3 март
Изглед
Предлошка:Март 2026 3 март — 62-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (63-и во престапна година). Остануваат 303 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1822 | Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ. |
| 1878 | По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ова е Ден на независноста на Бугарија. |
| 1918 | Потпишан е Брест-литовскиот договор меѓу Русија и Централните сили, со кој Русија излегла од Првата светска војна. |
| 1944 | Во близина на Ново Село, Кумановско, III Македонска НОУ бригада заробила околу 30 четници кои по разбивањето на четничкиот Вардарски корпус се криеле во овој регион. |
| 1974 | Во близината на Париз се урнал турски авион што летал на релацијата Анкара-Лондон при што загинале 345 лица. |
| 1996 | Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хосе Марија Азнар победи на парламентарните избори. |
| 2002 | Во Швајцарија се одржал референдум во кој граѓаните се изјасниле за влез во Обединетите Нации. |
Родени:
Починале:
| 1605 | Климент VIII — римски папа. |
| 1703 | Роберт Хук — англиски научник. |
| 1878 | Јанка Каневчева — македонска револуционерка. |
| 1959 | Лу Костело — американски глумец. |
| 1996 | Маргарит Дирас — француска писателка. |
| 2005 | Ринус Михелс — холандски фудбалер и тренер. |
| 2008 | Џузепе Ди Стефано — италијански оперски пејач, тенор. |
| 2009 | Јан Владислав — чешки писател. |
| 2010 | Момо Капор — српски и југословенски писател, новинар и сликар. |
| 2017 | Рејмон Копа — француски фудбалер. |
Празници:
| * | Национален празник на Република Бугарија |
| * | Ден на Општина Тетово |