Иринеј Лионски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Иринеј Лионски
Bishop and Martyr
Роден(а) 2 век, Смирна (денес Измир, Турција)
Умрел(а) 202, Лион, Франција
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Православие
Древноисточни цркви
Лутеранство
Англиканство
Слава 28 јуни (Римокатоличка црква) (Англиканство); 23 август (Православие)

Иринеј Лионски e христијански светец, еден од големите Отци на црквата.

Иринеј бил роден во Сми­р­на. Бил ученик на смирненскиот епископ свети Поликарп. Од непознати причини, Иринеј ја напуштил Смирна и отишол во Рим. Свети Иринеј бил ракоположен за презвитер од свети Поликарп и заедно со Потин проповедал во Галија (денешна Франција). Тие двајца свети мажи ставиле основи на црквите во Лион и Виена. Епископот Потин бил зат­во­рен и во затворот се упокоил. Свети Иринеј се спасил од тоа про­гон­ство, и по смртта на Потин, лионските христијани го из­бра­ле за свој епископ во 178 година[1].

Иринеј напишал пет книги против ересите. Во нив јасно и крас­но­речиво го изложил христијанското учење и ги побивал лаж­ни­те учители.

Све­ти Иринеј во своите постари години кажал: „јас живо помнам сè што ми раскажуваше Поликарп за своите беседи со Јован Богослов, кој­што говорел за Исус Христос, за Неговите чудеса и учење. И, Поликарп верно ни предаваше сè она што беше чул од о­че­ви­де­цот на Словото на животот. Јас, по Божја милост, сето тоа го слу­шав со внимание и го запишав не на хартија, но во срцето си”.

Наводи[уреди]