Џеф Бакли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џеф Бакли
Џеф Бакли
Џеф Бакли
Биографски податоци
Родено име Џефри Скот Бакли
Познат(а) и како Скот "Скоти" Мурхед
Роден(а) ноември 17, 1966(1966-11-17)
Anaheim, California,
United States
Починал(а) мај 29, 1997(1997-05-29) (воз. 30 г.)
Memphis, Tennessee,
United States
Жанрови Alternative rock, folk rock, Gospel, Soul
Инструменти Vocals, guitar, organ, harmonium, Appalachian dulcimer, esraj, bass guitar
Период на активност 1991–1997
Издавачи Columbia
Соработници The A.M., Shinehead, Gods and Monsters
Мреж. место jeffbuckley.com

Џефри Скот "Џеф" Бакли (17ти ноември,1966 – 29ти мај,1997), одгледан како Скоти Мурхед, бил американски пејач, композитор и гитарист. По една деценија свирење гирата во Лос Анџелес, Бакли придобил следачи во раните 1990ти со свирење свои верзии на песни на локации во East Village во Mенхетен, како што било Sin-é, постепено фокусирајќи се на сопствениот материјал. Иако немал интерес да соработува со издавачките куќи и менаџерот на неговиот татко, Herb Cohen, тој потпишал договор со издавачката куќа Columbia, регрутирал бенд и го снимил неговиот единствен студиски албум, Grace. Списанието Rolling Stone го смета Бакли за еден од најдобрите пејачи на сите времиња.

Во текот на следните две години, бендот одел на турнеи ширум светот да го промовира албумот, вклучувајќи и концерти во САД, Европа, Јапонија и Австралија. Во 1996 година, престанале да одат на турнеи и направиле повремени обиди да го снимат вториот албум во Њујорк со Том Верлен како нивен продуцент. Во 1997 година, Бакли се преселил во Мемфис, Тенеси, за да продолжи со снимање на албумот, My Sweetheart the Drunk, снимајќи многу демо-снимки со по четири песни додека неделно настапувал по локалните места кои правеле шоу. Додека чекал да пристигне неговиот бенд од Њујорк, се удавил кога една вечер спонтано решил да плива, целосно облечен, во реката Wolf, кога надошол бран што се ширел зад бродот кој поминувал. Неговото тело било пронајдено на 4ти јуни,1997 година.

По неговата смрт, имало многу постхумни издавања на неговиот материјал, вклучувајќи и колекција на демо снимките со по четири песни и студио снимки од неговиот недовршен албум, My Sweetheart the Drunk, од албумот Grace и продолжени снимки од настапите во живо во Sin-é. Исто така, по неговата смрт, следел и успехот на музичките листи, со неговото познато препејување на песната на Леонард Коен, Hallelujah, се искачил на своето прво број 1 место на Hot Digital Songs на списанието Billboard во март,2008 година и го достигнал второто место на листата синглови во Велика Британија, во декември истата година. Баклки и неговото дело останаа популарни и редовни се вклучени во листите на најдобрите во музичкиот печат.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Anaheim, California, Бакли бил единствениот син на Мери Гилберт и Тим Бакли. Џеф бил одгледан од мајка му и неговиот очув, Рон Мурхед, во Јужна калифорнија, и неговиот полубрат Кори Мурхед. Во детството бил познат како Скот Мурхед според неговото средно име и презимето на неговиото очув. Неговиот биолошки татко, Тим Бакли бил познат пејач и композитор кој објавил низа високо ценети фолк и џез албуми во доцните ’60ти и ’70ти. Бакли изјавил дека татко му го имал сретнато само еднаш, кога тој имал осум години. Откако неговиот татко починал од предозирање со дрога во 1975, Џеф решил да го користи презимето Бакли.

Бакли бил израснат со музика, пеејќи низ неговата куќа, заедно со неговата мајка. По откривање на акустична гитара во орманот на неговата баба, Бакли почнал да свири на гитара од пет годишна возраст. Првиот албум што го имал бил оној на Led Zeppelin, Physical Graffiti, а друг омилен му бил и албумот на Кiss. На 12 години тој решил да стане музичар и на 13 години ја добил својата прва електрична гитара, црн Les Paul. Во тој период развил афинитети кон бендовите кои свиреле прогресивен рок како Rush, Genesis и Yes и гитаристот кој свирел џез фузија, Al Di Meola.

