Леонид Канторович

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Леонид Канторович
Leonid Kantorovich 1975.jpg
Канторович во 1975 година
Роден 19 јануари 1912(1912-01-19)
Санкт Петербург, Руска империја
Починал 7 април 1986(1986-04-07) (воз. 74 г.)
Москва, СССР
Националност Советски Сојуз
Полиња математика
Образование Ленинградски државен универзитет
Докторски ментор Григориј Фихтенхолц
Владимир Смирнов
Познат по линеарно програмирање
теорема на Канторович
векторска решетка
метрика на Канторович
нееднаквост на Канторович
теорија на претпоставки
итеративен метод
функционална анализа
нумеричка анализа
научно пресметување
Поважни награди Нобелова награда за економија (1975)

Леонид Виталјевич Канторович (руски: Леони́д Вита́льевич Канторо́вич; 19 јануари 1912 во Санкт Петербург  – 7 април 1986 во Москва) — советски математичар и економист, познат по неговата теорија и развој на техниките за оптимална алокација на ресурсите. Се смета за основач на линеарното програмирање. Ја добил Сталиновата награда во 1949 година и нобеловата награда за економија во 1975 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Канторович е роден на 19 јануари 1912 година во семејство на руски Евреи.[1] Неговиот татко бил доктор во Санкт Петербург.[2] Во 1926 година, на возраст од четиринаесет години, ги започнал неговите студии на Ленинградскиот државен универзитет. Дипломирал на математичкиот факултет во 1930 година и се запишал на постдипломски студии. ВО 1934 година на возраст од 22 години станал редовен професор.

Подоцна, Канторович работел за советската влада. Добил задача да го оптимизира производството со шперплочи. Излегол со (1939 г.) математичката техника, денес позната како линеарно програмирање, неколку години пред да биде напреднато од Џорџ Данциг. Издал неколку книги како „Математичкиот метод во планирање на производството и организација“ и „Најдобрите употреби на економските ресурси“. За неговата работа, Канторович ја добил Сталиновата награда во 1949 година.

По 1939 година станал професор на Воениот инженерско-технички универзитет. При Опсадата на Ленинград, Канторович бил професор на универзитетот и надлежен за Патот на животот. Го пресметал оптималното растојание помеѓу автомобилите на мразот, зависејќи од дебелината на мразот и температурата на воздухот. Во декември 1941 и јануари 1942 година, Канторович лично одел помеѓу автомобилите на мразот на езерото Ладога, на Патот на животот, за да се обезбеди дека автомобилите нема да потонат. Меѓутоа, многу автомобили со храна за преживеаните на опсадата биле уништени од германските воздушни напади.

За овој подвиг и храброст, Канторович го добил орденот на Татковинската војна и му бил доделен медалот „За одбрана на Ленинград“.

Medal Defense of Leningrad.jpg

Нобеловата награда за економија, која ја делел со Тјалинг Копманс, му била дадена „за неговите придонеси во теоријата за оптимална алокација на ресурсите“.

Математика[уреди | уреди извор]

Во математичката анализа, Канторович имал важни резултати во функционалната анализа, теоријата за претпоставки и теоријата на управување.

Особено, Канторович формулирал основни резултати во теоријата на нормирана векторска решетка, која е наречена „К-простор“ во негова чест.

Канторович покажал дека функционалната анализа може да биде користена во анализа на итеративните методи, набљудувајќи ги нееднаквостите на Канторович на конвергичната стапка на градиентниот метод и на Њутновиот метод.

Канторович ги сметал проблемите на оптимизацијата, како проблемот Канторович-Монге во транпортната теорија. Неговата анализа ја предложила метриката Канторович, која е користена во теоријата на веројатноста, во теоријата на слаба конвергентност на мерките за веројатност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Soviet Union: empire, nation, and system, By Aron Kat︠s︡enelinboĭgen, page 406, Transaction Publishers, 1990
  2. doi:10.1007/978-1-4419-6281-2_10
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно

Литература[уреди | уреди извор]

  • Данциг, Џорџ, Linear programming and extensions. Princeton University Press and the RAND Corporation, 1963. Cf. стр. 22 за работата на Канторович.
  • Исбел, Џон; Марлоу, В., "On an Industrial Programming Problem of Kantorovich", Management Science, Vol. 8, No. 1 (Oct., 1961), pp. 13–17
  • Kantorovich, L. V. "My journey in science (supposed report to the Moscow Mathematical Society)" [expanding Russian Math. Surveys 42 (1987), no. 2, pp. 233–270]. стр. 8–45. 
  • Koopmans, Tjalling C., "Concepts of optimality and their uses", Nobel Memorial Lecture, 11 декември 1975
  • Кутеладѕе, С., "The World Line of Kantorovich", Notices of the ISMS, International Society for Mathematical Sciences, Осака, Јапонија, јануари 2007
  • Кутеладѕе, С., "Kantorovich's Phenomenon", Siberian Math. J. (Сибирский мат. журн.), 2007, V. 48, No. 1, 3–4, 29 ноември 2006.
  • Кутеладѕе, С., "Mathematics and Economics of Kantorovich"
  • Leifman, Lev J., ed. (1990). Functional analysis, optimization, and mathematical economics: A collection of papers dedicated to the memory of Leonid Vitalʹevich Kantorovich. New York: The Clarendon Press, Oxford University Press. стр. xvi+341. ISBN 0-19-505729-5. 
  • Makarov, V. L.; Sobolev, S. L.. „Academician L. V. Kantorovich (19 January 1912 to 7 April 1986)“. стр. 1–7. 
  • Polyak, B. T.. „History of mathematical programming in the USSR: Analyzing the phenomenon (Chapter 3 The pioneer: L. V. Kantorovich, 1912–1986, pp. 405–407)“, стр. 401–416.
  • (руски) Vershik, Anatoly, et al., "Leonid V. Kantorovich (1912–1986)", Sobolev Institute of Mathematics of the Siberian Division of the Russian Academy of Sciences. Also published in the Siberian Mathematical Journal, Volume 43 (2002), No. 1, pp. 3–8
  • (руски) Vershik, Anatoly, "On Leonid Kantorovich and linear programming"

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: