Среќа (филм од 1934)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Среќа (руски: Счастье) - советски филм од 1935 година, во режија на Александар Медветкин, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Пјотр Зиновев, Елена Егорова, Николај Черкасов и Лидија Ненашева.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива за време на Руското царство, а потоа и во СССР, за време на колетивизацијата. Во него е прикажан мачниот живот на еден земјоделец (мужик), кој живее во тешка сиромаштија за време на царскиот режим. Потоа доаѓа новата болшевичка власт, која започнува со колективизација, но старите сили (земјопоседниците и свештениците) се обидуваат да ги уништат плодовите на новата власт. Во двата режима, селанецот се соочува со постојани проблеми...[2]

Осврт кон филмот[уреди | уреди извор]

„Среќа“ бил последниот советски нем филм. Првобитно, во филмот била вклучена и една секвенца во боја, но потоа таа била исфрлена поради лошиот квалитет на бојата. Овој филм бил многу популарен кај француските синеасти во 1960-тите, кои го истакнувале како пример за вистински народен филм, наменет за пошироката публика.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кинотека на Македонија, „Програма ноември 2015“.
  2. Кинотека на Македонија, „Програма ноември 2015“.
  3. Кинотека на Македонија, „Програма ноември 2015“.