2 век
< 1 век | 2 век | 3 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
2 век започнал на 1 јануари 101 година, а завршил на 31 декември 200 година. Се смета за дел од класичната антика.
На почетокот од овој век, Римското царство го достигнало своето најголемо територијално проширување за време на владеењето на царот Трајан, но по неговата смрт тоа започнало полека да пропаѓа.[1] Ова бил век на проспоритет на империјата, а најпознат е по владеењето на Петте добри императори. За време на владеењето на царот Адријан, Евреите биле протерани од Ерусалим по Востанието на Бар Кохба. Последната четвртина од векот го означила крајот на периодот на мир и просперитет, познат како Pax romana, со смртта на царот Марко Аврелиј, последениот од Петте добри императори и доаѓањето на власт на царот Комод.
Иако во текот на првата половина од овој век Хан династијата во Кина цврсто се држела на власт и го проширила своето царско влијание во Централна Азија, во втората половина од векот владеела широко распространета корупција и избувнало Востанието на жолтите турбани. Овие превирања постепено довеле до конечниот пад на династијата во 220 година.[2]
Настани[уреди | уреди извор]
- 96 - 180: Петте добри императори на Рим: Нерва, Трајан, Адријан, Антонин Пиј, Марко Аврелиј.
- 101 - 102, 105 - 106: Дакиските војни. По два конфликта, Дакија била анектирана како римска провинција.
- 114 - 116: По војната со Партија, Ерменија и Месопотамија привремено биле анектирани од Римската Империја.
- 115 - 117: Китоската војна, за време на Еврејско-римските војни.
- 122 - 132: Бил изграден Адријановиот ѕид во северна Англија.
- 127 - 140: Канишка I бил цар на Кушанската империја.
- 132 - 135: Востанието на Бар Кохба против Рим.
- 132: Кинеските хроники го опишувале постоењето на дипломатски односи меѓу Јава и Кина.
- 140 - 180: Хувишка I, владетел на Кушанската империја.
- 142 - 154: Антониновиот ѕид бил изграден во централна Шкотска.
- 144: Маркион бил отфрлен од црквата во Рим.
- 161 - 166: Римско-Партијската војна на Луциј Вер.
- 165 - 180: Чумата на Антонин во Рим.
- 166 - 180: Маркомански војни.
- 180 - 192: Владеењето на римскиот император Комод.
- 184 - 205: Востанието на жолтите турбани во Кина.
- 184 - 189: Во северозападна Кина избувнало востание во провинцијата Лианг.
- 189 - 220: Крајот на династијата Хан.
- 190 - 191: Воени лидери низ Кина започнале кампања против Донг Жуо.
- 193: Годината на петте императори во Рим.
- 193 - 211: Владеење на римскиот император Септимиј Север.
Личности[уреди | уреди извор]
- Адријан, римски император
- Акива бен Јосеф, еврејски рабин
- Антонин Пиј, римски император
- Ванг Јун, кинески функционер
- Виктор I, римски папа од 189 до 199 год.
- Вологаз IV, владетел на Партија
- Вологаз V, владетел на Партија
- Дун Џуо, кинески генерал, политичар и војсководец
- Игнатиј Антиохиски, христијански светец и третиот патријарх на Антиохија
- Иринеј Лионски, христијански светец
- Јехуда ха-Наси, водач на еврејската заедница во Јудеја
- Јуан Шао, кинески војсководец
- Јуан Шу, кинески војсководец
- Јулија Домна, римска императорка
- Јустин Филозоф, ранохристијански филозоф, теолог и маченик
- Канишка, кушански владетел
- Комод, римски император
- Конг Ронг, кинески научник
- Ли Бу, кинески генерал и војсководец
- Луциј Вер, римски император
- Марко Аврелиј, римски император и филозоф
- Монтан, христијански еретик
- Нагарџуна, индиски филозоф и основач на школата мадхјамака, кој ги поставил доктринарните темели на махајана будизмот
- Поликарп Смирнски, епископ на Смирна, еден од раните Апостолски отци, директен ученик на свети Јован Богослов
- Септимиј Север, римски император
- Симон бар Кохба, еврејски бунтовник
- Сун Це, кинески генерал и војсководец
- Трајан, римски император
- Хувишка, кушански владетел
- Чаи Јонг, кинески научник
- Џанг Даолин, кинески таоистички пустиник
- Џанг Хенг, кинески астроном, географ, инженер, изумител и поет
Литература[уреди | уреди извор]
- Ахил Татиј, грчки писател
- Апулеј, римски писател
- Авл Гелиј, римски писател и граматичар
- Јувенал, римски поет
- Ксенофон од Ефес, грчки писател
- Лонг, грчки поет
- Лукијан од Самосата, грчки писател и реторичар
- Плиниј Помладиот, римски правник, автор и природонаучник
- Харитон, грчки писател
Наука и филозофија[уреди | уреди извор]
- Абаскантиј, римски лекар
- Аполодор Дамаски, грчки инженер, архитект, дизајнер и вајар
- Аријан, грчко-римски историчар
- Валентин, римски историчар
- Гален, грчки лекар
- Епиктет, грчки филозоф, припадник на Стоичката школа
- Клавдиј Птоломеј, познат римски историчар, географ и астроном
- Ма Ронг, кинески научник и писател
- Марко Корнелиј Фронтон, римски граматичар и реторичар
- Плутарх, грчки филозоф, историчар и писател
- Светониј, римски историчар
- Сју Шен, кинески филолог
- Тацит, римски историчар
- Хуа То, кинески лекар
- Хигин Громатик, римски писател
- Цаи Лун, кинески изумител
Откритија[уреди | уреди извор]
- 105: Цаи Лун од Кина ја измислил хартијата.
- Клавдиј Птоломеј составил каталог на сите ѕвезди видливи со голо око. Тој исто така составил три од највлијателните книги во западната историја:
- Almagest, математичка и астрономска расправија за привидните движења на ѕвездите и планетарните патеки, кое дело станало основа за западна и блискоисточна астрономија сé до времето на Никола Коперник и Јоханес Кеплер.
- Tetrabiblos, е текст за филозофијата и практиката на астрологијата.
- Geographia, е географски лексикон, атлас и трактат за картографија, кој претставувал компилација на сите географски познавања на Римското царство од II век.
- 125: Џанг Хенг од Кина ја измисли првата армиларна сфера на воден погон.
- 132: Џанг Хенг од Кина го измисли првиот сеизмометар за откривање на насоката на земјотресите.