Френклин Пирс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Френклин Пирс (23 ноември, 1804г. – 8 октомври 1869г.) беше 14-ти претседател на САД (1853 – 1857) и е единствениот претседател од Њу Хемпшир. Пирс беше демократ и беше „doughface“ (личност која потекнува од северот, но има симпатии од јужниот дел), кој служел во Горниот Дом на САД и во Сенатот. Тој учествувал и во Американско-мексиканската војна и станал бригаден генерал во aрмијата. Бил многу успешен во правната пракса која ја извршувал во Њу Хемпшир и му биле понудени неколку важни позиции, кои ги одбил. Подоцна бил номиниран како партиски кандидат за претседател на 49-тите предизбори во Демократската Национална Конвенција од 1852г. Во претседателските избори Пирс и неговиот колега Вилијам Р.Кинг победиле со разлика од една држава. Тие ги победиле Винфилд Скот и Вилијам А. Грам со 50% со граница на 44% во граѓанското гласање и 254 со 42 на изборното гласање.

Неговиот пријатен карактер и привлечниот изглед му овозможиле многубројни пријателства, иако преживеал трагедија во неговиот личен живот. Како претседател донел многу различни одлуки, кои беа на широко критикувани, што воедно му донесе репутација како еден од најлошите претседатели во историјата на САД. Неговата популарност во северните држави нагло се намали откако гласаше во полза на Канзас – Небраска актот, заменувајќи го Компромисот на Мисури (кој беше прогласен за неуставен од Врховниот Суд на САД) и поради обновување на дебатата за обновување на ропството во Западна Америка. Кредибилитетот на Пирс беше оштетен кога неколку од неговите дипломати го објавија Остенд Манифестот. Историчарот Дејвид Потер за овој Манифест и за Актот изјави дека се „двете најголеми грешки во администрацијата на Френклин Пирс...и двете донесоа лавина од критики од страна на јавноста“. Уште поважно, вели Потер, тие трајно го оштетија „Манифестот на Судбината“ и „граѓанската сувереност“ како политички доктрини. Напуштен од својата партија, Пирс не беше повторно номиниран на претседателските избори од 1856г. и беше заменет со Џејмс Бјукенан како кандидат од Демократите. По губењето на номинацијата, Пирс ја продолжи својата животна борба со алкохолизмот додека во исто време му се распаѓаше бракот со Џејн Минс Аплтон Пирс. Неговата репутација беше уништена за време на Граѓанската војна кога изјави дека ја подржува Конфедерацијата, и беше објавено во медиумите дека постои лична кореспонденција помеѓу Пирс и Конфедеративниот Претседател Џеферсон Дејвис. Пирс почина во 1869г. од цироза на желудникот.

Филип Б.Кундарт и Питер В.Кундарт ги одразуваат погледите на многу историчари кога во нивната „Американскиот Претседател“ напишаа дека Пирс бил „добар човек кој не ги разбираше своите мани. Тој беше искрено религиозен, ја сакаше својата сопруга и се смени самиот за да се прилагоди на нејзиниот начин на живот и да ја покаже својата љубов. Тој беше еден од најпопуларните луѓе во Њу Хемпшир, љубезен и учтив, и добар во политичката игра, привлечна личност со шарм. Сепак беше критикуван за неговата неспособност да се справи со промените во Америка“.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Воспитување[уреди | уреди извор]

Френклин Пирс е роден во колиба во Хилсборо, Њу Хемпшир, на 23-ти ноември, 1804г., како првиот претседател на САД роден во 19. век. Местото на неговото раѓање се нарекува езерото на Френклин Пирс. Негов татко бил Бенџамин Пирс, земјоделец кој бил војник во Револуционерната војна, генерал на државната војска и два пати демократско - републикански гувернер на Њу Хемпшир. Тој е директен потомок на Томас Пирс (1623 – 1683г), кој е роден во Норвич, Норфолк, Англија и се населил во колонијата на Заливот на Масачусетс. Мајката на Френклин Пирс е Ана Б. Кендрик. Петто од осум деца тој имал четири браќа и три сестри. Поранешната Прва Дама на САД, Барбара Пирс Буш е далечна роднина.

Образование[уреди | уреди извор]

Пирс одел на настава во Хилсборо Центарот пред да замине во Ханкок Академијата во Ханкок на 11 години; се префрлил на Франсестаун Академијата пролетта, 1820г. Неговите пријатели се сеќаваат дека веднаш по влегувањето во училиштето го фатила меланхолија за дома и се вратил дома бос. Неговиот татко го ставил во количка, го однел на пола пат до академијата и го оставил на патот без да каже збор. Детето ги испешачило останатите 7 милји до училиштето. Подоцна таа година се префрлил на Академијата Филипс Ексетер за да се подготви за колеџ. Есента 1820г., се запишал на Баудоин Колеџот во Брунсвик, Меин, каде што се вклучил во литературни, политички и дебатни клубови.

