Меланхолија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Човек чие лице е пример за меланхоличен темперамент (1789)
Меленхолија I од Албрехт Дирер, 1514 година
Анатомија на меланхолија на Роберт Бартон, 1626 година, второ издание

Меланхолија — душевна болест која се одликува со беспричинска тага, нерасположение, страв, забавени душевни функции и склоност кон самоубиство. Во минатото, од 5-4 век п.н.е. во списите на Хипократ, меланхолијата била опишана како состојба на болест која се одликува со „недостаток на апетит, очај, несоница, раздразливост, вознемиреност“. Исто така се тврдело дека „тагата и стравот, кога траат долго време, предизвикуваат меланхолија“. Денес, меланхолија се смета за ист феномен како и депресивното растројство.

Според старата хипократска теорија за четирите темпераменти, меланхолијата е резултат на нерамнотежа во човечката душа предизвикана од доминацијата на супстанција произведена од жолчката, која се шири низ крвта во телото.

По откривањето на циркулацијата на крвта од страна на Вилијам Харви во 1628 година, оваа теорија го изгубила своето значење.

Меланхолијата како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 18.
  2. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 73.
  3. IMDB, Melancholia (2011) (пристапено на 27.10.2014)