Бертил Олин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бертил Олин
Bertil Ohlin.jpg
Министер за трговија
На должноста
1944–1945
Премиер Пер Албин Хансон
Претходник Херман Ериксон
Наследник Гунар Мирдал
Претседател на Народна партија
На должноста
1944–1967
Претходник Густаф Андерсон
Наследник Свен Веден
Член на Риксдагот
за Општина Стокхолм
На должноста
1938–1970
Лични податоци
Роден(а) 23 април 1899(1899-04-23)
Клипан, Сконе
Починал(а) 3 август 1979(1979-08-03) (воз. 80 г.)
Оре, Јемтланд
Националност Шведска
Партија Народна партија
Установа B.A. Лундски универзитет (1917)
M.A. Харвард (1923)
Ph.D. Стокхолмски универзитет (1924)
Бертил Олин
Полињаекономија
УстановиКопенхагенски универзитет (1925–1930)
Стокхолмска економска школа (1930–1965)
Докторски менторГустав Касел
Познат поХекшер-Олинов закон
Хекшер-Олинова теорема
Поважни наградиНобелова награда за економија (1977)

Бертил Готхард Олин (шведски: Bertil Gotthard Ohlin; 23 април 18993 август 1979) — шведски економист и политичар. Бил професор по економија на Стокхолмската економска школа од 1929 до 1965 година. Исто така бил претседател на Народната партија, социјаллиберална партија која во тоа време била најголема партија во опозиција на владејачката Социјалдемократска партија, од 1944 до 1967 година. Кратко бил министер за трговија од 1944 до 1945 година во коалициската влада во текот на Втората светска војна.

Името на Олин се сретнува во еден од стандардните математички закони на меѓународната слободна трговија, Хекшер-Олинов закон, кој го развил заедно со Ели Хекшер. Ја поделил нобеловата награда за економија во 1977 година заедно со британскиот економист [[Џејмс Мид] „за нивниот придонес кон теоријата за меѓународна трговија и и меѓународниот биланс на плаќање“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Лундскиот универзитет во 1917 година, а магистрирал на Стокхолмската економска школа во 1919 година. Исто така, магистрирал и на Харвард во 1923 година и докторирал на Стокхолмскиот универзитет во 1924 година. Во 1925 година станал професор на Копенхагенскиот универзитет. Во 1929 година дебатирал со Џон Мајнард Кејнс, спротивставувајќи му се на погледот за последиците од тешките воени репарации на кои била изложена Германија.[1] Дебатата била важна во современата теорија на унилатералниот девизен пазар.

Во 1930 година, Олин го наследил Ели Хекшер, негов професор, како професор на економија, на Стокхолмската економска школа. Во 1933 година, Олин објавил труд со кој станал светски познат, „Меѓурегионална и меѓународна трговија“. Тука, Олин ја поставил економската теорија за меѓународната трговија од поранешните дела на Хекшер и неговата сопствена докторска дисертација. Сега е позната како Хекшер-Олинов закон, еден од стандардните закони за слободната трговија.

Законот бил пробив бидејќи покажал како компаративната предност може да е поврзан со генералните карактеристики на државниот капитал и труд и како овие карактеристики може да се променат со време. Законот обезбедил основа за подоцнежниот труд на ефектите на заштита на реалните надници и бил потребен во предвидувањата и анализата на производството; самиот Олин го користел законот за да ја изведе Хекшер-Олиновата теорема, со која вели дека државите треба да се насочат во индустриите каде најефикасно може да ги искористат своите национални ресурси. Денес, теоријата е главно отфрлена, иако сè уште се користи како рамка за разбирање на меѓународната трговија.

Подоцна, Олин и други членови на „Стокхолмската школа“ ги прошириле економските анализи на Кнут Виксел за да направат макроекономска теорија со влијание на кејнзијазам.

Олин бил предводник на либералната Народна партија од 1944 до 1967 година, главната опозициска партија на Социјалдемократската влада, а од 1944 до 1945 година бил министер за трговија во владата во текот на војната. Неговата ќерка Ане Вибле, од истата партија, била министер за финансии од 1991 до 1994 година.

Во 2009 година, улица во близина на Стокхолмската економска школа, била именувана по Олин (Bertil Ohlins Gata).

Хекшер-Олинова теорема[уреди | уреди извор]

Хекшер-Олиновата теорема, која произлегува од Хекшер-Олиновиот закон за меѓународната трговија, наведува: трговијата помеѓу државите е во сооднос на нивните релативни износи на капитал и труд. Во државите со преголем капитал, платите одат нагоре; затоа, трудоинтензивните индустрии, на пр. текстилната, електрониката итн., се поскапи да се произведуваат во земјата. Спротивно, капиталноинтензивните индустрии, на пр. автомобилската, хемиската итн., се поевтини да се произведуваат во земјата. Државите со големи износи на капитал ќе извезуваат капиталноинтензивни производи и ќе увезуваат трудоинтензивни производи. Државите со големи износи на труд ќе го прават спротивното.

Притоа, следниве услови мора да бидат точни:

  • Поголемите фактори на производство, труд и капитал, не се достапни во ист сооднос во обете земји.
  • Двете произведени добра побаруваат или повеќе капитал или повеќе труд.
  • Трудот и капиталот не се движат повеќе двете држави.
  • Не постојат трошоци поврзани со превозот на добрата помеѓу државите.
  • Граѓаните на двете трговски земји имаат исти потреби.

Теоријата не зависи од вкупните износи на капитал или труд, туку на износите по работник. Ова дозволува малите земји да тргуваат со големите земји специјализирајќи во производство на производи кои користат фактори кои се подостапни отколку кај трговскиот партнер. Клучната претпоставка е дека капиталот и трудот не се достапни во ист сооднос во двете земји. Ова доведува до специјализација, која ја користи економската благосостојба на земјата. Колку е поголема разликата помеѓу двете земји, поголема е добивката од специјализацијата.

Василиј Леонтјев направил студија на теоријата која ја соборува. Забележал дека Соединетите Американски Држави имаат многу капитал; затоа, треба да извезуваат капиталноинтензивни производи и да увезуваат трудоинтензивни производи. Наместо тоа, пронашол дека извезувале производи кои побаруваат повеќе труд отколку производите кои ги извезуваат. Ова е наречена Леонтев парадокс.

Значајни публикации[уреди | уреди извор]

Interregional and international trade, 1933

Извори[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кејнс предвидел војна предизвика од тешкотиите со долгот, додека Олин мислел дека Германија може да си ги дозволи репарациите.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Партиски функции
Претходник
Густаф Андерсон
Претседател на Народната партија
1944–1967
Наследник
Свен Веден
Политички функции
Претходник
Херман Ериксон
Министер за трговија
1944–1945
Наследник
Гунар Мирдал