Летни олимписки игри 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Игри на XXXI Олимпијада
Игри на XXXI Олимпијада
Лого на Летните олимписки игри 2016
Град домаќин Рио де Жанеиро, Бразил
Број на држави 207
Број на спортисти 11.000+
Број на спортови 28
Број на натпревари 306
Отворање 5 август 2016
Затворање 21 август 2016
Стадион Маракана

Летни олимписки игри 2016 (португалски: Jogos Olímpicos de Verão de 2016), официјално познати како Игри на XXXI Олимпијада или само како Рио 2016летни олимписки игри кои се одржале во Рио де Жанеиро од 5 до 21 август 2016, при што натпреварите во фудбал започнале на 3 август 2016 година.

На игрите учествувале рекорден број на земји во рекорден број спортови. Притоа, повеќе од 11.000 спортисти од вкупно 206 национални олимписки комитети настапиле на игрите, вклучувајќи ги и спортистите од Косово и Јужен Судан кои настапуваат за првпат.[1] Медали биле доделени во 306 натпреварувања во вкупно 28 олимписки спортови, вклучувајќи ги и рагби-7 и голф кои биле додадени од страна на Меѓународниот олимписки комиет (МОК) во 2009 година. Натпреварувањата во спортовите се одржуваат во 33 зданија во градот-домаќин и во уште пет зданија во Сао Паоло, Бело Хоризонте, Салвадор, Бразилија и Манаус.

Ова биле првите летни олимписки игри под претседателство со МОК ма Томас Бах.[1] Изборот на Рио де Жанеиро како град-домаќин бил направен на 121. седница на МОК која се одржала во Копенхаген на 2 октомври 2009. Со тоа, Рио е првиот јужноамерикански град-домаќин на олимписките игри. Ова исто така биле првите олимписки игри кои се одржале во земја од португалско говорно подрачје, првите кои во целост се одржале во текот на зимата во градот-домаќин, првите кои по 1968 се одржале во Латинска Америка и првите по 2000 кои се одржале на јужната полутопка.[2]

Подготовките пред игрите биле одбележани со бројни загрижености и контроверзии, меѓу кои се нестабилноста на федералната власт во Бразил, епидемијата на вирусот Зика, значителното загадување во заливот Гванабара, како и скандалот со употреба на недозволени средства во Русија кој значително влијаел врз учеството на спортистите од оваа земја на игрите.

Избор на град-домаќин[уреди | уреди извор]

Девојче се потпишува во знак на поддршка за кандидатурата на Рио де Жанеиро за град-домаќин на Летните олимписки игри 2016 (јануари 2009).

Процесот за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри 2016 званично започнал на 16 мај 2007.[3] Прв чекор за секој град заинтересиран за организирање на игрите бил да поднесе почетно барање до Меѓународниот олимписки комитет најдоцна до 13 септември 2007 и со тоа да ја потврди намерата за учество во изборот. Пополнетото барање со одговори на 25 прашања поставени од страна на МОК во прашалникот требало да се испратат најдоцна до 14 јануари 2008 година. Од сите заинтересирани градови за организирање на игрите, на 4 јуни 2008 било објавено дека во потесен круг се четири градови, и тоа: Чикаго, Мадрид, Рио де Жанеиро и Токио. МОК не го вклучил Доха во потесниот круг, иако истиот имал повисоки оценки од Рио де Жанеиро, бидејќи намерата била да се организираат игрите во октомври, што е надвор од спортскиот календар на МОК. Прага и Баку исто така не влегле во потесен круг.[4]

Наваел Ел Мутавакел од Мароко ја предводел десетчлената комисија за оценка, а на истата функција бил и при изборот на град-домаќин за игрите во 2012. Комисијата направила оценка на самото месото во првото тримесечје од 2009, по што објавиле сеопфатен технички извештај за членовите на МОК на 2 септември, еден месец пред изборот.[5]

Со цел да се спречи комуникацијата на кандидатските градови со 115 членови со право на глас и на тој начин да влијаат врз изборот биле воведени бројни ограничувања. Така на пример, на кандидатските градови им било забрането да канат членови со право на глас да го посетат градот или пак да испраќаат ствари кои би можело да се протолкуваат како подарок. Но и покрај тоа, кандидатските градови вложиле големи износи на средства во односите со јавноста и медиумските програми во обид на посреден начин да влијаат врз членовите на МОК преку собирање поддршка од домашната јавност, спортските медиуми и општо од меѓународните медиуми.

