Џорџ Акерлоф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џорџ Акерлоф
Неокејнзијанска економија
George Akerlof.jpg
Џорџ Акерлоф
Роден 17 јуни 1940 (1940-06-17) (воз. 76 г.)
Њу Хевен, Конектикат, САД
Националност Американец
Установа Универзитет Џорџтаун
Универзитет Калифорнија (Беркли)
Алма матер Школа Лоренсвил
Универзитет Јејл (диплома)
Масачусетски технолошки институт (докторат)
Влијанија од Роберт Солоу
Влијаел врз Роберт Шилер
Придонеси Асиметрични информации
Ефикасни плати
Награди Нобелова награда за економија (2001)
Информации на IDEAS/RePEc

Џорџ Артур Акерлоф (англиски: George Arthur Akerlof; р. 17 јуни 1940) — американски економист и професор по економија на Беркли. Ја добил Нобеловата награда за економија во 2001 година, која ја поделил со Мајкл Спенс и Џозеф Стиглиц. Во ноември 2014 година се приклучил на Универзитетот Џорџтаун.[1]

Пазарот за лимони и асиметрични информации[уреди | уреди извор]

Акерлоф е веројатно најпознат по неговата статија „Пазарот за лимон: Нејасниот квалитет и механизмот на пазарот“, објавена во Quarterly Journal of Economics во 1970 година, во која идентификува одредени сериозни проблеми, кои влијаат на пазарите со асиметрични информации, труд за кој ја добил Нобеловата награда за економија.{{#tag:Ref|Две списанија American Economic Review и The Review of Economic Studies го одбиле трудот за „тривијалноста“, додека уредниците на Journal of Political Economy го одбиле како неточен, искажувајќи дека ако трудот е точен, тогаш ниедно добро нема да биде продадено. Дури во четвртиот обид успеал да го објави во Quarterly Journal of Economics.[2] Денес, трудот е еден од најнаведуваните трудови во современата економска теорија (повеќе од 5.800 наводи во академските трудови до јули 2009 година). Во трудот Модели за ефикасни плати на пазарот за труд, Акерлоф и соавторот Џенет Јелен (неговата жена) предложиле начела за хипотезата на ефикасни плати во која работодавците плаќаат над платата за чистење на пазарот, во спротивно со заклучоците на неокласичната економија.

Економски идентитет[уреди | уреди извор]

Во подоцнежната работа, Акерлоф и соработникот Рејчел Крантон на Универзитетот Дјук го вовеле општествениот идентитет во економските анализи, создавајќи ги полињата на економски идентитет. Одејќи кон социјална философија и многу полиња надвор од економијата, Акерлоф и Крантон велеле дека поединците немале преференции само за различни добра и услуги. Тие исто така се придржуваат до општествените норми за тоа како различни луѓе треба да се однесуваат. Нормите се поврзуваат со општествениот идентите на човекот. Овие идеи најпрвин се појавиле во нивната статија „Економија и идентитет“, објавени во Quarterly Journal of Economics во 2000 година.

Репродуктивен технолошки шок[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1990-тите години, идеите на Акерлоф го привлекле вниманието на некои од обете страни на дебатата за законскиот абортус. Во статиите во Quarterly Journal of Economics,[3] The Economic Journal,[4] и други списаније, каде Акерлоф го опишал феноменот кој го насловил „репродуктивен технолошки шок“. Тврдел дека новите технологии кои помогнале да се рашири сексуалната револуција во текот на крајот на XX век, современите контрацептивни средства и законскиот абортус, не само што не успеале да ја поништат стапката на деца родени надвор од брак, туку таа и се зголемила. Според Акерлоф, за жените кои не ги користеле, овие технологии главно ја трансформирале старата парадигма на социосексуални претпоставки, очекувања и однесувања на начин кој има особени слабости. На пример, достапноста на законски абортус сега им дозволува на мажите да го гледаат нивното потомство како како внимателен производ на женскиот избор отколку на заеднички производ од сексуален однос. Така се охрабруваат биолошките татковци да одбиваат, не само обврската за женење со мајките, туку и идејата за таткова обврска.

