Среќа
Среќата е чувство кое го поседува секој човек, но понекогаш поединецот не е свесен за среќата која ја има. Среќата може да биде различна. Се смета дека работите кои го прават човекот среќен се мали и безначајни, а работите кои го растажуваат се големи. Човекот е среќен кога нема грижи, кога е задоволен од својот живот, кога желбите му се остварени, но не е среќен ако неговите желби се остварени, а не се остварени желбите на некои луѓе (особено, на блиските).
Филозофија на среќата
[уреди | уреди извор]Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, најголемата можна среќа за човекот на овој свет е да живее спокојно поради својата состојба полна со смирена и сигурна надеж за некоја многу подобра иднина. Притоа, тој не треба да се вознемирува со желбата што побрзо да ја ужива замислената најубава иднина.[1]
Во својата книга „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ ја вклучил и расправата со наслов „За среќата“. Во неа, тој вели дека сфаќањето на човекот за среќата е релативно, во зависност од возраста, културата или општествениот слој.[2]
Мерење на среќата
[уреди | уреди извор]Постојат бројни обиди за мерење на среќата и факторите од кои зависи таа. Според истражувањето на Школото „Вудро Вилсон“ (Woodrow Wilson School) во рамките на Универзитетот „Принстон“ (Princeton University), нивото на среќата зависи од заработувачката на луѓето, но среќата се зголемува само додека се достигне заработувачка од 75.000 долари, годишно. Потоа, независно од порастот на доходот, чувството на среќа стагнира. Понатаму, истражувањето покажало дека постојат два вида среќа: таа што се менува секојдневно, под влијание на стресот или емоциите поврзани со дневните случки, а втората е подлабоката форма насреќа, која се однесува на задоволството од одвивањето на животот, воопшто. Оттука, луѓето кои заработуваат повеќе од 75.000 долари годишно чувствуваат дека нивниот живот се подобрува, но тоа не им ја зголемува секојдневната среќа. Од друга страна, луѓето кои заработуваат помалку од 75.000 долари не се потажни, туку повеќе се изложени на непријатни ситуации во врска со решавањето на секојдневните проблеми.[3]
Среќата како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Често, среќата се јавува како честа тема во уметноста и во популарната култура.
Среќата како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Општа среќа“ - кавкаска народна приказна.[4]
- „Среќа“ - песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.[5]
- „Надвор ми мириса на среќа“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[6]
- „Среќа“ - поетска збирка на францускиот поет Пол Верлен од 1891 година.[7]
- „Песна за среќата“ - песна на рускиот поет Александар Галич од 1957 година.[8]
- „Среќа“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[9]
- „Другарите на среќата“ - роман за деца на францускиот писател Рене Гијо.[10]
- „Детето и среќата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[11]
- „Среќа“ - песна на полскиот поет Мјечислав Јаструн.[12]
- „Сега сум среќен!“ (Я счастлив!) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1929 година.[13]
- „Среќа“ (српски: Sreća) - песна на Десанка Максимовиќ.[14]
- „Човекот кој имаше среќа“ - драма на американскиот писател Артур Милер.[15]
- „Среќа“ — песна на македонскиата поетеса Цветанка Невчева.[16]
- „Криза на среќата“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини.[17]
- „Тоа е голема среќа“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[18]
Среќата како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Билет за среќа“ (хрватски: Karta za sreću) - песна на хрватската рок-група Азра од 1981 година.[19]
- „Секој е среќен денес“ (англиски: Everybody's happy nowadays) - песна на британската панк-рок група Базкокс (Buzzcocks) од 1979 година.[20]
- „Среќата е жежок пиштол“ (англиски: Happiness is a Warm Gun) - песна на англиската поп-рок група Битлси од 1968 година.[21]
- „Насилнички среќна“ (англиски: Violently Happy) - песна на исландската поп-музичарка Бјорк (Björk) од 1993 година.[22]
- „Среќа“ (англиски: Happiness) - песна на британската реге група Black Uhuru.[23]
- „Среќа“ (англиски: Happiness) — песна на американската рок-група Grant Lee Buffalo од 1994 година.[24]
- „Ах, каква среќа“ (српски: Ah kakva sreća) — песна на српската рок-група Дисциплина кичме од 1989 година.[25]
- „Среќен“ (англиски: Happy) - песна на американскиот поп-пејач Фарел Вилијамс.[26]
- „Се надевам дека сега си среќна“ (англиски: I Hope You're Happy Now) - песна на англискиот рок-музичар Елвис Костело од 1986 година.[27]
- „Биди среќен!!“ (англиски: Get Happy!!) — музички албум на Елвис Костело (Elvis Costello) од 1980 година.[28]
- „Среќа“ — песна на хрватската поп-пејачка Јосипа Лисац од 1973 година.[29]
- „Кога знаеш зошто си среќен“ (англиски: When You Know Why You're Happy) - песна на канадската музичарка Мери Маргарет О'Хара (Mary Margaret O'Hara) од 1988 година.[30]
- „Под маската на среќата“ (англиски: Under The Mask Of Happiness) - песна на американскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1988 година.[31]
- „Среќна и крварам“ (англиски: Happy And Bleeding) - песна на британската рок-музичарка П Ј Харви (P J Harvey) од 1992 година.[32]
- „(Дали си) Среќен?“ (англиски: (Are You) Happy?) - песна на американската хард-кор група Реган Јут (Reagan Youth).[33]
- „Среќен“ (англиски: Happy) - песна на британската рок-група Ролинг Стоунс од 1972 година.[34]
- „Надеж за среќа“ (англиски: Hope For Happiness) — песна на англиската рок-џез група Софт машин (Soft Machine) од 1968 година.[35]
- „Двојно среќен“ (англиски: Double Happy) - песна на новозеландската рок-група Сплит енз (Split enz) од 1980 година.[36]
- „Среќата е лесна“ (англиски: Happiness is Easy) — песна на англиската поп-рок група Ток Ток (Talk Talk) од 1986 година.[37]
- „Среќни заедно“ (англиски: Happy Together) - песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1982 година.[38]
- „Среќен човек“ (англиски: Happy Man) - песна на американската поп-група Шик (Chic) од 1978 година.[39]
Среќата како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Среќа“ - (руски: Счастье) - советски филм од 1934 година, во режија на Александар Медветкин.[40]
- „Дали е среќен човекот што е висок?“ (Is the Man Who Is Tall Happy?) - документарен филм на режисерот Мишел Гондри од 2013 година.[41]
- „Среќата е за слабаци“ — германски филм од 2018 година во режија на Анка Мируна Лазареску.[42]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 113.
