Страв

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Од стравот и од анксиозноста се разликува поимот преплашеност, состојба кога човек неочекувано, непредвидливо и брзо е преплашен при непријатна и изменета ситуација која го загрозува животот, но се уШте без јасно сознание. Преплашеност — е емоционална состојба која што, наспроти преплашеноста се јавува кога е поврзана со јасно сознание определено со позната опасност, подолго трае и полесно може да биде отстранета. Паниката — е емоционална состојба која што често се јавува во група луѓе, но може да опфати и еден поединец. Таа е реакција на опасноста која го загрозува животот на луЃето (експлозии, пожари, поплави, земјотреси и сл.) и која трае толку колку е присутна опасноста. Ужасот — е највисок степен на стравот. Него го нарекуваат «афект на стравот». ФизиолоШкиот механизам на ужасот, како и секој афект е блокирање на кората на големиот мозок под влијание на вонредна силна возбуденост на супкортикалните центри. БестраШност (смелост, храброст, одважност, занес-восхит, хероизам) — МеЃутоа не се помалку разновидни по своите јавувања и различните форми на совладување на стравот. Тие форми се: смелоста, храброста, одважноста, занесоит, восхитот и хероизмот. При појавата на смелоста, стравот останува, но активноста се определува со мислење и со реШенија на волјата. Смел е тој кој знае дека пред себе е опасноста, но сепак оди кон неа. Смелиот човек секогаШ знае и може да каже зоШто тој го отстранува (спречува) стравот, активности (смела мисла, смело реШение). Храброста — е поврзана со стеничните емоционални возбудувања при возбуденост во времето на опасноста. На храбриот му се допаЃа храброста, доживувањата му се стенични и активностите не му се дезорганизирани. МеЃутоа безумната храброст како и безумниот страв подеднакво се погубни. Воспитувањето на храбростса е воспитување на секоја опасна и ризична, но сразмерна задача. Тоа е воспитување во увереноста во своите сили и во својата техничка и физичка подготвеност.

Одважноста — човекот ја доживува како акт, како дело. Смел и храбар човекот може да биде и при постигнувањето лични цели, но одважниот човек постигнува цел сфатена само како опШто дело. Кај одважниот човек стравот се совладува поради чувството на должност, на почит, на морална обврска. Ако смелиот човек оди во пресрет на опасноста, на напорот оди возбудено, одважниот оди во пресрет на опасноста оди спокојно. Чувството на должност непосредно е сврзано со убеденоста и со погледот на човекот кон светот, како и со неговите морални погледи. Хероизмот — како поим има позитивна социјална содржина. Хероизмот се пројавува со висок степен позитивна емоција при изврШувањето на кој и да е подвиг Што има големо опШтествено значење.

Стравот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Бранови на стравот“ (Waves of Fear) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1982 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]