По завршување на средното училиште, Балки се преселил во Холивуд каде една година посетувал курс на колеџ за музичко образование. Подоцна, за списанието Rolling Stone Бакли изјавил дека училиштето било само едно "големо губење на време", но во интервју за Double Take Magazine, изјавил дека го ценел учењето за теоријата на музиката, велејќи, "Ме привлекуваа навистина интересните хармонии, оние што можеш да ги слушнеш во деата на Ravel, Ellington, Bartók."

Почетоци на кариерата[уреди | уреди извор]

Следните шест години Бакли ги минал работејќи во хотел и свирејќи гитара во разни бендови кои се обидувале да се прослават свирејќи од џез и реге до рутс рок и хеви метал. Тој исто одел на турнеи со денсхоџ реге музичарот Shinehead, учествувал во повремените студиски сесии на фанк и Р&Б ( ритам и блуз). Бакли бил страстен љубител на музиката на Khan и во текот на тие што тој ги нарекувал “кафе денови”, често пеел негови песни. Бакли ја завршил Babylon Dungeon Session касетата со четири песни, Eternal Life, Unforgiven (подоцна наречена Last Goodbye), Strawberry Street (различна верзија од онаа на албумот Grace Legacy Edition) и панк песната Radio. Со оваа демо касета, Коен и Бакли се надевале да го привлечат вниманието на музичката индустрија.

Наредната година Бакли заминал за Њујорк каде за прв пат ќе настапи на концерото во чест на неговиот татко, Greetings from Tim Buckley. Настанот, организиран од ветеранот во шоу бизнисот, Hal Willner, бил одржан во Бруклин на 26ти април 1991, во црквата St. Ann. Во придружба на рок гитаристот Гери Лукас, Бакли ја отпеал I Never Asked To Be Your Mountain, песна на Тим. Бакли го завршил концертот со акустичен настап на "Once I Was" со импровизиран а cappella крај, бидејќи се скинала жица од гитарата. Организаторот на шоуто, Willner, подоцна изјавил дека настапот на Бакли предизвикал големи импресии. Со тој настап Бакли не постигнал музички да се оддалечи од својот татко, како што посакувал. Ова подоцна го објаснува за списанието Rolling Stone: "Тоа не беше мое дело не беше мој живот. Но, ме вознемируваше тоа што не присуствував на неговиот погреб и тоа што никогаш не можев да му кажам ништо. Затоа го искористив тој настап за да му ја оддадам мојата почит."

Бакли почнал да настапува во неколку клубови и кафулиња во близина на долниот дел на Менџетн, но главно место за настапување за него било Sin-é во East Village. Бакли прво настапувал во мало ирско кафуле во април 1992 и набргу почнал редовно да настапува таму секој понеделник. На неговиот репертоар имало разни препејувања на фолк, рок, Р&Б, блуз и џез песни. Во тој период се запознал со музичките дела на Nina Simone, Billie Holiday, Van Morrison and Judy Garland. На листата биле вклучени и оригинални песни од До летото 1992 година, пред Sin-é биле наредени лимузини на продуцентите кои со нетрпение сакале да потпишат договор со него. На крај, Балки потпишал договор вреден милион долари со Columbia Records, во октомври 1992 година.

Албумот Grace[уреди | уреди извор]

Кон средината на 1993, Бакли со музичкиот продуцент Енди Валас започнал да работи на својот прв албум. Формирал бенд, составен од басистот Мик Грондал и тапанарот Мет Џонсон и неколку недели заедно се подготвувале. Во септември, триото заминало за Вудсток, Њујорк, во студиото Берсвил каде шест недели ги снимале песните за албумот Grace со помош на џез музичарот од Вудсток, Карл Бергер. Во јануари 1994, Бакли заминал на својата прва соло турнеја во Северна Америка да го промовира епот Live at Sin-é. Подоцна во март имал турнеја од 10 дена низ Европа и настапувал во клубови и кафулиња. Помеѓу посетителите на тие настапи биле Криси Хајнд од Pretender, Крис Корнел од Soundgarden и The Edge од U2. Grace бил објавен на 23ти август, 1994 година. Во прилог на седумте оригинални песни, албумот содржел и три преработки: "Lilac Wine" според верзијата на Nina Simone ; "Corpus Christi Carol", од албумот на Бенџамин Бритен, A Boy was Born, композиција според химна од 15тиот век и "Hallelujah" на Леонард Коен, според снимките на Џон Кал од албумот на Коен, I'm Your Fan. Верзијата на Бакли на песната "Hallelujah" е наречена негово најдобро дело и една од најдобрите песни според списанието Time и е на листата "The 500 Greatest Songs of All Time" на Rolling Stone.

Весникот The Sydney Morning Herald го прогласил албумот за "романтично ремек-дело". Албумот бил ценет од едни од најдобрите изведувачи, членовите на Led Zeppelin. Џими Пејџ дури изјавил и дека Grace е еден од неговите омилени албуми на деценијата. Пофални зборови доаѓале дури и од музичарите кои биле испирација за самиот албум: Bob Dylan го нарекол Бакли еден од најдобрите текстописци на деценијата, а во интервју за весникот Village Voice, Дејвид Боуви изјавил дека албумот би го зел со себе на пуст остров.

Турнеи[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од следната година, Бакли го минал промовирајќи го албумот на турнеи. По издавањето на албумот тој настапувал во многу земји, од Австралија до Велика Британија (на фестивалите Glastonbury и Meltdown во 1995). по турнејата бендот, на 23 август 1994, ја започнал европската турнеја со настапи во Велика Британија и Ирска. Турнејата продолжила во Скандинавија и одржале и голем број концерти во Германија. Турнејата ја завршиле со концерт во Париз на 22 септември. Крајот го одбележале со свирка во Њујорк на 24 септември и следниот месец по поминале во проби и одмор. На 19 октомври 1994 тие ја започнале турнејата во САД и Канада и ја завршиле на 18 декември во Њу Џерси,а потоа следела турнеја во Јапонија. Бендот престанал да настапува по заминувањето на тапанарот Мет Џонсон се до февруари 1997.

Sketches for My Sweetheart the Drunk и смрт[уреди | уреди извор]

По завршувањето на целата турнеја во 1996 година, Бакли почнал да пишува нов материјал за албум кој требаше да се наречен Sketches for My Sweetheart the Drunk. По проекцијата на новите песни во Њујорк, тој се вратил назад во Мемфис (Тенеси), каде што тој работел на новиот материјал. Бакли почнал да снима демо снимки од четири песни . Додека на 29ти мај 1997 бендот планирал да продолжи со работа на албумот во студио во Мемфис, Бакли одлучил да оди на пливање во Wolf River Harbor (притока на реката Мисисипи) целосно облечен, слушајќи ја неговата омилена песна, "Whole Lotta Love". Кит Фоти, член на бендот, заминал да го бара и кога ги пронашол гитарата и радиото, веднаш побарал помош. Истрагата траела до наредниот ден, се до моментот додека не почнало да врне силен дожд. Три денa подоцна, турист го пронашол неговото тело исфрлено на брегот. Неговата аутопсија не покажала никакви знаци на дрога и алкохол во неговиот организам и како причина за смртта било прогласено случајно давење.

Филм[уреди | уреди извор]

На Toronto International Film Festival во 2012, бил премиерно прикажан Greetings from Tim Buckley, филм каде што е прикажан односот на Џеф со неговиот татко.

Наследство[уреди | уреди извор]

По смртта на Бакли биле објавени колекција на демо снимки и целосен албум на кој тој работел под името Sketches for My Sweetheart the Drunk. Исто така бил издадена претходно необјавена снимка на песната "I Shall Be Released" испеана од Бакли преку телефон во живо за радио станица. Предвремената смрт на Бакли била инспирација за многу уметници што тој ги познавал или влијаел данапишат песни во негова чест, како на пример "A Body Goes Down" на Данкан Шеик, "Mississippi" на Стив Ади и "Teardrop" на групата Масив Атак. Во мај и јуни 2007 година, насекаде низ светот, се прославувале животот и делото на Џеф Бакли, со концерти во негова чест. Годишно се одржуваат три настани во знак на негова почит, Uncommon Ground, тридневен концертен настан во Чикаго, An Evening With Jeff Buckley во Њујорк и Fall In Light во Австралија.

Зголемен интерес[уреди | уреди извор]

На 7ми март 2008, верзијата на Бакли на песната на Коен, “Hallelujah”, се искачила на врвот на iTunes листата. Победничката на британскиот Х Factor Александра Бурк објавила своја преработка на песната “Hallelujah”, со намера да се искачи на британските топ листи како број еден божиќен сингл.