Прејди на содржината

Тијана Бошковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бошковиќ во 2020 година

Тијана Бошковиќ (родена во Требиње, 8 март 1997) е српска одбојкарка која потекнува од Република Српска. Игра на позицијата како коректор. Моментално настапува за турскиот тим на Еџзаџибаши.

Во помладите категории настапувала за женскиот одбојкарски клуб Херцеговац од Билеќа. Од 2011 година таа преминала во одбојкарскиот тим на Партизан Визура каде што освоила две шампионски титули, еден куп и два српски суперкупа.

Бошковиќ е член на сениорската репрезентација на Србија, една од водечките играчи во тимот. Со репрезентацијата освоила медали во натпревари во јуниорска, но и во сениорска конкуренција.

Била прогласена од ФИВБ и ЦЕВ за најкорисна одбојкарка на Светско и на Европско првенство.

Таа го држи светскиот рекорд за брзина на смечот од 110,3 километри на час. Овој резултат го постигнала во 2021 година на полуфиналниот натпревар на ЕП против селекцијата на Турција.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Таткото на Тијана, Љупко бил фудбалер, а мајка ѝ Весна не спортувала. Има помлад брат со име Вук и постара сестра Дијана која исто така се занимава со одбојка.[1][2]

Спортска кариера

[уреди | уреди извор]

Тијана е родена на 8 март 1997 година во Требиње на југот на Република Српска. Во помладите категории настапувала за женскиот одбојкарски клуб Херцеговац од градот Билеќа, каде тренер бил Зоран Видаковиќ.[1] Во 2011 година преминала во тимот на Партизан Визура, со кој во сениорска конкуренција освоила две шампионски титули, еден куп и два српски суперкупа. Подоцна, таа за прв пат настапила во дресот на младата српска репрезентација.

Со јуниорската репрезентација на Србија го освоила првото место на ЕП 2014 година, кога била прогласена за најдобра одбојкарка на тој турнир. За сениорската селекција на Србија за прв пат настапила на СП 2014 година, а веќе во првиот настап против Турската женска одбојкарска репрезентација била најдобар поентер на натпреварот.[3] Следната година го освоила второто место со репрезентацијата на Србија на Светското првенство во Јапонија и третото на Европското првенство во Холандија и Белгија.

Тијана постигнала голем успех со репрезентацијата на Олимписките игри во Рио 2016 година, кога го освоила сребрениот медал.[4] Таа освоила бронзен медал на Светското Гран При 2017 во Нанџинг.[5] Подоцна, во 2017 година била прогласена за најкорисен играч (МВП) на Европското првенство. Бошковиќ ја предводела Србија до титулата европски шампион со вкупно 29 поени во финалето. Тоа била втора титула за земјата по прогласената независност.[6] Истата, 2017 година, официјално е прогласена за најдобра одбојкарка во Европа.[7] Со екипата на Еџзаџибаши во 2018 г.одина го освоила Купот на ЦЕВ и била прогласена за најдобар одбојкар (МВП).[8]

Покрај освојувањето на првиот златен медал во историјата на српската одбојка на Светските првенства,[9] Тијана е прогласена за најдобар играч - МВП на Светското првенство во Јапонија во 2018 година.[10] Тијана била прогласена за најкорисен играч (МВП) и на Европското првенство 2019 година во Турција, што било трет пат по ред да биде избрана за најдобра одбојкарка на Европско или Светско првенство.[11]

На Олимписките игри во Токио 2020 година таа освоила бронзен медал, а селекцијта на Србија ја победила одбојкарската репрезентација на Јужна Кореја во борбата за бронзата.[12] Таа била прогласена за најдобар коректор на олимпискиот турнир.[13]

На 3 септември 2021 година, во натпреварот од полуфиналето на ЕП против репрезентацијта на Турција, таа го соборила светскиот рекорд за брзина на смечот (удар во напад) од 110,3 километри на час. Тоа е најбрзиот удар во историјата на женската одбојка откако се спроведуваат официјалните мерења.[14] Таа на тоа првенство, чие финале се одржало во Белград, освоила сребрен медал.[15] Тијана и на тоа натпреварување била избрана за најдобар коректор.[16]