Таму го запознал писателот Натаниел Хотом со кого имал долго пријателство, и Хенри Вадсфорд Лонгфелоу. Се запознал и со Калвин Е. Стоув, Серџент С. Прентис, и неговиот иден политички ривал Џон П. Хеил го запознал кога се вклучил во Атинската Заедница, група на студенти со прогресивни политички стремежи.

Во втората година на колеџот неговите оценки биле најниски во класот, но работел за да ги поправи и матурирал како трет според успехот во 1824год. Во 1826год. Се запишал на правни студии во Нортемптон, Масачусетс, учејќи кај Гувернерот Леви Вудбури, а подоцна и кај судиите Семјуел Хоув и Едмунд Паркер во Амхерст, Њу Хемпшир. Бил примен во адвокатската комора и почнал со пракса во Конкорд, Њу Хемпшир во 1827год.



Рана политичка кариера[уреди | уреди извор]

По завршувањето на колеџот, Пирс влегол во политиката и се издигнал до централна позиција во Демократската Партија на Њу Хемпшир и станал член на лидерската група на Конкорд Регенството. Во 1828год. Бил избран во долниот дом на Основниот Суд на Њу Хемпшир. Бил државник од 1829год. до 1833год. и бил претседавач од 1832г. до 1833г. Служел во законодавството на Њу Хемпшир додека неговиот татко бил гувернер.

Во 1832г. Пирс бил избран како Демократ на 23от и 24от Конгрес (04.03.1833 – 04.03.1837). Имал само 27 години, најмладиот до тогаш. Во 1836г. бил избран од основниот суд на Њу Хемпшир како претставник во Сенатот на САД и служел од 4ти март, 1837г. до 28ми февруари 1842г. кога и дал оставка. Тој бил претседавач на Пензискиот Комитет на Сенатот на САД за време на 26от Конгрес.

По неговата служба во Сенатот, продолжил со правната пракса во Конкорд со неговата партнерка Аса Фоулер. Бил Јавен Обвинител во Њу Хемпшир од 1845г. до 1847г. Ја одбил номинацијата од Демократите за Гувернер на Њу Хемпшир и го одбил назначувањето како Јавен Обвинител на САД извршено од претседателот Џејмс К.Полк.

Семејство[уреди | уреди извор]

На 19ти ноември 1834г, Пирс се оженил со Џејн Минс Аплтон (1806 – 63г.), ќерка на поранешниот претседател на Боудоин Колеџот. Аплтон била сосем спротивна од Пирс. Била родена во аристократско семејство, срамежлива, често болна, религиозна и темпераментна. Имале 3 деца, и сите им починале во нивното детство: • Френклин Пирс, Џуниор (02.02.1836 – 05.02.1836) • Френк Роберт Пирс (27.08.1839 – 14.11.1843), починал на 4 години од епидемија на тифус. • Бенџамин Бени Пирс (13.04.1841 – 06.01.1853) починал на 11 години. Ниедно од нив не доживеало да го види својот татко како претседател.

Пирс преживеа огромна трагедија само неколку недели по неговата победа на изборите, кога тој, неговата сопруга и нивниот последне син Бенџамин беа во сообраќајна несреќа со воз, каде Бенџамин бил обезглавен пред очите на својот сопствен татко. Пирс ставил чаршав врз безживотното тело на својот син надевајќи се дека неговата жена нема да го види тоа, но сепак таа го видела. Ова ги турнало во очај и него и неговата сопруга, што и влијаело на неговото претседателство се до моментот кога тој ја напуштил службата како претседател во 1857 год. Џејн никогаш не била задоволна со тоа што нејзиниот сопруг бил вклучен во политичкиот свет. Не била задоволна со животот во Вашингтон и затоа го охрабрувала својот сопруг да го напушти Сенатот, и да се вратат повторно да живеат во Њу Хемпшир, што всушност и станало реалност во 1842 год. По ужасната смрт на својот последен син, кратко пред инаугурацијата на својот сопруг, ја обземало меланхолија и се оддалечила од својот сопруг за време на неговото претседателство. Станала позната како „сенката на Белата Куќа“. Поради тоа што била многу религиозна, смртта на нивното последно дете ја сметала како Божји гнев против политичкиот живот на својот сопруг.

Американско-мексиканска војна[уреди | уреди извор]

Пирс бил на листата на доброволци за време на Американско-мексиканската војна и стигнал до чин на полковник. Во март 1847г. бил назначен за бригадирен генерал на доброволците и командувал на бригадата за засилување за армијата на Винфилд Скот која марширала до Мексико Сити. Неговата бригада била именувана за прва бригада на новокреираната трета дивизија. За време на битките, Пирс бил сериозно повреден во ногата при паѓање од неговиот коњ. Се вратил на службата наредниот ден, но за време на Битката на Чурубуско болката во ногата му се зголемила, се онесвестил и морало да го извлечат надвор од битката. Неговите политички противници ова го употребиле против него тврдејќи дека тоа го направил од кукавичлок, а не заради повреда. Се вратил на служба и ја водел својата бригада за време на остатокот од кампањата резултирајќи со освојување на Мексико Сити. Иако бил политички назначен, докажал дека има и вештини за воен командант. Се вратил дома и служел како претседател на уставната конвенција на Њу Хемпшир во 1850г.

Избори во 1852год.[уреди | уреди извор]

За време на Демократската Национална Конвенција од 1852г. Пирс не беше сериозен кандидат за претседателска номинација. Никогаш пред тоа не бил главна политичка фигура или лидер и не се кандидирал на избори во последните 10 години. Конвенцијата се случувала на 1 јуни во Балтимор, Мериленд со 4 главни членови – Стивен А. Даглас, Вилијам Л. Марси, Џејмс Бјукенен и Луис Кас – за номинациите. Повеќето од оние кои ја напуштиле партијата со Мартин Ван Бјурен за да ја формираат Партијата на Слободна Земја, се вратија. За да се обединат повеќето фракции на Демократската Партија пред да се гласа за номиниран, делегатите усвоија партиска платформа која одбива понатамошна агитација врз ропството и го подржаа Компромисот од 1850г.

Кога почна гласањето за претседател, 4-та кандидати се најдоа пред ќор-сокак, ниеден кандидат не постигна едноставно мнозинство, многу помалку од бараното двотретинско мнозинство. Сепак, Пирс успеа да влезе како кандидат од компромис. Неговата долга кариера како партиски активист и постојан поддржувач на демократите го направи популарен помеѓу делегатите. Тој никогаш не ги објасни целосно своите гледишта за ропството, што му овозможи достојно прифаќање. За неговата служба во оваа војна партијата го опиша како воен херој. Сенаторот на Алабама Вилијам Р. Кинг беше избран како номиниран за Заменик Претседател. Кандидатот на Whig партијата беше Генералот Винфилд Скот од Вирџинија, негов колега беше Секретарот на Воздухопловството Вилијам А. Грам. Платформата на Whig партијата не беше многу различна од онаа на Демократите, што го доведе натпреварувањето помеѓу карактерите на двајцата кандидати. Пријатниот карактер на Пирс и недостатокот на силни ставови му помогна да го надмине Скот, чии анти-ропски погледи ги намалија гласовите во јужниот дел од државата. Воената служба на Пирс значајно ја надмина репутацијата на Скот како воен херој.

Слоганот на Демократите беше „Ве Полкиравме во 1844г., ќе ве Пирсираме во 1852г.!“ Ова се покажа како точно бидејќи Скот победи само во Кентаки, Тенеси, Масачусетс и Вермонт. Соодносот на гласовите беше 1 601 274 со 1 386 580 или 50,9 % со 44,1 %. Пирс победи во 27 од 31 држава вклучувајќи ја и Вирџинија, државата од која потекнува Скот.

За време на инаугурацијата Пирс на 48 години беше најмладиот претседател, рекорд што остана се додека Улисес С.Грант не ја презеде функцијата во 1869г. на 46 години.

Претседателство (1853 – 1857)[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Пирс служеше како претседател од 4-ти март, 1853г. до 4-ти март, 1857г. Ја почна службата изнемоштен и во жалост. Два месеца пред тоа, на 6-ти јануари 1853г. неговото семејство доживеа сообраќајна несреќа во Масачусетс. Пирс и неговата сопруга преживеаа, но нивниот 11-годишен син почина на самото место. Џејн Пирс ова го смета за казна од Господ заради тоа што нејзиниот сопруг прифатил таква позиција.

