Американска академија на уметностите и науките

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Американска академија на уметностите и науките
American Academy of Arts and Sciences

Лого на академијата
Гесло „Да се негуваат сите уметности и науки кои би го унапредиле интересот, честа, достоинството и среќата на еден слободен, независен и доблесен народ.“
Основана 1780
Тип политички истражен центар
Цел повеќедисиплински изучувања на сложени и престојни проблеми
Седиште Кембриџ, Масачусетс, САД
Членство 4.000 академици
Претседател Лезли Берловиц
Мреж. место http://www.amacad.org
Домот на академијата во Кембриџ, Масачусетс

Американската академија на уметностите и науките (англ. American Academy of Arts and Sciences) е независен центар за политичко истражување кој врши повеќедисциплински изучувања на сложени и престојни проблеми од разни области. Членовите на академијата се предводници во академските дисциплини, уметностите, деловното работење и јавниот сектор.

Историја[уреди]

Академијата е основана во 1780 во Бостон за време на Американската револуција. Нејзини основачи се општествениците Џејмс Боудин, Џон Адамс и Џон Хенкок. Според повелбата, академијата има за цел да „[ги] негува сите уметности и науки кои би го унапредиле интересот, честа, достоинството и среќата на еден слободен, независен и доблесен народ“. Во основањето учествувал и правникот Роберт Трит Пејн и начелници на 58 месни заедници. Меѓу првите членови на академијата се вбројуваат разни истакнати дејци како Бенџамин Френклин, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Александар Хамилтон.

Дејност[уреди]

Денес академијата е сместена во Кембриџ, Масачусетс. Во состав на нејзината дејност, академијата приредува конференции, организира истражни проекти и го објавува тримесечникот Dædalus („Дедал“). Има околу 4.000 академици и 600 странски почесни членови. Околу 200 члена се добитници на Нобеловата награда.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]