Томас Џеферсон
Оваа статија не наведува никакви извори. (јануари 2026) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Томас Џеферсон Thomas Jefferson | |
3 | |
| Мандат 4 март 1801 – 4 март 1809 | |
| Заменик претседател(и) | Ерон Бр Aaron Burr |
|---|---|
| Претходник | Џон Адамс |
| Следбеник | Џејмс Медисон |
| Роден | 13 април 1743
Шедвел, Вирџинија, САД |
| Починал | 4 јули 1826
Шарлотсвил, Вирџинија, САД |
| Партија | Демократско-републиканска партија |
| Сопружник | Марта Вејлс Скелтон Џеферсон |
| Професија | Адвокат, Земјоделец |
| Религија | Деист |
| Потпис | |
Томас Џеферсон (англиски: Thomas Jefferson, 13 април 1743 - 4 јули 1826 ) — третиот претседател на САД (1801-1809), главниот автор на Декларацијата за независност (1776) и еден од највлијателните „татковци“ на САД и поборник за идеалите на републиканството. Главни случувања за време на неговиот мандат се купувањето на Луизијана од Франција (1803) и експедицијата на Луис и Кларк (1804-1806).
Џеферсон бил политичар, филозоф и претставник на просветителството и познавал многу интелектуалци - водачи во Велика Британија и Франција. Тој го сметал независниот земјоделец како пример на доблестите на републиканството, не верувал во градови и финансиери и се залагал за поголеми права и самоуправа на државите и лимитирана федерална влада. Џеферсон го поддржувал принципот на одделување на црквата од државата и бил автор на Статутот на Вирџинија за Слобода во Религијата (1779, 1786). Тој бил епоним на Џеферсоновата демократија и соосновач и водач на Демократско-републиканската партија која ја доминирала американската политичка сцена во должина од четврт век. Џеферсон бил Гувернер на Вирџија за време на војната (1779-1781), првиот Државен секретар на САД (1789-1793) и вториот заменик претстедател на САД (1797-1801).
Џеферсон имал енциклопедиско познавање на историјата и науката и покажал особени успеси како државник, хортикултурист, архитект, археолог, палеонтолог, автор, пронаоѓач и основач на Универзитетот на Вирџинија. Во 1962 година претседателот Џон Кенеди пречекал 49 нобеловци во Белата Куќа и во таа прилика рекол: „Мислам дека ова е најневеројатната грутка на талент и знаење што се има собрано во Белата Куќа, можеби со исклучок на случаите кога Џеферсон јадел сам тука“.
| |||||||||||||
| Оваа статија поврзана со историјата на САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Статии без извори од јануари 2026
- Родени во 1743 година
- Починати во 1826 година
- Никулци за историјата на САД
- Томас Џеферсон
- Претседатели на САД
- Гувернери на Вриџинија
- Американски писатели
- Американски дејци
- Американски архитекти
- Политички филозофи
- Просветителски филозофи
- Американски филозофи
- Просветителство
- Членови на Американската академија на уметностите и науките
- Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките
- Членови на Американското филозофско друштво
- Луѓе од Вирџинија
- Американски пронаоѓачи
- Потпретседатели на САД