Репрезентативни успеси

[уреди | уреди извор]
  • Европско првенство до 19 години:: 1 место во 2014 година
  • Светско првенство: 2 место во 2015 година
  • Европско првенство: 3 место во 2015, 1 место во 2017 година, 2019, 2 место во 2021 .
  • Олимписки игри: 2-ро место во 2016 година, 3-то место во2020 година
  • Светско првенство: во 2018 година - 1 место

Клупски успеси

[уреди | уреди извор]
  • Српско првенство: 1 место во 2014 и 2015 година
  • Куп на Србија: 1 место во 2015 година
  • Српски Суперкуп: 1 место во 2013 и 2014 година
  • ЦЕВ куп: 1 место во 2018 година

Индивидуални успеси

[уреди | уреди извор]
  • МВП на Европското првенство до 19 години: 2014 година
  • Најдобар коректор на турската лига во сезоната 2016/17
  • Најдобар коректор на Гран При 2017 година
  • Најкорисен играч МВП на ЕП 2017 и 2019 година
  • Најдобра одбојкарка во Европа за 2017 година по избор на ЦЕВ
  • Најдобара млада спортистка на ОКС (2017)
  • Најдобара спортистка на УСНС (2017)
  • Најдобра одбојкарка во финалето на ЦЕВ Купот 2018 година [8]
  • Најкорисна одбојкарка МВП на Светското првенство во 2018 година
  • Најдобра одбојкарка во Европа за 2018 година по избор на ЦЕВ[17]
  • Најдобра спортистка на ОКС (2018)
  • Најдобра одбојкарка во Европа за 2019 година. по избор на ЦЕВ
  • Најдобра спортистка на ОКС (2019)
  • Најдобар коректор на Олимпискиот турнир во Токио (2021)
  • Најдобар коректор на ЕП 2021 година.
  1. 1,0 1,1 „Tijana Bošković - Blago timu što je ima“. Večernje novosti. 31 декември 2014. Посетено на 1 октомври 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Интервју Тијане Бошковић за Блиц“. Blic sport. 8 октомври 2014. Посетено на 2 октомври 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. „P2 VOLLEYBALL Match result“ (PDF). Посетено на 30 септември 2015.
  4. „Srebrna bajka - odbojkašice druge u Riju“. b92 sport. 21 август 2016. Посетено на 21 август 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „BOLJE OD OLIMPIJSKIH ŠAMPIONKI Sjajne odbojkašice Srbije osvojile bronzu na Gran priju“. Blic. 6 август 2017. Посетено на 2 октомври 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „Boškovićeva MVP, još dve u idealnom timu“. b92 sport. 1 октомври 2017. Посетено на 1 октомври 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Tijana Boskovic is the best player of Europe for 2017!“. 16 ноември 2017. Архивирано од изворникот на 31 декември 2017. Посетено на 16 ноември 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. 8,0 8,1 „CEV Cup W: Eczacibasi on the throne; Boskovic MVP“. 10 април 2018. Посетено на 10 април 2018. Serbian opposite who is currently the best player in Europe, Tijana Bošković was named for the MVP.
  9. „Odbojkašice ispisale istoriju – Srbija je svetski prvak!“. 20 октомври 2018. Посетено на 20 октомври 2018.
  10. „Tijana Bošković MVP Svetskog prvenstva“. b92 sport. 20 октомври 2018. Посетено на 20 октомври 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. Nikolić, Darko (8 септември 2019). „Tijana Bošković najbolja odbojkašica Evropskog prvenstva 2019!“. Blic.rs (српски).
  12. „Odbojkašice dominantno do bronze – pao je rekord iz Rija!“. b92.net. 8 август 2021. Посетено на 8 август 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. „Boškovićeva najbolji korektor na Olimpijskim igrama“. b92.net. 8 август 2021. Посетено на 8 август 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. „Tijana Bošković oborila svetski rekord“. b92.net. 3 септември 2021. Посетено на 3 септември 2021.
  15. „Srpske heroine nisu izdržale – Italija je šampion Evrope“. b92.net. Посетено на 5 септември 2021.
  16. „Navijači dali sud: Tijana je najbolji korektor EP“. sportklub.rs. Посетено на 9 септември 2021.
  17. Бошковић и Терзић најбољи у Европи, 3.11.2018

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]