Боетиј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Аникиј Манлиј Северин Боетиј, познат како Боетиј, (латински: Anicius Manlius Severinus Boethius, 480 - 524) - римски поет и филсооф.

Биографија[уреди | уреди извор]

Боетиј служел во дворецот на кралот Теодорик (кому му бил добар пријател) во Равена, но подоцна бил обвинет за предавство, затворен и погубен. Познато е дека имал богата библиотека, обложена со кристал и со слонова коска.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Боетиј бил плоден писател, а се бавел и со преведување на старогрчките философи и математичари. Додека го чекал извешувањето на смртната казна, во затворот, го напишал своето најважно дело, „Утехата на философијата“ во пет книги. Во него, персонифицираната философија го посетува во затворската ќелија за да го утеши и му зборува за променливата човекова среќа и за доблеста која не може да му се одземе на човекот. Боетиј се смета за последниот писател од античкото време.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Anicije Boetije“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 104.
  2. „Anicije Boetije“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 104.