Џејмс Бјукенан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џејмс Бјукенан
Уставна економија
James Buchanan by Atlas network.jpg
Бјукенан во септември 2010 година
Роден 3 октомври 1919(1919-10-03)
Марфрисборо, Тенеси, САД
Починал 9 јануари 2013(2013-01-09) (воз. 93 г.)
Блексбург, Вирџинија, САД
Националност Американец
Установа Универзитет Џорџ Мејсон
Вирџинија Тек
Универзитет Вирџинија
Поле општествен избор
Алма матер Чикашки универзитет
Универзитет Тенеси
Државен универзитет Среден Тенеси
Влијанија од Френк Најт
Кнут Виксел
Фридрих Хајек
Лудвиг фон Мизес
Влијаел врз Елинор Остром
Тајлер Кауен
Придонеси Теорија на општествен избор
Меѓусебни услуги
Награди Нобелова награда за економија (1986)
Информации на IDEAS/RePEc

Џејмс Мекгил Бјукенан Помладиот (англиски: James McGill Buchanan, Jr.; 3 октомври 19199 јануари 2013) — американски економист познат по неговата работа на теоријата на општествен избор, за која ја добил Нобеловата награда за економија во 1986 година. Делото на Бјукенан поттикнало истражување за тоа како интересот на политичарите и неекономските сили влијаат на владината економска политика. Бил член на Советот на советници на Институтот Индепендент, член (и некое време претседател) на Друштвото Мон Пелерен,[1] член на Институтот Като и професор на Универзитетот Џорџ Мејсон.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бјукенан е роден во Марфрисборо, Тенеси, како најстаро дете на Џејмс и Лајла (Скот) Бјукенан. Бил внук на Џон Бјукенан, гувернер на Тенеси во 1890-тите години.[2] Дипломирал на Државниот колеџ Среден Тенеси во 1940 година. Бјукенан ја завршил магистратурата на Универзитетот Тенеси во 1941 година. Воените години ги поминал под водство на адмиралот Нимиц во Хонолулу и во текот на војната се оженил со Ен Бак, на 5 октомври 1945 година; Ен, со норвешко потекло, работела како медицинска сестра во воената база во Хаваи.

Бјукенан се чувствувал како социјалист во неговата младост и не бил сместен за силниот пазарен пристап кон економијата на Чикашкиот универзитет. Неговите студии таму, особено под водство на Френк Најт, го претвориле во „предан адвокат на пазарниот поредок“.[3] Бјукенан го добил својот докторат на Чикашкиот универзитет во 1948 година за неговата теза „Фискална правичност во сојузната држава“ во која бил под големо влијание на Френк Најт. Исто така, додека бил во Чикаго за прв пат го прочитал и пронашол откровение во делото на Кнут Виксел. Оттогаш, сликите на Најт и Виксел виселе во неговата канцеларија.

Бјукенан бил основан на новата Школа за политичка економија во Вирџинија.

Предавал на Универзитетот Вирџинија од 1956–1968 година, каде го основал Центарот за студии за политичка економија „Томас Џеферсон“.

Предавал на УКЛА во периодот 1968–1969, по што се префрлил на Политехничкиот институт Вирџинија (1969–1983), каде го основал Центарот за студии на општествениот избор (CSPC). Во 1983 година настанал конфликт со главниот на економската катедра Даниел Ор и Бјукенан го префрлил Центарот во неговиот нов дом на Универзитетот Џорџ Мејсон.[4]

Исто така, предавал на Државниот универзитет Флорида и на Универзитетот Тенеси.

Во 1988 година, Бјукенан се вратил на Хаваи по прв пат од времето на војната и одржал низа предавања. Во 2001 година, Бјукенан добил почесен докторат од Универзитетот Франсиско Марокин, во Гватемала, за неговите придонеси кон економијата.[5]

Работата на Бјукенан се насочила на јавните финансии, јавниот долг, гласањето, ригорозна анализа на теоријата на меѓусебни услуги, макроекономијата, уставната економија и либертаријанската теорија.[6]

Бјукенан починал на 9 јануари 2013 година во Блексбург, Вирџинија, на 93 години.[7] Весникот New York Times коментирал дека Нобеловиот лауреат, кој ја вовел теоријата на општествен избор, влијаел на „генерација на конзервативно мислење околу дефицитите, даноците и големината на владата“.[8]

Пристап кон економската анализа[уреди | уреди извор]

