Бенгт Холмстрем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бенгт Холстрем (фински: Bengt Holmström; 18 април 1949, Хелсинки) — фински економист, добитник на Нобеловата награда во 2016 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Холстром е роден во Хелсинки, во 1949 година. Дипломирал во областите математика, физика и статистика на Универзитетот во Хелсинки, a магистрирал и докторирал на Универзитетот Стенфорд (Stanford University), во САД. Во 2016 година, Харт ја добил Нобеловата награда, за придонесот во теоријата на договорите. Во моментот на добивањето на Нобеловата награда, Харт работел како професор на МИТ, а претходно бил професор на Универзитетот Јеил (Yale University) и на Универзитетот Нортвестерн. Исто така, тој бил консултант на повеќе големи фирми, меѓу кои и на „Дајмлер-Бенц“.[1]

Научна дејност[уреди | уреди извор]

Научниот придонес на Харт е во областа на некомплетните договори (Incomplete contracts) во кои не можат однапред да се предвидат сите можни околности, ниту отпосле да се измерат прецизно остварувањата на договорните страни. Тој особено ги проучувал договорите за вработување кај кои го вовел т.н. „принцип на информативност“, спорес кој примањата на менаџерот треба да се поврзе со некоја мерка на успешноста на фирмата што ја раководи тој, и тоа таква мерка што може да обезбеди информации за менаџерскиот напор што го вложил. На пример, таква мерка може да биде цената на акциите на фирмата. Според овој принцип, кај фирмите чии резултати се менуваат често, менаџерите треба да земаат фискни плати, кои не се врзани за остварувањата на фирмата. Холмстрем дал придонес и во развивањето на моделот на повеќе задачи (Multitasking model), каде некои работни места вклучуваат задачи кои се лесно мерливи и задачи кои се тешко мерливи. Оттука, платата за овие работни места не треба да биде врзана за лесно мерливите задачи, туку таа треба да содржи голема фиксна компонента.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Владимир Филиповски, „Дизајнирање на економските договори - креирање поттици за ефикасно користење на ресурсите и справување со конфликтите на интереси“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 22-25.
  2. Владимир Филиповски, „Дизајнирање на економските договори - креирање поттици за ефикасно користење на ресурсите и справување со конфликтите на интереси“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 22-25.