Кешанли џамија
| Кешанли џамија | |
|---|---|
Поглед на џамијата | |
| Религија | |
| Припадност | сунитски ислам |
| Локација | |
| Локација | Охрид, Македонија |
![]() | |
| Географски координати | 41°7′12.0″N 20°48′40.1″E / 41.120000°N 20.811139°E |
| Архитектура | |
| Тип | џамија |
| Стил | османлиски |
| Завршена во | 1874 |
| Минаре(иња) | 1 |
| Designated as NHL | културно наследство на Македонија |
Кешанли џамија — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]
Џамијата е сместена на раскрсницата на улиците „Марко Нестороски“ и „Васил Главинов“. Изградена е на 12 март 1874 година по нарачка на Кешанли Бинбаши Хусеин-ага.[1]
Градбата е направена на квадратна основа и има покрив со ќерамиди на четири води. По целата ширина на северозападната страна е изграден понов трем со покрив на три води. Минарето, което има осумаголна основа многуаголно тело, е сместено на западната страна. До него се стасува по скалила од внатрешноста. Храмот е изведен од необработен камен во долните делови и тули на ѕидовите, които подоцна се малтерисани. Минарето е од обработени камени блокови.[1]
Во внатрешноста има полукружна михрабна ниша и минбер и махвил од дрво, изградени во поново време. Внатре нема украси. Осветлувањето е преку прозорци поставени во два реда на југозападната и североисточната страна и три прозорци на југозападната страна во горниот ред.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „Кешанли џамија“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-08-18. Посетено на 15 август 2017.
- ↑ Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 58–59. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар
|month=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Кешанли џамија на Ризницата ?