Додека Акерлоф не предложил законски ограничувања за абортусот или достапноста на контрацептивните средства, неговата анализа изгледа нашле поддршка кај оние кои тоа го сакале. Така, научникот поврзуван со либералните и демократските позиции, бил многу често наведуван од конзервативците и републиканците.[5][6]

Грабеж[уреди | уреди извор]

Во 1993 година, Акерлоф и Пол Ромер го објавиле четвртиот Грабеж: Економското подземје на банкротства за профит, опишувајќи како под одредени услови, сопствениците на корпорации ќе одлучат дека е попрофитабилно за самите себе да ја „ограбат“ компанијата и да ја „извадат“ вредноста од нејзе, наместо да се трудат да ја направат поголема и просперитетна“. На пример:

Банкротствата за профит ќе се случат, ако има слабо сметководство, недостиг на регулација или слаби казни за злоупотреба, што им дава мотив на сопствениците да се плаќаат себеси повеќе отколку што нивните фирми се вредни и потоа да ја ликвидираат врз основа на нивните должнички обврски. Банкротставата за профит најчесто се случуваат, кога владата гарантира за обврските на фирмата.[7]

Порака до Американската економска асоцијација[уреди | уреди извор]

Во неговата претседателска порака до Американската економска асоцијација во 2007 година, Акерлоф предложил „природни норми“ што донесувачите на одлука ги имаат за тоа како „треба“ да се однесуваат. Во ова предавање, Акерлоф предложил нова агенда за макроекономијата со вклучување на овие норми.[8]