Пирс беше првиот претседател кој „ја потврди“ својата заклетва, а не се заколна, ставајќи ја својата рака на книга со закони, а не врз библија. Исто така тој е првиот претседател кој го кажал својот говор на памет за време на прогласувањето. Кажал дека се надева на нова ера на мир и напредок дома и побарал поголеми интереси од страна на САД за надворешните и меѓународните врски.

Нацијата уживаше економски раст и релативна смиреност и Компромисот од 1850 ја смири дебатата за ропството. Кога оваа тема се отвори за време на неговата администрација, Пирс направи малку за да ги смири страстите и успеа во тоа.

Администрација[уреди | уреди извор]

Пирс одбрал луѓе со различни мислења за неговиот Кабинет, вклучувајќи колеги со кои се знаел лично и Демократи. Многумина мислеа дека ваквата група ќе се распадне за брзо време, но таа остана иста за цело време на мандатот на Пирс. Во меѓународната политика Пирс се бореше да прикаже традиционални демократски убедувања. Неколку од интересите беа да се оддели Куба од слабата и далечна Шпанија, отворена трговија со Јапонија и да се добие предноста во однос на Британија во Централна Америка. Иако Пери Експедицијата до Јапонија беше успешна, сепак се појавија неколку неуспеси на планирање и консултација од страна на администрацијата.

Најголемиот предизвик за благосостојбата на земјата за време на администрацијата на Пирс беше поминувањето на Актот Канзас – Небраска во 1854г. Се однесуваше на компромисот на Мисури и повторно го отвори прашањето за ропството на Западот. Оваа мерка, спонзорирана од сенаторот Стивен А. Даглас потекнува од промовирањето на транс – континенталната железничка пруга од Чикаго, Илиноис до Калифорнија, преку Небраска.

Воениот секретар Џеферсон Дејвис, адвокат на јужната трансконтинентална рута го убеди Пирс да го прати Џејмс Гатсден во Мексико да купи земја за да се градат нови пруги. Тој ја купил областа за 10 милиони американски долари или попознато како Купувањето на Гатсден. Ова стана познато како најголемиот успех на Пирс. Пирс ги исполни очекувањата на луѓето од југот кои го поддржале со доведувањето на сила на Фугитивниот Акт за Ропството кога Антони Бернс беше фатен во Бостон во 1854г. и бил вратен кај својот сопственик. За да ја добие поддршката од југот за организирање на Небраска, Даглас додаде провизија прогласувајќи го Мисури Компромисот за невалиден. Законот предвидува дека жителите на новите територии можат да одлучат по прашањето за ропството самите за себе. Иако Кабинетот даде некои други предлози, Даглас и некои други сенатори од југот успеаа во обидот да го убедат Пирс да го поддржи предлогот на Даглас. Изгласаниот Акт Канзас – Небраска повлече низа од настани кои станаа познати како Крвавиот Канзас. Граничните Руфијци кои беа за ропоството да се врати пак, повеќето од Мисури, нелегално гласаа во влада која беше призната од страна на Пирс, и Пирс го нарече Топека Уставот „акт на бунтовништво“, влада во сенка поставена од слободните држави. Пирс продолжи да го поддржува про-ропското законодавство, дури и по пронаоѓањето од конгресниот истражен комитет дека неговиот избор за претседател бил нелегитимен, и ги раздвои федералните трупи за да го спречи состанокот на владата во сенка во Топека. Овој Акт предизвика огромен бес помеѓу луѓето од северот, кои веќе го сметаа Пирс за човек кој е за ропството. Ова беше зачетокот за формирање на Републиканската Партија и придонесе критики на сметката на Пирс, карактеризирајќи го како недоверлив и некој кој може лесно да се манипулира. Со губењето на довербата од јавноста, Пирс не успеа да добие уште една номинација од страна на својата партија за втор мандат. Знак за загубената репутација е тоа што Пирс си најмил свој телохранител, а воедно е и првиот претседател кој имал телохранител. Пирс е највисоко на листата на најмалку ефективни (успешни) претседатели. Не можел подолго време да одржи стабилен раст и развој, што би му донело голема поддршка. Она на што тој се задржал и го подржувал е еден од клучните фактори за пропаѓањето на неговата репутација.

Подоцнежен живот[уреди | уреди извор]

По губењето на номинацијата од Републиканците за повторни избори во 1856 год., Пирс се пензионираше и тргнал на патување преку океанот со својата сопруга. Се вратил во САД во 1859 год., токму на време пред кризата во развој помеѓу Северот и Југот, често критикувајќи ги луѓето од северот кои сакале да го укинат ропството, посебно ги критикувал заради предизвикувањето на рди чувства помеѓу двата дела. Во 1860 год., многумина од Демократите го сметале Пирс за солиден компромисен избор за претседателска номинација , употребувајќи ги и двете крила од партијата, но сепак тој одбил да се кандидира.

