Автопат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Автопатот е сувоземен пат од највисока класа што служи за движење на моторни возила. Автопатот е направен така што возилата може да се движат со поголема брзина во споредба со двонасочните неразделени патишта. Автопатот се јавува под следниве имиња: (германски: autobahn, англиски:Highway/Motorway/Freeway, француски: Autoroute, италијански: Autostrada, шпански: Autopista/Autovia, итн.

Опис[уреди | уреди извор]

Клучка на два автопати во Вајоминг, Мичиген

На автопатиштата, ограничувањето на брзината обично изнесува до 130 км/час, во зависност од теренот, интезитетот на сообраќајот, квалитетот на подлогата, временските услови итн. Но, во некои држави, како на пример во Германија, на автопатот дури и нема ограничување во брзите ленти.

Првите автопатишта се изградени во Италија и САД во дваесетите години на 20 век, а во Германија е изграден првиот 30-километарски автопат во 1932 година.

Автопатиштата во Македонија[уреди | уреди извор]

Податотека:Skopje ring road.jpg
Обиколница на автопатот кај Скопје

Во Македонија, првиот автопат (делницата кај Петровец) е изградена за време на СФР Југославија во 1979 година (Видете: Автопатишта во Македонија).


Автопатот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Клуч за автопатот“ (Key To The Highway)“ - песна на блуз-рок групата „Дерек енд д Доминос“ (Derek and the Dominos) од 1970 година.[1]
  • „Автопат“ (Autobahn) - песна од истоимениот албум на германската електронска група „Крафтверк“ (Kraftwerk) од 1974 година.[2]
  • „Судар на автопатот“ (Wreck On The Highway)“ - песна на американскиот рок-пејач Брус Спрингстин од 1980 година.[3]
  • „Полицаец на автопатот“ (Highway Patrolman) - песна на американскиот рок-музичар „Брус Спрингстин“ (Bruce Springsteen) од 1982 година.[4]
  • „Автопатот Хилбили“ (Hillbilly Highway) - песна на американскиот рок-музичар Стив Ерл (Steve Earle) од 1986 година.[5]
  • „Тажниот автопат“ (Blue Highway) - песна на американскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1988 година.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]