12 март

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Март 2014 12 март е 71-иот ден во годината според григоријанскиот календар (72-и во престапна година). Остануваат 294 денови до крајот на годината.

Настани:

1365  Отворен е Универзитетот во Виена, една од најстарите установи од овој вид во светот. Првиот универзитет во Европа е основан во Болоња, во 1119 година, вториот во Париз, Франција, во 1150 година, третиот од Оксфорд, Англија, во 1214 година, четвртиот во Кембриџ, Англија, во 1229 година, петтиот во Прага, Чешка, во 1348 година, шестиот во Краков, Полска, во 1364 година итн.
1912  Американскиот капетан Алберт Бери го изведе првиот скок со падобран од авион.
1935  Персија го доби новото официјално име на земјата - Иран.
2003  Во Белград е извршен атентат врз српскиот премиер Зоран Џинџиќ.

Родени:

1685  Џорџ Беркли — ирски филозоф.
1824  Густав Кирхоф — германски физичар.
1863  Габриеле Данунцио — италијански поет.
1881  Мустафа Кемал Ататурк — прв турски претседател.
1913  Петар Богданов - Кочко — македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија.
1927  Гајо Петровиќ — хрватски марксистички филозоф.
1989  Нејтан Хас — австралиски велосипедист.

Починале:

1925  Сун Јат Сен — кинески револуционер и политичар.
1935  Михајло Пупин — истакнат светски физичар со потекло од Вевчани.
1995  Мија Алексиќ — српски актер.
2003  Зоран Џинџиќ — српски премиер.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември