Артур Луис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Артур Луис
Arthur Lewis (Nobel photo).jpg
Сер Вилијам Артур Луис
РоденВилијам Артур Луис
23 јануари 1915(1915-01-23)
Кастри, Света Луција, Британски Заветрени Острови
Починал15 јуни 1991(1991-06-15) (воз. 76 г.)
Сент Мајкл, Барбадос
НационалностСвета Луција, Обединето Кралство
Полињаекономија
УстановиЛондонска економска школа (1938–1948)
Манчестерски универзитет (1948–1958)
Универзитет Западни Инди (1959–1963)
Универзитет Принстон (1963–1991)
ОбразованиеЛондонска економска школа
Теза„економијата на лојалните договори“ (1940)
Докторски менторАрнолд Плант
Познат поразвојна економија
индустриско учество
историја на светската економија
Поважни наградиНобелова награда за економија (1979)
СопружникГлејди Џејкобс Луис (в. 1947), 2 ќерки[1]

Сер Вилијам Артур Луис (англиски: Sir William Arthur Lewis; 23 јануари 191515 јуни 1991) — светолуциски економист, најмногу познат по неговите придонеси на полето на развојната економија. Во 1979 година ја добил Нобеловата награда за економија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Артур Луис е роден во Кастри, Света Луција, тогаш сè уште дел од Британските Заветрени Острови, како четврто од петте деца на Џорџ и Ида Луис. Неговите родители се преселиле од Антигва кратко по почетокот на новиот век.[2] Џорџ Луис умрел кога Артур наполнил седум години и Ида сама ги пораснала петте деца. Артур бил надарен ученик и прескокнал две одделенија.[3] По завршувањето на училиштето на 14 години, Луис работел како службеник, додека чекал да го полага приемниот испит на универзитетот. Во текот на ова време станал пријател со Ерик Вилијамс, идниот прв премиер на Тринидад и Тобаго, и двајцата останале доживотни пријатели.[4]

Откако ја добил дипломата во 1937 година и докторатот во 1940 година на Лондонската економска школа, Луис работел како член на Лондонската економска школа до 1948 година. Во 1947 година се оженил со Глејдис Џејкобс и заедно имале две ќерки.

Таа година бил избран за предавач на Манчестерскиот универзитет и се преселил таму со неговото семејство. Предавал во Манчестер до 1957 година. Во ова време развил некои од најважните концепти околу шаблоните за капитал и надници во земјите во развој. Особено станал познат по неговите придонеси во развојната економија, големиот интерес како поранешните колонии добивале независност од европските земји.

Кога Гана добила независност во 1957 година, владата го назначила Луис како нивен прв економски советник. Им помогнал да го направат првиот петгодишен развоен план (1959–1963).[5]

Во 1959 година, Луис се вратил на Карибите, кога бил назначен за продекан на Универзитетот Западни Инди. Во 1963 година бил прогласен за витез за неговите придонеси во економијата.

Таа година исто така станал универзитетски професор на Универзитетот Принстон и се преселил во САД. Луис работел на Принстон следните две децении, предавајќи до неговото пензионирање во 1983 година. Во 1970 година, Луис бил избран за прв претседател на Карипската развојна банка.

Луис ја добил Нобеловата награда за економија во 1979 година, која ја поделил со Теодор Шулц.[2]

Умрел на 15 јуни 1991 година. Бил погребан на посед на колеџот наречен во негова чест.

Наследство и почести[уреди | уреди извор]

  • Колеџ Артур Луис, Света Луција, именуван во негова чест
  • Зграда Артур Луис (отворена во 2007 година) на Манчестерскиот универзитет, каде предавал неколку години пред владините позиции.

Клучни трудови[уреди | уреди извор]

Луисов модел[уреди | уреди извор]

Луис ја објавил во 1954 година можеби највлијателната статија за развојната економија, „Економскиот развој со неограничени ресурси на труд“. Во оваа публикација објаснил нешто што ќе биде наречен двоен секторски модел, или „Луисов модел“.

Луис комбиниран анализа на историското искуство на развиените земји со средишните идеи на класичните економисти за да добие широка слика на развојниот процес. Во неговата теорија, „капиталистичкиот“ сектор се развива преку земање труд од некапиталистичкиот назаден сектор. Во раната фаза на развојот, „неограничената“ понуда на труд од назадната економија означува дека капиталистичкиот сектор може да се шири некои време без да растат надниците. Ова доведува до повисоки поврати на капитал, кои повторно се инвестираат во капитална акумулација. Така, зголемувањето на капиталот доведува „капиталистите“ да го зголемуваат вработувањето преку повлекување дополнителен труд од назадувачкиот сектор. Од претпоставките на моделот (на пример, дека профитите се реинвестираат и дека капиталната акумулација не се заменува со обучен кадар во производството), процесот станува самоодржлив и доведува со осовременување и економски развој.[6][7]

Точката на која вишокот на труд во назадувачкиот сектор е целосно апсобиран во современиот сектор и кога понатамошната капитална акумулација започнува да ги зголемува надниците, понекогаш е наречена Луисова пресвртна точка. Неодамна било многу дискутирано во контекст на економскиот развој на Кина.[8]

Теорија на економски раст[уреди | уреди извор]

Луис ја објавил „Теоријата на економски раст“ во 1955 година во која се обидел да „обезбеди соодветна рамка за изучување на економскиот развој“, поттикната од комбинација на „љубопитност и практична потреба“.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Луис, В. Артур" (PDF). Fraser – Federal Reserve Bank of St. Louis. конс. 3 јануари 2013. 
  2. 2,0 2,1 "The Sveriges Riksbank Prize in Economic Sciences in Memory of Alfred Nobel 1979", Nobel in Economics, 1979, 5 јануари 2011
  3. Tignor, pp. 7–8
  4. Tignor, pp. 11–13
  5. Felix Brenton, "Sir (William) Arthur Lewis (1915–1991)", Black Past website
  6. Lewis, W. Arthur (1954). "Economic Development with Unlimited Supplies of Labor," Manchester School of Economic and Social Studies, Vol. 22, pp. 139–91
  7. 7,0 7,1 Leeson, P. F. and Nixson, F. I. (2004)" Development economics in the Department of Economics at the University of Manchester", Journal of Economic Studies, Glasgow, Vol. 31, Iss. 1; p. 6
  8. China Reaches Turning Point as Inflation Overtakes Labor“, „Bloomberg“, 11 јуни 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]