Тригве Ховелмо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тригве Ховелмо
Неокејнзијанска економија
Trygve Haavelmo.jpg
Тригве Ховелмо
Роден 13 декември 1911(1911-12-13)
Шедсмо, Норвешка
Починал 26 јули 1999(1999-07-26) (воз. 87 г.)
Осло, Норвешка
Националност Норвежанец
Установа Орхуски универзитет
Чикашки универзитет
Универзитет Осло
Поле макроекономија, економетрија
Алма матер Универзитет Осло
Универзитетски колеџ Лондон
Влијанија од Џон Мејнард Кејнс
Рагнар Фриш
Јан Тинберген
Влијаел врз Дејвид Хендри
Серен Јохансен
Џуди Перл
Придонеси пристап за веројатност во економетријата
Врамнотежен буџетски мултипликатор
Награди Нобелова награда за економија (1989)
Информации на IDEAS/RePEc

Тригве Магнус Ховелмо (норвешки: Trygve Magnus Haavelmo; 13 декември 1911 во Шедсмо28 јули 1999 во Осло) — норвешки економист со главен истражувачки интерес на полињата на економетријата.

Биографија[уреди | уреди извор]

По посетувањето на Катедралното училиште во Осло,[1] добил диплома по економија од Универзитетот во Осло во 1930 година и на крајот се приклучил на економскиот институт со препорака од Рагнар Фриш. Ховелмо бил асистент на Фриш некое време, додека не бил назначен на одделот за пресметување во институтот. Во 1936 година, Ховелмо учел статистика на Универзитетскиот колеџ во Лондон, додека подоцна отпатувал за Берлин, Женева и Оксфорд на дополнителна надоградба. Тригве станал предавач на Орхускиот универзитет во 1938 година на една година, а потоа добил академска стипендија за да патува во странство и студирал во САД. Во текот на Втората светска војна работел со Нортрашип во статистичкиот оддел во Њујорк. Добил докторат во 1946 година за работата на пристапот за веројатност во економетријата.

Бил професор по економија и статистика на Универзитетот Осло во периодот 1948-1979 и бил главен на трговската катедра од 1947 до 1948 година. Ховелмо стекнал важна позиција во современата економија преку неговата логичка критика на низа вообичаени концепции во математичката анализа.

Во 1989 година, Ховелмо ја добил Нобеловата награда за економија „за неговото разјаснување на теоријата на веројатноста, основите на економетријата и неговите анализи на симултаните економски структури“.[2]

Ховелмо престојувал во Естерос.[3] Починал на 28 јули 1999 година во Осло.

Наследство[уреди | уреди извор]

Џуди Перл напишал „Ховелмо бил првиот кој го препознал капацитетот на економските модели за водење политики“ и „покажал математичка постапка која прави арбитрарен модел и носи квантитативни одговори на прашањата за политиката“. Според Перл, „трудот на Ховелмо, „Статистички импликации на системот на симултани идентитети“,[4] претставува стожер, не само во статистичките импликации на економетриските модели, туку и во нивните причински делови“.[5] Идејата на Ховелмо дека економски модел прикажува низа хипотетички експерименти и дека политиките можат да бидат симулирани преку изменувања равенства во модел станала основа на сите моментално користени формализми на причинска поврзаност. Прв пат бил користен од Роберт Строц и Херман Волд (1960)[6] кој посочил „чистење“ на одбрани идентитети и потоа ги пресликал во графички модели.[7][8] Оваа операција подоцна довела до Перловиот „мора“ калкулус[9][10] и математичка теорија во економетриските модели.[11][12] Перл понатаму шпекулира дека причината зошто економистите општо не ги ценат овие револуционерни придонеси на Ховелмо е бидејќи самите економисти сè уште не постигнале согласност што претставува економскиот модел, како што може да се види од самите економски учебници.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Oslo Katedralskole - en skole med tradisjoner“ (на норвешки). Om skolen. Oslo katedralskole. http://www.oslo-katedral.vgs.no/skolen/. конс. 19 април 2014 г. 
  2. Прокеш, Стивен. „Норвежанец го освоил Нобелот за неговата работа во економијата“, 12 октомври 1989.
  3. „Sky Nobelpros-vinner stakk fra pressen“, 11 октомври 1989. (на норвешки)
  4. Haavelmo, T. (1943 г). The statistical implications of a system of simultaneous equations. „Econometrica“. Reprinted in D.F. Hendry and M.S. Morgan (Eds.), The Foundations of Econometric Analysis, Cambridge University Press, New York, 440–453, 1995 том  11: 1–43. doi:10.2307/1905714. 
  5. Pearl, Judea. Trygve Haavelmo and the Emergence of Causal Calculus. „Econometric Theory“ том  Forthcoming. doi:10.1017/S0266466614000231. 
  6. Strotz, R.H.; Wold, H.O.A. (1960 г). Recursive versus nonrecursive systems: An attempt at synthesis. „Econometrica“ том  28: 417–427. doi:10.2307/1907731. 
  7. Pearl, Judea (1993 г). Comment: Graphical models, causality, and intervention. „Statistical Science“ том  8 (3): 266–269. doi:10.1214/ss/1177010894. 
  8. Spirtes, P.; Glymour, C. N.; Scheines, R. (1993). Causation, prediction, and search. New York, NY: Springer-Verlag. 
  9. Pearl, Judea (1994 г). Lopez de Mantaras, R.; Poole, D.. уред-ци. A probabilistic calculus of actions. „Uncertainty in Artificial Intelligence 10“ (San Mateo, CA: Morgan Kaufmann): 454–462. 
  10. Pearl, Judea (2000). Causality: Models, Reasoning, and Inference (2nd (2009) издание). New York, NY: Cambridge University Press. 
  11. Balke, Alex; Pearl, Judea (1995 г). Besnard, P.; Hanks, S.. уред-ци. Counterfactuals and policy analysis in structural models. „Uncertainty in Artificial Intelligence 11“ (San Francisco, CA: Morgan Kaufmann): 11–18. 
  12. Pearl, Judea (2009). Causality: Models, Reasoning, and Inference. Chapter 7 (2nd издание). New York, NY: Cambridge University Press. 
  13. Chen, Bryant; Pearl, Judea. Regression and Causation: A Critical Examination of Six Econometrics Textbooks. „Real-World Economics Review“ том  65: 2–20. http://ftp.cs.ucla.edu/pub/stat_ser/r395.pdf. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: