
Ирвинг Фишер
Вилфредо Парето
Влијаел врзЖерар Дебре
Едмон Малинво
ПридонесиМодел на прескокнување генерации
Златно правило на оптимален раст
Трансакциска потреба за пари
Алеов парадокс
НаградиНобелова награда за економија (1988)
Информации на IDEAS/RePEc

Морис Феликс Шарл Але (француски: Maurice Félix Charles Allais; 31 мај 1911 во Париз9 октомври 2010 во Сен Клу) — француски економист и добитник на Нобеловата награда за економија во 1988 година „за неговите пионерски придонеси кон теоријата на пазарите и ефикасната употреба на ресурсите“.

Економист

[уреди | уреди извор]

Роден во Париз, Франција, Але го посетувал јавното училиште Лисе Лаканал, дипломирал на Политехничката школа во Париз, а студирал на Горната школа Париз. Неговите академски и неакадемски работни места биле професор по економија на Горната школа Париз (од 1944 година) и директор на Центарот за економска анализа (од 1946 година). Во 1949 година добил титула доктор-инженер од Парискиот универзитет. Држел и наставни места во други институции, вклучувајќи го Универзитетот Париз X-Нантер и Институтот за меѓународни и развојни студии.

Како економист направил придонеси кон теоријата на одлучување, монетарната политика и други области. Немал желба да пишува или да ги преведува своите трудови на англиски јазик и многу од неговите поголеми придонеси станале познати за преовладувачката англиска научна заедница, дури кога биле самостојно откриени или популаризирани од англиски економисти. На пример, во едно од неговите главни дела, Économie et Intérêt (1947), прв го вовел моделот на прескокнување генерации (подоцна популаризиран од Пол Семјуелсон во 1958 година), воведувајќи го златното правило за оптимален раст (подоцна популаризано од Едмунд Фелс) или опишувајќи го правилото за трансакциска потреба за пари (подоцна пронајдено во работата на Вилијам Бомол).[2] Исто така бил еден од првите кои твореле во бихевиористичката економија, која во САД главно е водена од Даниел Канеман и Амос Тверски.[3]

Але присуствувал на првиот состанок на друштвото Мон Пелерен, но сам помеѓу присутните, одбил да потпише изјава за целите поради несогласување со правата на сопственост.[4]

Неговото име е особено поврзувано со она што е денес познато како Алеов парадокс, проблем на одлучување кој првпат го прикажал во 1953 година, кој се спротивставува на хипотезата на очекувана корисност.

Во 1992 година, Морис Але го критикувал Мастришкиот договор за неговото претерано нагласување на слободната трговија. Исто така, се оградил од единствената европска валута. Во 2005 година изразил слично мислење во врска со најавениот европски устав.

Теорија на одлучување

[уреди | уреди извор]

Во текот на 1940-тите, Але станал заинтересиран за теоријата на избор при нејаснотии и развил теорија на кардинална корисност. Бидејќи воените услови и неговата желба да објавува на француски јазик, овој труд бил во изолација од тие на Џон фон Нојман и Оскар Моргенстерн, чии теории на игрите и економското однесување го вклучуле развојот на теоријата на очекувана корисност.

Негов интерес во физиката

[уреди | уреди извор]

Покрај неговата кариера во економијата, Морис Але изведувал опити помеѓу 1952 и 1960 година на полето на гравитацијата, специјалната релативност и електромагнетизмот, со цел да истражи можни врски помеѓу овие полиња. Забележал три ефекти:

  1. Неочекуван ефект на аномалија во аглестата брзина во состојба на осцилација на параконикално нишало, забележан помеѓу двете сончеви елипис во 1954 и 1959 година. Овој ефект денес е нарекуван Алеов ефект.
  2. Нерегуларни аномалии во осцилацијата на параконикалното нишало, со периодичност од 24 часа и 50 минути, што кореспондира со месечевиот ден.
  3. Нерегуларни аномалии во оптичките мерења, со истите месечеви периодичности.

Низ годините, бројни опити со нишало биле изведувани од научници низ целиот свет со цел да ги проверат овие пронајдоци. Меѓутоа, резултатите биле различни.[5]

Але умрел на 9 октомври 2010 година во неговиот дом близу Париз на 99 години.[6]

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Les Lignes directrices de mon œuvre, Conférence Nobel prononcée devant l'Académie royale des Sciences de Suède[мртва врска];
  • À la recherche d'une discipline économique (1943) ;
  • Économie pure et rendement social (1945) ;
  • Abondance ou misère (1946) ;
  • Économie et intérêt, (1947) ;
  • La Gestion des houillères nationalisées et la théorie économique (1949) ;
  • Le Comportement de l’homme rationnel devant le risque: critique des postulats et axiomes de l’école américaine (1953) ;
  • Les Fondements comptables de la macro-économique (1954) ;
  • L'Europe unie, route de la prospérité (1959) ;
  • Le Tiers monde au carrefour (1961) ;
  • L'Algérie d'Evian (1962);[7]
  • The Role of Capital in Economic Development (Rôle du capital dans le développement économique) (1963) ;
  • Reformulation de la théorie quantitative de la monnaie (1965) ;
  • Growth Without Inflation (Croissance sans inflation) (1967) ;
  • La Libéralisation des relations économiques internationales – Accords commerciaux ou intégration économique (1970) ;
  • L'Inflation française et la croissance – Mythologies et réalité (1974) ;
  • L'Impôt sur le capital et la réforme monétaire (1976) ;
  • La Théorie générale des surplus (1978) ;
  • Les Conditions monétaires d'une économie de marchés (1987) ;
  • Autoportrait (1989) ;
  • Pour l'indexation (1990) ;
  • Les Bouleversements à l’Est. Que faire? (1990) ;
  • La Théorie générale des surplus et l'économie de marchés" (1990 – trois mémoires de 1967, 1971, 1988) ;
  • Contributions à la théorie générale de l'efficacité maximale et des surplus (1990 – quatre mémoires de 1964, 1965, 1973 et 1975) ;
  • Pour la réforme de la fiscalité[8] (1990) ;
  • L'Europe face à son avenir. Que faire? (1991) ;
  • Erreurs et impasses de la construction européenne (1992) ;
  • Combats pour l'Europe. 1992–1994 (1994) ;
  • La Crise mondiale aujourd'hui (Clément Juglar, 1999) ;
  • Nouveaux combats pour l'Europe. 1995–2002 (2002) ;
  • L'Europe en crise. Que faire? (2005) ;
  • La Mondialisation, la destruction des emplois et de la croissance, l'évidence empirique (Ed. Clément Juglar, 2007 - ISBN 978-2-908735-12-3) ;
  • Lettre aux Français – CONTRE LES TABOUS INDISCUTÉS Архивирано на 18 јануари 2012 г. (2009).
  1. [1]
  2. Страница на историја на економската мисла. Homepage.newschool.edu. 4 јули 2011.
  3. John Kay, Financial Times, 25 August 2010 p 9.
  4. http://econjwatch.org/ancillary/IPEL.html
  5. [n]. Science.nasa.gov. Посетено на 2011-07-04.
  6. „French Nobel prize winner Maurice Allais dies in Paris“. BNO News. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 10 октомври 2010.
  7. Réédition avec une nouvelle préface de Maurice Allais et son discours du 6 mars 1999 : Les Harkis un impérieux devoir de mémoire
  8. André-Jacques Holbecq, Résumé synthétique de l'ouvrage « Pour la réforme de la fiscalité » Архивирано на 16 јули 2012 г., societal, 2009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: