Дејвид Таулес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дејвид Таулес
David Thouless
Роден 21 септември 1934 (1934-09-21) (83 г.)
Берсден, Шкотска
Живеалиште САД
Националност британска
Полиња Физика на кондензираната материја
Установи

Вашингтонски универзитет

Калифорниски универзитет, Беркли
Бирмингемски универзитет
Образование
Докторски ментор Ханс Бете
Познат по
Поважни награди

Дејвид Џејмс Таулес (англиски: David James Thouless); (Берсден, 21 септември 1934) - британски физичар на полето на физика на кондензираната материја. Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Џон Костерлиц и Данкан Холдејн за теоретските откритија во тополошките фазни транзиции и тополошките фази на материјата[1]. Таулес добил половина, а Холдејн и Костерлиц добиле по четвртина од наградата.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дејвид Таулес е роден на 21 септември 1934 година во Берсден, Шкотска.

Образование[уреди | уреди извор]

Таулес се образува на колеџот Винчестер, а дипломирал на колеџот Тринити хол на Кембричкиот универзитет. Докторатот го добил на Универзитетот Корнел, каде Ханс Бете му бил ментор.

Кариера[уреди | уреди извор]

Таулес бил на постдокторски студии на Калифорнискиот универзитет Беркли и професор по математичка физика на Бирмингемскиот универзитет во Обединетото Кралство од 1965 до 1978 година, пред да стане професор по физика на Вашингтонскиот универзитет во Сиетл во 1980 година. Таулес има бројни теоретски придонеси за разбирање на проширените системи на атоми и електрони и за нуклеоните. Тој исто така работел на појавите на суперспроводливсот, на својствата на нуклеарната материја и на предизвикани заеднички движења во јадрата.

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Таулес бил избран за:

  • Член на Кралското друштво во 1979 година,
  • Член на Американското физичко друштво
  • Член на Американската академија за уметности и науки
  • Член на Националната академија за науки на САД

Меѓу неговите награди се:

  • Максвелов медал и награда (1973)
  • Волфова награда за физика (1990)
  • Пол Дираков медал на Институтот за физика (1993)
  • Награда Ларс Онсагер на Американското физичко друштво (2000)
  • Нобелова награда за физика (2016)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Nobel Prize in Physics 2016 на официјалното мрежно место на Нобеловата награда