Јосипа Лисац
Изглед
Јосипа Лисац | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Јосипа Лисац |
Роден(а) | 14 февруари 1950 |
Потекло | Загреб, Хрватска |
Жанрови | поп, рок, фанк, џез |
Занимања | Пејачка |
Инструменти | Вокал |
Период на активност | 1968–сѐ уште |
Соработници | Златни Акорди, Карло Метикош |
Мреж. место | josipalisac.com |
Јосипа Лисац (14 февруари 1950 во Загреб) — хрватска пејачка која во 1960–тите била член на групата Златни Акорди. Нејзиниот прв солистички албум Dnevnik jedne ljubavi бил издаден во 1973 година, и критиката го смета за едно од позначајните остварувања во хрватската музичка историја. Во 1987 Лисац конкурирала на Југовизија со цел да ја претставува Југославија на Евровизија, каде со песната „Gdje Dunav ljubi nebo“ завршила деветта од вкупно 24 натпреварувачи. Освен рок нумери, Лисац пеела и босански севдалинки и хрватски божиќни песни. Била почитувана на југословенската музичка сцена поради силниот глас и автентичниот моден стил.
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Dnevnik jedne ljubavi (1973)
- Najveći uspjesi '68./ '73. (1974)
- Gubec-Beg (1975)
- Josipa Lisac & B.P. Convention Big Band International (1976)
- Made in USA (1979)
- Hir, hir, hir (1980)
- Lisica (1982)
- Hoću samo tebe (1983)
- Boginja (1987)
- Balade (1987)
- Live in Lap (1991)
- Čestit Božić (1992)
- Ritam kiše (1993)
- Koncert u čast Karla Metikoša (1995)
- Antologija (1997)
- The Best of (1998)
- Život (2000)
- Live (2000)
- Live in Concert (2002)
- Koncert ljubavi u čast Karla Metikoša (2007)
- Živim po svome (2009)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место
- Биографија на Кроација Рекордс (хрватски)