Презир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Презир (германски: Hohn)

Презир — социјално чувство што некој го доживува кон друга личност, односно крајно омаловажување што се чувствува или покажува. Презирот е емоција на меѓучовечко отфрлање, особено на членовите на друштва на кои не припаѓаме, најчесто врз основа на предрасуди. Пол Екман го класифицира меѓу седумте основни емоции: презир, лутина, одвратност, страв, среќа, тага и изненадување.

Исходот на презирот лежи во вредносниот состав на одредена култура, семејство или поединци и не би бил возможен без вредносните стандарди. Современите општества се хетерогени и се состојат од различни групи со спротивставени вредносни системи. Презирот е едно од основните средства за социјализација, бидејќи содржи закана дека поединецот кој не ги прифаќа минималните вредности кои припаѓаат на саканата група ќе биде отфрлен, исклучен или нема да биде прифатен во таа група.

Презирот секогаш е насочен кон личност или група луѓе, а никогаш кон предмети или животни. Оној што презира со својот презир се става на културно исправната страна на вредностите врз основа на кои презира.

Иако презирот секогаш е насочен кон битието на друга личност, тој може да биде насочен само кон некои елементи на друго битие (кон неговите карактерни особини), но и кон целото битие, тогаш се работи за целосен презир.

Неразумниот презир се јавува кога личноста е презрена без оглед на неговите дела или постапки, бидејќи тој или оние кои го презираат веруваат дека таа личност е безвредна поради неговото потекло, раса, пол или други карактеристики.

Појавување[уреди | уреди извор]

Презирот се јавува кога сметаме дека другата личност е инфериорна. Во строго хиерархиските култури, презирот произлегува од социјалната положба или престиж што ја има личноста и е насочена „надолу“ (кон оние што ги сметаме помалку вредни од нас). Во егалитаристичките култури, презирот се јавува од верувањето дека одредена личност не ја заслужува социјалната положба или престижот што го има.[1] Во овој случај презирот може да биде насочен од долу нагоре во социјалната скала.

Емотивно-психолошки аспект[уреди | уреди извор]

Во опитната психологија, на презирот се гледа како на посебна форма на одвратност[2] или лутина (односно гнев)[3] или како мешавина од двете емоции.[4]

Според Пол Екман, и некои други психолози, презирот е едно од основните човечки чувства, кој се карактеризира со вроден и универзален израз на лицето. Изразувањето на презир е исто и препознатливо (лесно се воочува иако луѓето се од различни култури).[5] Според Роберт Плучик, презирот не е основно чувство затоа што е составен од други основни емоции (лутина и одвратност).[6]

Во контекст на модерните психоаналитички неврози, презирот се сфаќа како нарцисоидно-агресивен афект.[7] Истражувањата за регулирање на чувствата кај пациенти на граница на растројство на личноста открија акумулирање на чувствата на одвратност и презир.[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. William Ian Miller: The Anatomy of Disgust. Harvard University Press, Cambridge MA u. a. 1997, ISBN 0-674-03154-7.
  2. Paul Ekman, Wallace V. Friesen: Unmasking the Face. A Guide to Recognizing Emotions from Facial Clues. Prentice-Hall, Englewood Cliffs NJ (1975), ISBN 0-13-938183-X.
  3. Robert Plutchik: Emotion. A Psychoevolutionary Synthesis. Harper & Row, New York NY 1980, ISBN 0-06-045235-8.
  4. Robert Plutchik: Emotions and Life. Perspectives from Psychology, Biology, and Evolution.Revised and updated edition. American Psychological Association, Washington, DC 2002, ISBN 1-55798-949-4.
  5. z. B. Paul Ekman: Gefühle lesen. Wie Sie Emotionen erkennen und richtig interpretieren. Spektrum Akademischer Verlag, Heidelberg 2004, ISBN 3-8274-1494-6; Rezension.
  6. Vgl. z. B. Robert Plutchik: Emotions and Life. Perspectives from Psychology, Biology, and Evolution.Revised and updated edition. American Psychological Association, Washington, DC 2002, ISBN 1-55798-949-4; s. auch Plutchik: The Nature of Emotions.
  7. vgl. Seminarplan Tilman Habermas (SS 2007, Uni Frankfurt): Предлошка:Webarchiv Mit zahlreichen Literaturangaben. (PDF; 35 kB).
  8. vgl. Cord Benecke, Gerhard Dammann: Nonverbales Verhalten von Patientinnen mit Borderline-Persönlichkeitsstörung. In: Matthias Hermer, Hans Gerhard Klinzing (Hrsg.): Nonverbale Prozesse in der Psychotherapie. Dgvt-Verlag, Tübingen 2004, ISBN 3-87159-047-9, S. 261–272, (PDF; 615 kB).