Паника

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Паника[1] – ненадеен и јак страв на единка или цела група, кој најчесто се јавува кога животот на единката или групата е доведен во прашање (на пример при оружен грабеж, паѓање на авион, пожар, итн.). Паника често се јавува и кај лица кои боледуваат од анксиозност.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Самиот збор „паника“ потекнува од грчки јазикгрчкиот збор „паникон“, кој означува поврзаност со Пан, богот на шумите и ливадите кој можел да прави необични звуци кои предизвикуваат смртен страв кај стадите овци и кози, луѓе итн.

Последици[уреди | уреди извор]

Паника на група предизвикува хаотично однесување и губење на секој облик на самоконтрола. Предисториските луѓе вешто ја користеле паниката на животните, оние кои при средба со оган или пресилен звук, така би се испаничиле што неретко самите паѓале во провалии и така гинеле.

При изградбата на денешните згради, стадиони, улици итн., архитектите и градежните инженери водат сметка за евентуални панични движење на група. На пример, арапските власти значително го измениле изгледот на Мека со цел да го намалат бројот на жртви при стампедата кои се случуваат секоја година при аџилак.

Судските власти на многу земји во светот ја ограничиле слободата на говорот со цел да се намалат можностите од жртви при панични реакции на група луѓе. Тоа опфаќа викање „Оган!“ или „Пожар!“ во кино и театарските сали кога ништо не гори, или извикување на пораки на омраза во ситуација кога се присутни две или повеќе непријателски групи и постои опасност од масовен судир (на пр. фудбалски натпревар, средна групи демонстранти, итн.). Многу криминалци на судењата се правдале со чувство на паника кое наводно ги натерало да извршат одредени кривични дела.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „паника“ — Дигитален речник на македонскиот јазик