Викентиј Лерински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Викентиј Лерински
Починал(а) о. 445, Лерински Острови, Римско Царство (денешна Франција)
Почитуван(а) во Католичка црква[1]
Православна црква[2]
Англиканска црква
Слава 24 мај

Викентиј Лерински (латински: Vincentius) (Галија, околу. 400 – непознато, 450) – црковен писател од 5 век.[3] Тој бил монах и автор на раните христијански списи како Комониториумот кој датира од 434 и се смета за вовед во православното учење на христијанството.[4] Се празнува на 24 мај (по стар стил), т.е. 6 јуни (по нов стил)[5].

Животопис[уреди | уреди извор]

Викентиј Лерински е роден во Тулуз, Галија[6] во благородничко семејство и се смета дека бил брат на Луп Тројански.[7] Во раниот живот се занимавал со секуларни потраги; не е јасно дали станува збор за цивилни или воени, иако терминот што тој го користел бил, „секуларистичка милиција“. Се замонашил во Леринската опатија на островот Сент-Онора каде под псевдонимот Перегрин го напишал Комониториумот, о. 434 , околу три години по Третиот вселенски собор.[8][9]

Генадиј Масилијански напишал дека Викентиј умрел за време на владеењето на римскиот цар Теодосиј Втори на Исток и на Валентинијан III на Запад. Затоа, неговата смрт мора да се случила во или пред 450 година. Неговите мошти се зачувани во Лерин.[10]. Цезар Барониј го вклучил неговото име во Римската мартирологија а се одбележува на 24 мај.

Комониториум[уреди | уреди извор]

Викентиј го напишал Комониториумот за да обезбеди општо правило за да се разликува католичката вистина од ерес. Позната максима на Викентиј била следнава: „... во самата Католичка црква мора да се води секаква можна грижа, за да ја одржиме верата во која се веруваше насекаде, секогаш, од сите“.[11] Прифатената идеја дека Викентиј бил семипелагијан му се припишува на протестантскиот теолог од 17 век, Гергард Иоган, развиена во 17 век од кардиналот Енрико Норис.[12] ( xxii ) Доказ за семипелагијанството на Викентиј, според Реџиналд Моксон, било дека Викентиј во Комониториумот се изјаснувал против доктрините на Свети Августин.[12] ( xxvii )

Семипелагијанство[уреди | уреди извор]

Семипелагијанството било доктрина што ја застапувале монасите во и околу Марсеј во Јужна Галија по 428 година. Имала за цел да биде компромис помеѓу двата екстреми на пелагијанството и августинизам и било осудено како ерес во Вториот совет во Оранж во 529 г. по повеќе од еден век спорови.[13]

Викентиј се сомничел за семипелагијанство, но не е сосем јасно дали ја држел таа доктрина, бидејќи истата не се наоѓа во Комониториумот. Но сепак е извесно дека неговите симпатии биле со оние што ја поддржувале таа доктрина. Со оглед на тоа дека монасите на Леринските острови - како и цело свештенство на Јужна Галија- биле семипелагијанци, не е чудно што Викентиј се сомничел за истото. Викентиј стоел поблизу до источно-православната позиција од денес, која била практично универзална до времето на Августин, и која можеби се толкувала како семипелегијанство од страна на следбениците на Августин.

Викентиј ја поддржувал традицијата и се чинело дека се спротивставува на голем дел од делото на Августин како „нова“ теологија. Во Комониториумот ги навел теолозите и учителите кои, според него, дале значителни придонеси во одбраната и ширењето на Евангелието; тој го изоставил Августин од тој список.

Прашање на академска дебата е дали Викентиј бил авторот на Objectiones Vincentianae, збирка од шеснаесет заклучоци, наводно, произлезени од списите на Августин, кои се изгубени и за нив се знае само низ делото на Проспер Аквитански, Responsiones ad capitula objectionum Vincentianarum. Тоа датира од времето на Комониториумот, а неговите аними се многу слични на делот 70 и 86, со што не е исклучена можноста и двете да биле напишани од истиот автор.[8]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Томас Г. Гуарино, Викентиј Лерински и развојот на христијанската доктрина. Гранд Рапидс: Бејкер Академик, 2013 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 24 May Archived 2011-10-12 на Wayback Machine. The Roman Martyrology.
  2. Great Synaxaristes: (грчки) Ὁ Ὅσιος Βικέντιος τῶν Λερίνων. 24 Μαΐου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
  3. Ristovski, Blaže. (2009). Makedonska enciklopedija. MANU. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
  4. Online, Catholic. „St. Vincent of Lerins - Saints & Angels“. Catholic Online (англиски). Посетено на 2020-08-07.
  5. „Преподобен Викентиј Лерински (V)|juni/06-062“. denovi.mk. Посетено на 2020-08-07.
  6. "St. Vincent of Lérins", St. Vincent of Lérins Orthodox Church, Saskatoon, Saskatchewan
  7. http://www.catholic.org/saints/saint.php?saint_id=2006
  8. 8,0 8,1  Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостGhellinck, Joseph de (1912). "St. Vincent of Lérins". In Херберман, Чарлс. Католичка енциклопедија. 15. Robert Appleton Company. http://www.newadvent.org/cathen/15439b.htm. 
  9. „CATHOLIC ENCYCLOPEDIA: St. Vincent of Lerins“. www.newadvent.org. Посетено на 2020-08-07.
  10. Butler, Alban. The Lives or the Fathers, Martyrs and Other Principal Saints, Vol.V, by the Rev. Alban Butler, D. & J. Sadlier, & Company, (1864)
  11. „The Commonitory of Vincent of Lérins“ . A select library of the Nicene and post-Nicene fathers of the Christian Church – преку Викиизвор.
  12. 12,0 12,1 Предлошка:Citation-attribution Has good notes.
  13.  Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостPohle, Joseph (1912). "Semipelagianism". In Херберман, Чарлс. Католичка енциклопедија. 13. Robert Appleton Company. http://www.newadvent.org/cathen/13703a.htm.