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 30.
- ↑ Лидија Георгиева, „Иднината е споделба - нови модели за среќа на работното место“, Економија и бизнис, година 18, број 212, февруари 2016, стр. 28-31.
- ↑ Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 122-127.
- ↑ Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 43-44.
- ↑ Пакал Гилевски, „За поезијата на Пол Верлен“, во: Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 12.
- ↑ Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ Белешка за авторот, во: Рене Гијо, Бела грива. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 115.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 32-33.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 115.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 187-190.
- ↑ D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 28.
- ↑ Нада Момировска, „Поговор“, во: Артур Милер, Сите мои синови. Скопје: Наша книга, 1983, стр. 85.
- ↑ Современост број 3/2023, стр. 66.
- ↑ Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 51.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 296-297.
- ↑ Sunčana strana ulice, Komuna, CD 1002.
- ↑ The Buzzcocks, Singled going steady, I.R.S. Records, X2-13153.
- ↑ YouTube, The Beatles - Happiness Is a Warm Gun (Anthology 3 Disc 1) (пристапено на 24.6.2017)
- ↑ Discogs, Björk – Debut (пристапено на 10.8.2020)
- ↑ Black Uhuru, Reggae Greats, Island Records, IMCD 3 (824 694-2), 1985.
- ↑ AllMusic, Mighty Joe Moon (пристапено на 11.11.2022)[мртва врска]
- ↑ Discogs, Disciplina Kičme – Зелени Зуб Na Planeti Dosade (пристапено на 10.9.2022)
- ↑ YouYube, Pharrell Williams - Happy (Official Music Video) (пристапено на 12.2.2017)
- ↑ YouTube, Elvis Costello- Blood & Chocolate-I Hope Your Happy Now (пристапено на 10.12.2017)
- ↑ DISCOGS, Elvis Costello & The Attractions – Get Happy!! (пристапено на 13.5.2022)
- ↑ Josipa Lisac – Dnevnik Jedne Ljubavi (пристапено на 18.2.2023)
- ↑ Discogs, Mary Margaret O'Hara – Miss America (пристапено на 18.3.2021)
- ↑ Graham Parker – The Mona Lisa's Sister (пристапено на 16.12.2017)
- ↑ DISCOGS, P J Harvey* – Dry (пристапено на 2.12.2019)
- ↑ YouTube, reagan youth - (are you) happy? (пристапено на 5.2.2018)
- ↑ Discogs, Rolling Stones* – Exile On Main St. (пристапено на 9.3.2021)
- ↑ The Soft Machine* – The Soft Machine (пристапено на 19.4.2024)
- ↑ YouTube, Split Enz-True Colours (Full Album) 1980 (пристапено на 6.6.2017)
- ↑ Talk Talk - The Colour of Spring (1986) FULL ALBUM (пристапено на 2.4.2024)
- ↑ DISCOGS, The Jam – The Gift (пристапено на 17.6.2020)
- ↑ C'est Chic, Atlantic Recording Corporation, CD 81552-2, 1978.
- ↑ Кинотека на Македонија, „Програма ноември 2015“.
- ↑ Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 52.
- ↑ [1]
Видови чувства |
|
---|---|
Анксиозност • Апатија • Вина • Вознесеност • Глупавост • Гордост • Горчина • Депресија • Дефетизам •Досада • Ентузијазам • Задоволство • Засраменост • Збунетост • Изненадување;• Лутина • Љубов • Љубомора • Меланхолија • Навредност • Надеж • Носталгија • Огорченост • Одвратност •Омраза • Осаменост • Отфрленост • Паника •Презир • Разочараност • Самозадоволство • Сочувство • Срам • Среќа • Страв • Стравопочит • Страдање • Фанатизам • Фрустрираност • |
|