Бјукенан бил одговорен за повторното раѓање на политичката економија како дисциплина.[9] Бјукенан нагласил дека јавната политика не може да биде разгледувана во поглед на распределбата, туку секогаш е прашање на избор над правилата на играта кој произведува шаблон на размена и распределба. Неговата работа на теоријата за општествен избор е често претставувана како суштински случај на економскиот империјализам;[10] меѓутоа, Амартија Сен сметал дека Бјукенан не треба да биде идентификуван со економскиот империјализам, бидејќи Бјукенан направил воведувајќи етика, правно мислење во политиката и општествено мислење во економијата.[11] Круцијално за разбирање на системот на мислење на Бјукенан е разликата што ја направил помеѓу политичката сцена и водењето политика. Политичката сцена е за правилата на игра, каде водењето политика е насочено на стратегиите кои играчите ги прифатиле во рамките на зададените правила. „Прашања околу што се добри правила на играта се во доменот на општествената филозофија, каде прашања околу стратегиите кои играчите ќе ги прифатат овие правила е доменот на економијата и е игра помеѓу правилата (општествена филозофија) и стратегиите (економија) што образува она што Бјукенан го нарекува како уставна политична економија“.[12]

Важниот пристап на Бјукенан кон конституционализмот е развојот на поддисциплина на уставната економија.[13] Според Бјукенан, етиката на конституционализмот е клучен за уставниот поредок и „може да се нарече идеален Кантов свет“, каде поединето „кој го прави поредокот, заедно со сите негови членови, го прифаќа моралното право како општо правило за однесување“.[14] Бјукенан ја одбива „секоја органска концепција на држава како супериорна во знаење кон граѓаните на оваа држава“. Оваа филозофска позиција ја создава основата на уставната економија. Бјукенан верува дека секој устав е создаден за најмалку неколку генерации на граѓани. Затоа мора да биде во рамнотежа на интересите на државата, на општеството и на секој поединец.[15]

Бјукенан е сметан за квазичлен на Австриската економска школа, иако службено не е поврзан со школата, но делел многу слични верувања.[16] Како што Бјукенан изјавил: „Јас навистина имам голема приврзаност со австриската економија и немам никакви приговори да бидам наречен Австриец. Хајек и Мизез можеби ме сметаат за Австриец, но, секако некои од другите не“. Бјукенан понатаму кажал: „Јас не бев поврзуван со Мизез додека не напишав статија за изборот на поединецот и гласањето на пазарот во 1954 година. Откако го завршив нацртот отидов да видам што Мизез кажал во Човечка акција. Пронајдов, неверојатно, дека бил многу близу со тоа што јас се обидував да го кажам“.[17]

Список на публикации[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Друштво Мон Пелерен“. DeSmogBlog. http://www.desmogblog.com/sites/beta.desmogblog.com/files/Mont%20Pelerin%20Society%20Directory%202010.pdf. конс. 28 јануари 2014 г. 
  2. Reuben Kyle, From Nashville to the Nobel Prize: The Buchanans of Tennessee (Twin Oaks Press, 2012).
  3. http://econjwatch.org/ancillary/IPEL.html
  4. William C. Mitchell. Virginia, Rochester, and Bloomington: Twenty-Five Years of Public Choice and Political Science. „Public Choice“ том  56 (2): 101–119. doi:10.1007/BF00115751. 
  5. Honorary Doctoral Degrees at Universidad Francisco Marroquín
  6. Peter Barenboim, Natalya Merkulova. "The 25th Anniversary of Constitutional Economics: The Russian Model and Legal Reform in Russia, in The World Rule of Law Movement and Russian Legal Reform", edited by Francis Neate and Holly Nielsen, Justitsinform, Moscow (2007).
  7. „Џејмс М. Бјукенан, економски научник и нобелов добитник, умре на 93 години“. New York Times. http://www.nytimes.com/2013/01/10/business/economy/james-m-buchanan-economic-scholar-dies-at-93.html?partner=rss&emc=rss&smid=tw-nytimes&_r=0. конс. 9 јануари 2013 г. 
  8. Мекфаден, Роберт. „Џејмс М. Бјукенан, економски научник и нобелов добитник, умре на 93 години“, 9 јануари 2013.
  9. Boettke, P.J. (1998). James M. Buchanan and the rebirth of political economy, in (S. Pressman and R. Holt, eds.), Against the Grain: Dissent in Economics, pp. 21–39, Aldershot, UK: Edward Elgar Publishing, 1998
  10. Amartya Sen, in Economics and Sociology, ch. 14, Princeton: Princeton University Press. p. 263
  11. Swedberg, R. (1990). Economics and Sociology: On Redefining Their Boundaries, New Jersey: Princeton University Press. p. 263
  12. "Where Economics and Philosophy Meet: Review of The Elgar Companion to Economics and Philosophy with responses from the authors", The Economic Journal, 116 (June), 2006
  13. menu, Library of Economics and Liberty., 1990. "The Domain of Constitutional Economics," Constitutional Political Economy, 1(1), pp. 1–18. Also as at 1990b & [1].
  14. James Buchanan, The Logical Foundations of Constitutional Liberty, Volume 1, Liberty Fund, Indianapolis, 1999, p. 314
  15. Buchanan, J., Logical Formulations of Constitutional Liberty, Vol. 1, Indianapolis, 1999, p. 372.
  16. http://www.cato.org/pubs/journal/cj9n1/cj9n1-10.pdf
  17. https://mises.org/journals/aen/aen9_1_1.asp

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: