Улица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Улица е јавна површина, најчесто поплочена, со придружна изградена околина. Таа претставува јавна земјишна парцела во урбаните области која ги поврзува зградите и каде луѓето можат слободно да се движат, да се собираат и да комуницираат. Улицата може да биде обичан земјена патека, но најчесто е поплочена со тврда подлога, како: бетон, асфалт или плочки. Таа е оспособена за движење на пешаците и на сообраќајните средства (автомобили, трамваи, автобуси, итн.).

Улицата Минхнер во Франкфурт, Германија.

Поим[уреди | уреди извор]

Улицата Abbey Road во Лондон.

Првобитно, зборот „улица“ означувал поплочен пат (латински: via strata), но и ден-денес, во колоквијалната употреба претставува синоним за „пат“. Сепак, жителите на градовите и урбаните планери прават разлика меѓу овие два поима: главната функција на патот е транспортот, додека улицата ја олеснува јавната интеракција.[1] Навистина, градските улици служат и за транспорт, но патиштата, како што се магистралните патишта и автопатиштата, вообичаено не служат за движење на пешаците и за интеракција меѓу луѓето.[2][3]

Улицата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Улицата како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Улицата како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Улицата како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Сочевата страна на улицата“ (Sunčana strana ulice) - песна од истоимениот албум на хрватската рок-група „Азра“.[11]
  • „Аби Роуд“ (Abbey Road) - музички албум на британската група „Битлси“ од 1969 година.[12]
  • „Улиците на Арклоу“ (Streets of Arklow) - песна на ирскиот музичар Ван Морисон (Van Morrison) од 1973 година.[13]
  • „Биди сам на улицата“ (Буди сам на улици) - песна на српската рок-група „ЕКВ“ (ЕКВ) од 1986 година.[14]
  • „Кадешто улиците немаат име“ (Where the Streets Have No Name) - песна на ирската рок-група „У2“ (U2) од 1987 година.[15]
  • „Уличен живот“ (Street Life) - песна од истоимениот албум на американската група „Крусејдерс“ (Crusaders) од 1979 година.[16]
  • „Сребрени улици“ - песна на македонската поп-пејачка Маја Оџаклиевска.[17]
  • „Уличен живот“ (Street Life) - песна на британската рок-групаРокси Мјузик“ (Roxy Music) од 1973 година.[18]
  • „Булевар на детонациите“ (Detonation Boulevard) - песна на британската рок-група „Систерс оф мерси“ (The Sisters Of Mercy) од 1990 година.[19]
  • „На улица“ (Down On The Street) - песна на американската рок-група „Стуџис“ (The Stooges) од 1970 година.[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. dictionary.reference.com.
  2. www.usingenglish.com
  3. www.usingenglish.com
  4. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 12-13.
  5. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 22-23.
  6. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 31.
  7. Славко Јаневски, Улица. Скопје: Државно книгоиздателство на НР Македонија, 1950.
  8. Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015, стр. 71-79.
  9. IMBd, Walking the Streets of Moscow (1964) Awards (пристапено на 8.2.2019)
  10. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 69.
  11. Sunčana strana ulice, Komuna, CD 1002.
  12. DISCOGS, The Beatles ‎– The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
  13. YouTube, Van Morrison - Streets of Arklow (пристапено на 28.1.2019)
  14. YouTube, Ekatarina Velika - Budi sam na ulici (HD) (пристапено на 22.1.2019)
  15. U2, The Joshua Tree, Cai 9218, Jugoton.
  16. Discogs, Crusaders* ‎– Street Life (пристапено на 22.1.2019)
  17. YouTube, Маја Оџаклиевска - Сребрени улици (пристапено на 14.10.2019)
  18. Discogs, Roxy Music ‎– Street Life (пристапено на 22.1.2019)
  19. DISCOGS, The Sisters Of Mercy ‎– Vision Thing (пристапено на 23.9.2019)
  20. DISCOGS, The Stooges ‎– Fun House (пристапено на 9.7.2019)