Џими Картер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џими Картер
39. претседател на САД
Лични податоци
Роден(а) октомври 1 1924 (1924-10-01) (94 г.)
Џорџија, САД
Партија Демократска партија (САД)
Потпис

Џими Картер (англиски: James Earl Carter Jr.: 1 октомври 1924) е американски политичар и филантроп кој служеше како 39-ти претседател на САД од 1977 до 1981 година. Демократ, кој претходно служел како сенатор на државата Џорџија од 1963 до 1967 година и како 76-ти гувернер на Џорџија од 1971 до 1975 година. По неговото претседателствување, Картер остана активен во приватниот сектор; во 2002 година, му беше доделена Нобеловата награда за мир за неговата работа во коосноваштво на центарот Картер.[1]

Пораснал во ''Plains'', државата Џорџија, Картер дипломира на Поморската академија во 1946 година и се приклучува на Американската морнарица. По смрта на неговиот татко во 1953 година, Картер ја напуштил работата и се вратил дома за да го превземе фамилијарниот бизнис за одгледување на кикирики. Тој наследил многу малку од неговиот татко поради исплаќање на неговите долгови и поделбата на имотот помеѓу децата. Сепак, неговиот сон за да го прошири и подобри бизнисот станал реалност. Во овој период, Картер бил мотивиран да се спротивстави на политичката клима на расната сегрегација и да го поддржи растечкото движење за граѓански права. Станал активист во Демократската партија. Од 1963 до 1967 година, Картер служел во Државниот Сенат на Џорџија, а во 1970 година бил избран за гувернер на истата, поразувајќи го поранешниот гувернер Карл Сандерс во неговата партија на платформата против сегрегација. Картер остана како гувернер до 1975 година.

И покрај тоа што тој бил малку познат надвор од Џорџија на почетокот на кампањата, Картер успеал да ја добие номинацијата за претседателската кандидатура од 1976 година. На општите избори, Картер трчаше како аутсајдер и тесно го порази републиканскиот кандидат и претседател Џералд Форд.[2]

Претседателскиот центар на Џ.Картер

Неговото претседателствување значително се разликувало од неговите претходници, особено во надворешната политика на САД, нагласувајќи ги човековите права како најважен стандард за меѓународните односи. Од една страна, тој го продолжил процесот на нуклеарно разоружување, но неговата цел била да ја ослабне дипломатската позиција на Советскиот сојуз, посебно во стратешки важниот Блиски Исток. Иницијатор е на мировните преговори помеѓу Египет и Израел кои ќе резултираат со договор. [3] Иранската револуција и исламскиот режим ќе се спротистват на американската влада и затоа во 1979 година, цената на нафтата енормно ќе се зголеми, па така тоа негативно ќе влијае врз кревката американска економија и врз угледот на претседателот Картер. Неговите напори да ја победи високата инфлација не биле успешни и како резултат на тоа, ќе се зголеми невработеноста и американската економија ќе стагнира, економистите ќе го наречат овој економски феномен - стагфлација.[4] Ваквиот разочарувачки тренд ќе подигне многу граѓани да се противат на неговото владеење а во 1980 ќе се појават и разни екстремно десничарски движења. Проблемите ќе станат уште потешки кога есента 1979 година од хуманитарни причини ќе дозволи прогонетиот ирански шах да дојде на лекување во САД. Иранските револуционери на тоа ќе реагираат со окупација на амбасадата и дипломатите на Америка во Техеран. Со таквиот потег, Картер ќе го охрабри Советскиот сојуз да изврши инвазија на Авганистан.[5]

Тито и Картер (1978)

Во знак на протест тој ќе најави бојкот на Олимпијадата во Москва[6], додека неговиот советник Брзезински ја организирал операцијата на ЦИА за наоружување и обучување на афганистанските муџахедини. Исто така ЦИА и другите агенции се интезивирале во активности за поддршка на анти-советските движења на Солидарност во Полска. По завршување на првиот мандат, нема да успее да го порази против кандидатот на републиканците Роналд Реган кој целосно ја придобил средната класа по најавата дека значително ќе ги намали даноците и ќе го добие “мирот преку силата“ со неговата изборна кампања "Make America Great Again".[7] Картеровиот углед на миротворец и дипломат ќе ја засени неговата не баш умешна политика како американски претседател. Тој ќе продолжи да се залага за светски мир и соработка помеѓу народите. Во 1994 година, тој ќе ги убеди Севернокореанците да се откажат од создавање на нуклеарно оружје и во тоа ќе успее. Во 2002 година, Картер повторно ќе биде во фокусот поради посетата на Кастро во Куба.[8] Во тој период, тој ќе биде голем критичар на претседателот Буш и премиерот Блер поради нивните полтики кон Ирак. Картер е исто така познат и по тоа што тој често ја критикува внатрешната политика на САД. На пример, тој го критикувал во повеќе прилики претседателот Клинтон поради скандалот со корупција во неговата администрација. [9]

Во 2019 година, Картер го надмина Џорџ Х. В. Буш како најдолговечен американски претседател во историјата на САД.[10] Тој се смета за клучна фигура во добротворната организација Хабитат за човештвото[11]. Напишал над 30 книги кои се движат од мемоари до поезија.


  1. Jacobson, Frances M. (2015-10-23). A Companion to Gerald R. Ford and Jimmy Carter. Hoboken, NJ: John Wiley & Sons, Inc. стр. 532–547. ISBN 9781118907634. http://dx.doi.org/10.1002/9781118907634.ch29. 
  2. 1976 United States presidential election (на en). „Wikipedia“. 5 јуни 2019 г. https://en.wikipedia.org/w/index.php?title=1976_United_States_presidential_election&oldid=900476997. 
  3. Andrew Glass. „Egypt, Israel conclude peace treaty, March 26, 1979“. POLITICO. конс. 2019-06-07. 
  4. State, U. S. Department of. „An Overview of Economic Stagflation in the 1970s“. ThoughtCo. конс. 2019-06-07. 
  5. Editors, History com. „Iran Hostage Crisis“. HISTORY. конс. 2019-06-07. 
  6. Andrew Glass. „President Carter orders an Olympic boycott, March 21, 1980“. POLITICO. конс. 2019-06-07. 
  7. Make America Great Again (на en). „Wikipedia“. 4 јуни 2019 г. https://en.wikipedia.org/w/index.php?title=Make_America_Great_Again&oldid=900185585. 
  8. „President Carter's Cuba Trip Report“. www.cartercenter.org. конс. 2019-06-07. 
  9. Post-presidency of Jimmy Carter (на en). „Wikipedia“. 20 мај 2019 г. https://en.wikipedia.org/w/index.php?title=Post-presidency_of_Jimmy_Carter&oldid=897977228. 
  10. „Џими Картер стана „најдолговечен претседател на САД“: Го надживеа и Буш Сениор“. Сител Телевизија (Macedonian). конс. 2019-06-07. 
  11. „Habitat for Humanity“. www.habitat.org. конс. 2019-06-07.