7 април
Изглед
Предлошка:Април 2026 7 април — 97-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (98-и во престапна година). Остануваат 268 денови до крајот на годината.
Настани:
| 529 | Во Цариград бил издаден првиот нацрт на Јустинијановиот законик (Corpus iustis civilis) — кодификација на царските закони од II век до тогаш. |
| 1348 | Во Прага е основан Карловиот универзитет, прв во Средна Европа. |
| 1795 | Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина. |
| 1906 | Вулканот Везув го уништил градот Неапол во Италија. |
| 1939 | Војската на Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија. |
| 1945 | Втора светска војна: Американските авиони го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“. |
| 1948 | Во рамки на Обединетите Нации, основана е Светската здравствена организација. |
| 1953 | Даг Хамаршелд, шведски дипломат, е избран за генерален секретар на Обединетите нации. |
| 1963 | Усвоен е новиот устав на Југославија, со кој таа се преименувала во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател. |
| 2005 | Пакистан и Индија ја утврдиле граничната линија во областа Кашмир. |
| 2012 | Џојс Банда станала првата жена-претседател на Малави. |
Родени:
| 1770 | Вилијам Вордсворт — англиски поет. |
| 1772 | Шарл Фурје — француски економист и социолог. |
| 1804 | Саломон Милер — германски природонаучник. |
| 1893 | Алмада Негреирош — португалски сликар. |
| 1896 | Бени Леонард — американски боксер. |
| 1915 | Били Холидеј — американска џез-пејачка. |
| 1920 | Рави Шанкар — индиски класичен музичар. |
| 1931 | Тед Кочеф — американски филмски режисер. |
| 1938 | Фреди Хабард — американски џез-музичар. |
| 1939 | Френсис Форд Копола — американски режисер. |
| 1944 | Герхард Шредер — германски канцелар. |
| 1946 | Јанко Луковски — македонски кошаркар и тренер. |
| 1948 | Пјетро Анастази — италијански фудбалер. |
| 1954 | Џеки Чен — хонгконшки глумец. |
| 1964 | Расел Кроу — новозеландско-австралиски глумец. |
| 1967 | Бодо Илгнер — германски фудбалски голман. |
| 1983 | Франк Рибери — француски фудбалер. |
| 1985 | Џек Бауер — новозеландски велосипедист. |
| 1987 | Патрик Греч — германски велосипедист. |
| 1987 | Мартин Касерес — уругвајски фудбалер. |
| 1990 | Џорџ Бенет — новозеландски велосипедист. |
| 1991 | Лука Миливоевиќ — српски фудбалер. |
Починале:
| 1498 | Шарл VIII — Француски крал од династијата Валоа. |
| 1614 | Ел Греко — шпански сликар со грчко потекло. |
| 1761 | Томас Баес — англиски свештеник, филозоф и статистичар. |
| 1789 | Абдул Хамид I — султан на Отоманското Царство. |
| 1943 | Јован Дучиќ — српски поет и дипломат. |
| 1947 | Хенри Форд — американски претприемач, основач на претпријатието Форд. |
| 1975 | Крсто Хегедушиќ — хрватски сликар. |
| 1985 | Карл Шмит — германски политички теоретичар. |
| 1953 | Димитар Влахов — македонски револуционер, политичар и публицист. |
| 1968 | Џими Кларк — шкотски автомобилист. |
| 2017 | Релја Башиќ — хрватски глумец. |
| 2025 | Клем Бурк — американски рок-музичар, член на групата Блонди. |
Празници:
| * | Светски ден на здравјето |