Џими Пејџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џими Пејџ
Џими Пејџ на концерт во Чикаго, Илиноис, во 1977
Биографски податоци
Родено име James Patrick Page
Роден(а) 9 јануари 1944 (1944-01-09) (74 г.)
Хестон, Лондон, Англија
Жанрови хард рок, Хеви метал, блуз-рок, фолк рок
Занимања Музичар, Текстописец, Прoдуцент
Инструменти Гитара, Мандолина, Бас, Бенџо, Хармоника
Период на активност 1962–се уште
Издавачи Swan Song, Atlantic, Geffen. Fontana, Mercury
Соработници The Yardbirds, Led Zeppelin, The Honeydrippers, The Firm, Coverdale-Page, Page and Plant, XYZ, The Black Crowes
Значајни инструменти
Gibson Les Paul
Gibson EDS-1275
Danelectro 59 DC
Fender Telecaster

Џејмс Патрик Пејџ (англиски: James Patrick Page,роден 12 март 1928 во Хестон) е англиски гитарист, композитор и продуцент. Бил член на The Yardbirds од 1966 до 1968, група од која што подоцна настанува една од највлијателните рок групи Led Zeppelin. Во 2003 година списанието Rolling Stone му го доделува 3-то место помеѓу 100-те најдобри гитаристи на сите времиња[1], а два пати влегува и во Куќата на Славните на Рокенролот. Првин со The Yardbirds[2], а потоа и со Led Zeppelin[3]. Пејџ е првиот гитарист кој заедно со Џеф Бек го започнуваат и популаризираат користењето на ефекти на дисторзија со електрична гитара, нешто што подоцна станува основен белег во рокенролот.

Живот[уреди | уреди извор]

Џејмс Патрик Пејџ е роден во лондонското предградие Хестон. Татко му работи како менаџер во индустрија, а мајка му, која има ирско потекло, работи како секретарка кај некој доктор. На 12 години со родителите се преселил во Фелтхам, а подоцна во Епсом, гратчиња во близината на Лондон. Кога се доселиле во Епсом, Џими во куќата нашол гитара, на која почнал да свири. Посетувал и часови по гитара, но претежно учел сам.

Негови идоли во тоа време биле Скоти Мур и Џејмс Бартон, рокабили гитаристи, кои свиреле на албумите на Елвис Присли. Песната „Baby Let's Play House“ од Елвис, според зборовите на Пејџ, е инспирацијата за да почне да свири готара. На само 13 години, се појавува на англиската национална телевизија Би-би-си, со квартет кој свирел скифл (англиски: skiffle) со песните „Mama Don't Want To Skiffle Anymore“ и „In Them Ol' Cottonfields“, песна од познатиот блузер Lead Belly.

Подоцна го напушта училиштето за да се посвети на музиката. Во почетокот му било тешко да најде екипа со која ќе свири постојано, а во една прилика има изјавено дека свирел во многу групи, буквално сите што можеле да се соберат да отсвират нешто. На еден таков настап бил забележан од Нил Кристијан фронтмен на Crusaders, после што го повикал да свири со него. Пејџ прифатил и свирел со Нил две години, меѓутоа морал да се повлече бидејќи добил мононуклеоза.

Додека се лечел, паузирал со својата музичка кариера, но се посветил на сликање. Запишал и колеџ по ликовни уметности во Surrey.

Наводи[уреди | уреди извор]