За време на Граѓанската војна, Пирс го нападнал Линколн за неговата суспензија на корпусот. Пирс тврдел дека дури и во време на војна, земјата не смее да ја напушти својата пракса за заштита на граѓанските слободи. Ваквиот став на Пирс му донесе многу симпатизери со појавата на Северно-мировните Демократи, но и разбесна одредени членови на администрацијата на Линколн. Во 1862 год. Државниот Секретар Вилијам Суарт му пратил писмо на Пирс во кое го обвинува Пирс дека е член на седитските Витези на Златниот Круг. Разбеснет, Пирс одговори и демантираше дека Суарт го ставил неговиот одговор во официјалите документи на Министерството за Надворешни Работи на САД. Кога ова не се случи, поддржувачот на Пирс во Сенатот, Милтон Летам од Калифорнија, ја прочита целата писмена кореспонденција помеѓу Пирс и Суарт јавно пред Конгресот. Скоро секој кој пишувал биографија за Суарт, оттогаш наваму ова го става како дамка, на инаку почитуваната кариера на Секретарот.

Во 1864 год., пријателите повторно го ставија неговото име во игра за Демократска номинација, но според едно писмо кое им беше прочитано на делегатите, Пирс изјави дека нема да се кандидира. Претходната година репутацијата наПирс беше прилично оштетена од исходот од Виксбург. Сојузните војници кои служеле под командата на Генералот Хју Евингс, го фатиле претседателот на Конфедерацијата Џеферсон Дејвис и неговата флота и Евингс се концентрирал на пронаоѓање на личната кореспонденција помеѓу Дејвис и неговиот зет Вилијам Т. Шерман. Исто така, Евингс пратил писма и до неговите пријатели во Охајо. Овие писма откриле длабока врска на пријателство помеѓу Пирс и Дејвис и неколку од целите на војната. Околу 1860 год., му напишал на Дејвис за „лудилото на северот“, мислејќи на нивните ставови за укинување на ропството. Во ДРуго писмо пишувало дека „никогаш не ја оправдувај, одржувај, или на било кој начин не ја потврдувај оваа сурова, бездушна, бесцелна, непотребна војна“, и дека „целта на војната е да се избришат државите и да се уништи личната сопственост“. Авторот Хариет Бичер Стоув, кој подолго време покажувал антипатија спрема Пирс, сега го нарекувал „предавникот на коработ“.

На 16-ти април, 1865 год., кога медиумите ја прогласија смртта на претседателот Линколн, гневна група на млади тинејџери се собраа пред домот на Пирс во Конкорд. Претходно, истиот ден друга група фрлала црна боја на фасадата од куќата на претходниот претседател Милјард Филмор, кој исто така, бил сметан за непријател на Линколн. Групата во Конкорд сакала да знае зошто куќата на Пирс не е означена со црно и нема американско знаме на неа, визуелниот доказ за жалост кој тој ден бил зебележлив низ целата држава. Пирс излегол надвор за да се соочи со групата и изјавил дека и тој бил вчудовиден од смртта на Линколн. Во еден момент некој од групата извикал „а каде ти е знамето“, а Пирс се налутил и се повикал на својата посветеност и посветеноста на своето семејство на државата, вклучувајќи ја и неговата и службата на неговиот татко во војската. Исто така, тој изјавил дека нема потреб да извади знаме за да ја покаже својата почит и дека е лојален Американец. Групата набрзо се смири, дури и го поздрави и аплаудираше на својот поранешен претседател, а тој се врати во својата куќа.

Френклин Пирс умрел во Конкорд, Њу Хемпшир, во 4:49, изутрината на 8ми октомври, 1869 год., на 64 години. Претседателот Јулисеј С. Грант, кој ја бранеше службата на Пирс во војната, прогласи ден на национална жалост. Весниците и другите пишани медиуми ја посветија својата насловна страница на приказни од неговиот разнобоен и контроверзен живот и кариера. Бил погребан на Старите Северни Гробишта во Конкорд.

Во својот последен тестамент, потпишан на 22 јануари 1868 год., оставил значајно многу барања до своите пријатели, семејство и соседи, вклучувајќи го и Натаниел Хоторн. Тој оставил 1000$ на локалната библиотека. Интересот бил да се купуваат книги. Оставил подароци во пари, книги, слики и уметнички дела на одредени свои пријатели и познаници. Кутијата на Лафајет останала на неговиот внук.