Тој е основач на Економисти за мир и безбедност и содиректор на програмата Социјални интеракции, идентитет и добросостојба“ на Канадскиот институт за напредно истражување (CIFAR). Тој е советник на Институтот за ново економиско мислење. Бил избран за член на Американската академија на науките и уметностите во 1985 година.[9]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Акерлоф е роден во Њу Хевен, Конектикат, како син на Розали (родена Хиршфелдер) и Геста Окерлеф, кој бил хемичар и пронаоѓач.[10][11] Неговата мајка била Еврејка, од семејство кое се доселило од Германија. Неговиот татко бил шбведски имигрант.[12] Акерлоф дипломирал на Школата Лоренсвил[13] во 1958 година. Во 1962 година ја добил неговата диплома од Универзитетот Јејл, во 1966 година неговиот докторат од Масачусетскиот технолошки институт и предавал на Лондонската економска школа во периодот 1978-1980. Неговата жена Џенет Јелен е претседател на Советот на гувернери на Федералниот резервен систем и пензиониран професор на Беркли,[14] и поранешен претседател и директор на Федералната резервна банка Сан Франциско и поранешен претседател на Советот на економски советници на претседателот Бил Клинтон.[15] Неговиот син Роберт Акерлоф[16] предава економија на Универзитетот Ворвик.[17]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Akerlof, George A. and Rachel E. Kranton. 2010. Identity Economics: How Our Identities Shape Our Work, Wages, and Well-Being, Princeton, New Jersey: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-14648-5. Description & TOC, "Introduction," pp. 3–8, and preview.
  • _____, 2005. "Identity and the Economics of Organizations," Journal of Economic Perspectives, 19(1), pp. 9–32.
  • _____, 2000. "Economics and Identity," Quarterly Journal of Economics, 115(3), pp. 715–53.
  • Akerlof, George A. and Robert J. Shiller. 2009. Animal Spirits: How Human Psychology Drives the Economy, and Why It Matters for Global Capitalism. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-14233-3.
  • Akerlof, George A. "Thoughts on global warming." chinadialogue (2006). 14 July 2008.
  • Akerlof, George A. 2005. Explorations in Pragmatic Economics, Oxford University Press. ISBN 978-0-19-925390-6.
  • Akerlof, George A., and Janet Yellen. 1986. Efficiency Wage Models of the Labor Market. Orlando, Fla.: Academic Press.
  • Akerlof, George A. 1984. An Economic Theorist's Book of Tales, Cambridge University Press.
  • Akerlof, George A., Romer, Paul M., Brookings Papers on Economic Activity, "Looting: The Economic Underworld of Bankruptcy for Profit" Vol. 1993, No. 2 (1993), pp. 1–73 [18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Џорџ Акерлоф оди на Џорџтаун“. blogs.wsj.com. http://blogs.wsj.com/economics/2014/09/23/george-akerlof-aka-mr-janet-yellen-heads-to-georgetown/. конс. 25 октомври 2014 г. 
  2. Writing the “The Market for ‘Lemons’”: A Personal and Interpretive Essay by George A. Akerlof
  3. Akerlof, George A.; Yellen, Janet; Katz, Lawrence F. (1996), "An Analysis on Out-of-Wedlock Childbearing in the United States", Quarterly Journal of Economics (The MIT Press) 111 (2): 277–317, doi:10.2307/2946680, JSTOR 2946680 
  4. Akerlof, George A. (1998), "Men Without Children", Economic Journal (Blackwell Publishing) 108 (447): 287–309, doi:10.1111/1468-0297.00288, JSTOR 2565562 
  5. Failed Promises of Abortion 
  6. The Facts of Life & Marriage 
  7. 1993 George Akerlof and Paul Romer, "Looting: The Economic Underworld of Bankruptcy for Profit", Brookings Papers on Economic Activity 24, Brookings Institution, Washington, DC, 1993, as quoted in Yves Smith (2010), Econned, Palgrave Macmillan, ISBN 978-0-230-62051-3  pp. 164–165
  8. The Missing Motivation in Macroeconomics
  9. „Book of Members, 1780–2010: Chapter A“. American Academy of Arts and Sciences. http://www.amacad.org/publications/BookofMembers/ChapterA.pdf. конс. 4 јуни 2011 г. 
  10. Swedberg, R. (1990). Economics and Sociology: Redefining Their Boundaries : Conversations with Economists and Sociologists. Princeton University Press. стр. 61. ISBN 9780691003764. http://books.google.ca/books?id=j6V2rQEu2tUC. конс. 25 октомври 2014 г. 
  11. Secretary, O.H.; Sciences, N.A. (1980). Biographical Memoirs. 51. National Academies Press. стр. 221. ISBN 9780309028882. http://books.google.ca/books?id=s3Ms-rq7RWQC. конс. 25 октомври 2014 г. 
  12. George A. Akerlof : Autobiography, Nobelprize.org. Архивирано на 3 април 2006 на WebCite
  13. George Akerlof: Nobel Prize Autobiography. 12 март 2011.
  14. „Janet Yellen Fact Sheet | Berkeley-Haas“. newsroom.haas.berkeley.edu. http://newsroom.haas.berkeley.edu/article/janet-yellen-fact-sheet. конс. 25 октомври 2014 г. 
  15. Janet L. Yellen, White House Council of Economic Advisors.
  16. „George A. Akerlof – Autobiography“. nobelprize.org. http://nobelprize.org/nobel_prizes/economics/laureates/2001/akerlof-autobio.html. конс. 12 декември 2014 г. 
  17. „Academic Staff – University of Warwick Department of Economics“. www2.warwick.ac.uk. http://www2.warwick.ac.uk/fac/soc/economics/staff/academic/. конс. 12 декември 2014 г. 
  18. GEORGE A. AKERLOF and PAUL M. ROMER (23 декември 2007). „Looting: The Economic Underworld of Bankruptcy for Profit“. http://pages.stern.nyu.edu/~promer/Looting.pdf. конс. 25 октомври 2014 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]