Жан Тирол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жан Тирол
Jean Tirole
Jean Tirole.jpg
Жан Тирол во 2007 година
Роден 9 август 1953 (1953-08-09) (воз. 63 г.)
Троа, Франција
Националност Французин
Установа Економска школа Тулуза
Виша школа за општествените науки
Поле
Алма матер Масачусетски технолошки институт
Универзитет Париз Дофин
Политехничка школа
Награди Награда Џон фон Нојман (1998)
Награда на фондацијата „Граници на знаењето“ (2008)
Нобелова награда за економија (2014)
Информации на IDEAS/RePEc

Жан Тирол (француски: Jean Tirole), (Троа, 9 август 1953) — француски професор по економија. Се насочил на индустриска организација, теорија на игрите, банкарство и финансии и економија и филозофија. Во 2014 година ја добил Нобеловата награда за економија за неговата анализа на моќта на пазарот и регулацијата.[1][2]

Образование[уреди | уреди извор]

Тирол добил диплома по инженерство на Политехничката школа во Париз во 1976 година и од Вишата школа за општествени науки во 1978 година. Дипломирал како член на елитната единица за мостови, води и шуми. Тирол се запишал на дипломски студии на Универзитетот Париз Дофин и добил магистерски степен во 1976 година и докторат во математика на одлучување во 1978 година. Во 1981 година станал доктор на науки од Масачусетскиот технолошки институт за неговата теза со наслов „Есеи во економската теорија“ под водство на Ерик Маскин.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Тирол е претседавач на фондацијата Жан-Жак Лафон на Економската школа Тулуза и научен директор на Индустрискиот економски институт (IDEI) во Тулуза. По добивањето на неговиот докторат од МИТ во 1981 година работел како истражувач на Вишата школа за општествени науки до 1984 година. Од 1984 до 1991 година работел како професор по економија на МИТ. Неговата работа од 1988 година му помогнала да ја одреди современата теорија за организирање и синтетизирање на главните резултати на револуцијата теорија на игрите наспроти разбирањето на неконкурентните пазари.[4]

Од 1994 до 1996 година бил професор по економија на Политехничката школа. Тирол бил вклучен со Жан-Жак Лафон во проектот на создавање нова Економска школа во Тулуза. Тој е инженерски генерал на единицата на мостови, води и шуми. Бил претседавач на одборот на Економската школа Тулуза, визитинг професор на МИТ и професор на Вишата школа за општествени науки од 1995 година.

Бил претседател на Економетриското друштво во 1998 година и Европската економска асоцијација во 2001 година. Во текот на ова време успеал да го одреди начинот на пресметка на оптималните цени за регулација на природните монополи и напишал бројни статии за регулацијата на пазарите на капитал — со фокус на разликата на контрола помеѓу децентрализираните позајмувачи и централизираната контрола на банкарското управување.[4] Тирол бил член на Академијата на науките на моралот и политиката од 2011 година, Економскиот совет од 2008 година и Стратешкиот совет од 2013 година. Во почетокот на 2010-тите години покажал дека банките сакаат повеќе да преземаат краткорочни ризици и препорачал промена во квантитативното олабавување кон поквалитетна пазарно стимулативна политика.[4]

Награди[уреди | уреди извор]

Тирол ја добил Нобеловата награда за економија во 2014 година за неговата анализа на моќта на пазарот и регулацијата на природните монополи. Тирол добил почесен докторат од Бриселскиот универзитет во 1989 година, Лондонската бизнис школа и Универзитетот Монтреал во 2007 година, Манхајмскиот универзитет во 2011 година, Атинскиот универзитет за економија и бизнис и Римскиот универзитет Тор Вергата во 2012 година, како и Лозанскиот универзитет во 2013 година.[5]

Тирол ја добил и воведната награда на фондацијата „Граници на знаењето“ во категоријата економија, финансии и менаџмент во 2008 година, наградата за истражување на Универзитетот Флорида во 1997 година и наградата Ирје Јансон во 1993 година. Тој е почесен странски член на Американската академија на науките и уметностите (1993) и на Американската економска асоцијација (1993).

Публикации[уреди | уреди извор]

Тирол објавил околу 200 професионални статии во областа на економијата и финансиите, како и 10 книги. Неговите истражувачки трудови главно се однесуваат на индустриска организација, регулација, теорија на игрите, банкарство и финансии, психологија и економија, меѓународни финансии и макроекономија.

Книги[уреди | уреди извор]

  • Dynamic Models of Oligopoly (со Фуденберг), 1986. [1]
  • The Theory of Industrial Organization, MIT Press, 1988. Опис и преглед на поглавје на врските
  • Game Theory (со Фуденберг), MIT Press, 1991. [2]
  • A Theory of Incentives in Regulation and Procurement (со Лафронт), MIT Press,1993. Опис и преглед на поглавје на врските
  • The Prudential Regulation of Banks (со Дуатрипонт), MIT Press,1994. [3]
  • Competition in Telecommunications, MIT Press, 1999. [4]
  • Financial Crises, Liquidity and the International Monetary System, Princeton University Press, 2002. [5]
  • The Theory of Corporate Finance, Princeton University Press, 2005. Опис Association of American Publishers 2006 Award for Excellence.
  • Balancing the Banks (со Дуатрипонт и Жан Шарл Роше), Princeton University Press, 2010. [6]
  • Inside and Outside Liquidity (со Холмстрем), MIT Press, 2011. [7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sveriges Riksbank's Prize in Economic Sciences in Memory of Alfred Nobel 2014, Sveriges Riksbank, 13 октомври 2014, конс. 13 октомври 2014  Check date values in: |date=, |accessdate= (помош)
  2. Биографија на Жан Тирол
  3. „Есеи во економската теорија“. MIT Library catalog. http://library.mit.edu/item/000117200. конс. 13 октомври 2014 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Jean Tirole: Market Power and Regulation. „Royal Swedish Academy of the Sciences“. 13 октомври 2014 г. 
  5. (италијански) Laurea magistrale honoris causa Jean Tirole

Надворешни врски[уреди | уреди извор]