8 март
Изглед
Предлошка:Март 2025 8 март — 67-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (68-и во престапна година). Остануваат 298 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1658 | Склучен Роскилдскиот мировен договор со кој Шведска добива неколку покраини од Данска и Норвешка. |
| 1910 | На II Mеѓународна конференција на жените социјалистки, организирана на иницијатива на Клара Цеткин во Копенхаген е одлучено датумот 8 март да се слави секоја година како „Меѓународен ден на жената“. |
| 1945 | Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг. |
| 1946 | Президиумот на Народното собрание донел закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија во „Народна Република Македонија“. |
Родени:
| 1566 | Карло Џезуалдо — италијански композитор. |
| 1879 | Ото Хан — добитник на Нобеловата награда за хемија. |
| 1899 | Мато Ловрак — хрватски писател. |
| 1907 | Константин Караманлис — грчки политичар. |
| 1929 | Ебе Камарго — бразилска глумица, водителка и пејачка. |
| 1938 | Милан Галиќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 1941 | Христо Крстевски — македонски писател и есеист. |
| 1949 | Теофило Кубилјас — перуански фудбалер. |
| 1951 | Џејмс Вилијамс — американски џез-музичар. |
| 1960 | Бак Вилијамс — американски кошаркар. |
| 1975 | Султан Ибрагимов — руски боксер. |
| 1977 | Петар Ангелов — македонски ракометар. |
| 1990 | Петра Квитова — чешка тенисерка. |
| 1995 | Марко Гудуриќ — српски кошаркар. |
| 1997 | Тијана Бошковиќ — српска одбојкарка. |
| 2006 | Ворен Заир-Емери — француски фудбалер. |
Починале:
| 1144 | Целестин II — римски папа. |
| 1869 | Хектор Берлиоз — француски композитор. |
| 1917 | Фердинанд Цепелин — германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени Цепелин. |
| 1923 | Јоханес ван дер Валс — холандски физичар и математичар. |
| 1942 | Хосе Раул Капабланка — кубански шаховски велемајстор. |
| 1999 | Џо Димаџо — американски бејзболист. |
| 2016 | Џорџ Мартин — британски музички продуцент. |
Празници:
| * | Меѓународен ден на жената |