Џејмс Мирлис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џејмс Мирлис
Роден 5 јули 1936 (1936-07-05) (воз. 81 г.)
Минигаф, Шкотска, Обединето Кралство
Националност Британец
Установа Кинески универзитет Хонг Конг
Оксфордски универзитет
Кембрички универзитет
Универзитет Макао
Поле политичка економија
Алма матер Единбуршки универзитет
Тринити колеџ (Кембриџ)
Влијаел врз Иван Вернинг, Џозеф Стиглиц, Хју Диксон
Награди Нобелова награда за економија (1996)
Информации на IDEAS/RePEc

Сер Џејмс Александер Мирлис FRSE FBA (англиски: Sir James Alexander Mirrlees; р. 5 јули 1936) — шкотски економист и добитник на Нобеловата награда за економија во 1996 година. Бил прогласен за витез во 1998 година.

Роден во Минигаг, Шкотска, Мирлис бил образуван на Единбуршкиот универзитет (диплома по математика и природна филозофија во 1957 година) и Тринити колеџ во Кембриџ (математика и докторат во 1964 година со тезата „Оптимално планирање за динамична економија“), каде бил многу активен во студентските дебати. Еден современик, Квентин Скинер, изјавил дека Мирлис бил член на Кембричките апостоли, заедно со нобеловецот Амартја Сен во текот на тоа време. Помеѓу 1968 и 1976 година, Мирлис бил три пати визитинг-професор на Масачусетскиот технолошки институт.[1] Предавал на Оксфордскиот универзитет (1969–1995) и Кембричкиот универзитет (1963– и 1995–).

За време на Оксфорд, објавил трудови за економските модели за кои на крајот ја добил неговата Нобелова награда. Биле насочени на ситуации во кои економската информација е асиметрична или нецелосна, одредувајќи го опсегот до кој треба да влијаат на оптималната стапка на штедење во економијата. Помеѓу други резултати, ги покажале принципите на „морален хазард“ и „оданочување на оптималниот доход“ дискутирани во книгите на Вилијам Викри. Методологијата оттогаш станала стандардна во полето.

Мирлис и Викри ја поделиле Нобеловата награда за економија во 1996 година „за нивните фундаментални придонеси кон економската теорија на стимулации при астиметрични информации“.

Мирлис е исто така сосоздавач, со професорот Питер Дајамонд на Теоремата за ефикасност „Дајамонд-МИрлис, развиена во 1971 година.[2]

Мирлис е пензиониран професор по политичка економија на Кембричкиот универзитет и член на колеџот Тринити. Поминувал неколку месеци во годината на Мелбурнскиот универзитет, Австралија. Моментално е визитинг-професор на Кинескиот универзитет Хонг Конг, како и на Универзитетот Макао. Во 2009 година бил назначен за основачки член на колеџот Морнингсајд на Кинескиот универзитет Хонг Конг.

Мирлис е член на шкотскиот Совет за економски советници. Го предводи и The Mirrlees Review, извештај за британскиот даночен систем.

Негови студенти биле познати академици и политичари Парта Дасгупта, Хју Диксон, Николас Стерн, Антони Венабл и Џон Викерс.

Публикации[уреди | уреди извор]

  • „A New Model of Economic Growth“ (со Калдор), RES, 1962
  • „Optimum Growth When Technology is Changing“, RES, 1967
  • „The Dynamic Nonsubstitution Theorem“, RES, 1969
  • „The Evaluation of National Income in an Imperfect Economy“, Pakistan Development Review, 1969
  • Manual of Industrial Project Analysis in Developing Countries, Vol II: Social Cost Benefit Analysis (со Литл), 1969
  • „An Exploration in the Theory of Optimum Income Taxation“, RES, 1971
  • „Optimal Taxation and Public Production I: Production Efficiency„ (со Дајамонд), AER, 1971
  • „Optimal Taxation and Public Production II: Tax Rules“ (со Дајамонд), AER, 1971
  • „The Terms of Trade: Pearson on Trade, Debt, and Liquidity“, во The Widening Gap (ур. Барбара Ворд), 1971)
  • „On Producer Taxation“, RES, 1972
  • „Further Reflections on Project Analysis“ (со Литл), Development and Planning. Essays for Paul Rosenstein-Rodan, 1972
  • „Fairly Good Plans“ (со Стерн), Journal of Economic Theory, 1972
  • „Aggregate Production with Consumption Externalities“ (со Дајамонд), QJE, 1973
  • „The Optimum Town“, Swedish Journal of Economics, 1972
  • „Population Policy and the Taxation of Family Size“, Journal of Public Economics, 1972
  • Project Appraisal and Planning for Developing Countries (со Литл), 1974
  • „Optimal Accumulation under Uncertainty: the Case of Stationary Returns to Investment“, во Allocation under Uncertainty (ур. Дрезе), 1974
  • „Notes on Welfare Economics, Information and Uncertainty“, во Essays in Equilibrium Behavior under Uncertainty (ур. Балк, Мекфаден и Ву), 1974
  • „Optimal Taxation in a Two-Class Economy“, Journal of Public Economics, 1975
  • „Optimum Saving with Economies of Scale“ (со Диксит и Стерн), RES, 1975
  • „A Pure Theory of Underdeveloped Economies, using a Relationship between Consumption and Productivity“, во Agriculture in Development Theory (ур. Рејнолдс), 1975
  • „The Desirability of Natural Resource Depletion“ (со Кеј), во The Economics of Natural Resource Depletion (ур. Пирс), 1975
  • „The Optimal Structure of Incentives and Authority within an Organization“, Bell Journal of Economics and Management Science, 1976
  • „On the Assignment of Liability: the Uniform Case“ (со Дајамонд), Bell Journal of Economics, 1975
  • „Private Constant Returns and Public Shadow Prices“ (со Дајамонд), RES, 1976
  • „Optimal Tax Theory: A Synthesis“, Journal of Public Economics, 1976
  • „Implications for Tax Rates“, во Taxation and Incentives, 1976
  • „Arguments for Public Expenditure“ во Contemporary Economic Analysis (ур. Артис и Нобеј), 1979
  • „Social Benefit-Cost Analysis and the Distribution of Income“, World Development, 1978
  • „A Model of Optimal Social Insurance with Variable Retirement“ (со Дајамонд), Journal of Public Economics, 1978
  • „The Economic Uses of Utilitarianism", in Utilitarianism and Beyond (ур. Сен и Вилијамс), 1982
  • „Optimal Taxation in a Stochastic Economy: A Cobb-Douglas Example“ (со Дајамонд и Хелмс), Journal of Public Economics, 1980
  • „The Theory of Optimum Taxation“, Handbook of Mathematical Economics (ур. Ароу и Интрилигатор), Vol.III, 1985
  • „Optimal Foreign-income taxation“, Journal of Public Economics, 1982
  • „Insurance Aspects of Pensions“ (со Дајамонд), во Pensions, Labor and Individual Choice (ур. Вајс), 1985
  • „Payroll-tax financed social insurance with variable retirement“ (со Дајамонд), Scandinavian Journal of Economics, 1986
  • „Taxing Uncertain Incomes“, Oxford Economic Papers, 1990
  • „Project Appraisal and Planning Twenty Years On“ (со Литл), во Proceedings of the World Bank Annual Conference on Development Economics 1990 (ур. Стенли Фишер, Денис де Треј и Шехар Ша), 1991
  • „Optimal Taxation of Identical Consumers when markets are incomplete“ (со Дајамонд), во Economic Analysis of Markets and Games (ур. Дасгупта, Гејл, Харт и Маскин), 1992
  • „Optimal Taxation and Government Finance“ во Modern Public Finance (ур. Квигли и Смоленски), 1994
  • „Welfare Economics and Economies of Scale“, Japanese Economic Review, 1995
  • „Private Risk and Public Action: The Economies of the Welfare State“, European Economic Review, 1995

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Џејмс Мирлис - Биографија“. Nobelprize.org. http://nobelprize.org/nobel_prizes/economics/laureates/1996/mirrlees-cv.html. конс. 29 октомври 2013 г. 
  2. Peter A. Diamond and James A. Mirrlees (1971). "Optimal Taxation and Public Production I: Production Efficiency," American Economic Review

Надворешни врски[уреди | уреди извор]