На крајот на краиштата, комуникацијата е со само 115 лица и секој од нив има групи кои вршат влијание и притисок, но сепак разговорите се со не повеќе од 1.500 лица, можеби 5.000 во најширока смисла на зборот. Работата не е само во објавувањето на реклами, туку во целна и многу внимателно планирана кампања. — Џон Тибс, советодавач на кандидатурата на Токио[6]

Конечното гласање се одржало на 2 октомври 2009 во Копенхаген, при што најмногу шанси им се давале на Мадрид и Рио де Жанеиро. Чикаго и Токио биле елиминирани во првите два круга на гласање, додека Рио де Жанеиро имал значителна предност пред Мадрид во пресрет на последниот круг. Предноста останала и по гласањето во последниот круг и Рио де Жанеиро бил прогласен за град-домаќин на Летните олимписки игри 2016, со што станал првиот јужноамерикански град-домаќин на игрите. Претходно, неуспешни кандидатури на јужноамерикански градови за организација на игрите имале Буенос Аирес (1936, 1956, 1968 и 2004) и Бразилија, чија кандидатура била откажана за игрите во 2000.

Резултати од изборот на град-домаќин на Летните олимписки игри 2016[7]
Град НОК Прв круг Втор круг Трет круг
Рио де Жанеиро  Бразил 26 46 66
Мадрид  Шпанија 28 29 32
Токио Flag of Japan.svg Јапонија 22 20
Чикаго  САД 18

Спортски зданија[уреди | уреди извор]

Карта на зданијата кадешто се одржале натпреварувањата

Натпреварите се одржале во 18 постоечки, 9 новоизградени и 8 привремено изградени зданија.[8]

Секој натпревар се одржал во еден од четирите географски поделени комплекси на спортски зданија: Бара, Копакабана, Деодоро и Маракана. Истото било направено и за Панамериканските игри 2007.[9][10] Неколку објекти се наоѓаат во Барскиот олимписки парк.[8]

Најголемото спортско здание на игрите во поглед на сместувачкиот капацитет е стадионот Маракана, официјално познат како Стадион „Марио Филјо“, чијшто капацитет изнесува 74.738 гледачи и служи како официјален олимписки стадион, на којшто бидат одрани церемониите на свечено отворање и затворање, како и финалните натпревари на турнирите во фудбал.[8] Освен тоа, натпревари во фудбал се одржале на пет стадиони надвор од Рио де Жанеиро, односно во градовите: Бразилија, Бело Хоризонте, Манаус, Салвадор и Сао Паоло.[8]

Олимпиското село се вели дека е најголемото во олимписката историја. Во него има околу 80.000 столици, 70.000 маси, 29.000 душеци, 60.000 закачалки за облека, 6.000 телевизори и 10.000 паметни телефони.[11]

Олимписки парк[уреди | уреди извор]

Олимпискот парк Бара претставува комплекс од 9 спортски зданија во Бара да Тижука, во западниот дел од Рио де Жанеиро, кои се користеле за одржување на натпреварите на Летните олимписки игри 2016 и Летните параолимписки игри 2016. На местото на олимпискиот парк во минатото се наоѓал Автодромот „Нелсон Пике“, познат и како „Жакарепагуа“.[12]

Деветте зданија што се користеле во олимпискиот парк се:[13][14] Кариока Арена 1 за кошарка (капацитет: 16.000); Кариока Арена 2 за борење и џудо (капацитет: 10.000); Кариока Арена 3 за мечување и теквондо (капацитет: 10.000); Арена на иднината за ракомет (капацитет: 12.000); Воден центар „Марија Ленк“ за ватерполо, синхронизирано пливање и скокови во вода (капацитет: 5.000); Олимписки воден стадион за пливање и натпреварите за разигрување во ватерполо (капацитет: 15.000); Олимписки тениски центар за тенис (капацитет: 10.000 на глвното игралиште); Олимписка арена - Рио за гимнастика (капацитет: 12.000); и Олимписки велодром - Рио за велодромски велосипедизам (капацитет: 5.000).

Фудбал[уреди | уреди извор]

Освен во Рио де Жанеиро, натпревари во фудбал се играле на стадиони во: Сао Паоло, Бело Хоризонте, Салвадор, Бразилија и Манаус.

Игрите[уреди | уреди извор]

Олимписки пламен[уреди | уреди извор]

Штафета на олимпискиот пламен во Бразилија во рацете на одбојкарката Фабијана Клаудино

Олимпискиот пламен бил запален во храмот на Хера во Олимпија на 21 април 2016, каде што е традиционалниот почеток на штафетата. На 27 април, пламенот им бил предаден на организаторите на Стадионот Панатинаико во Атина. Кратка пауза при пренесувањето на пламенот била направена во Швајцарија за да може да се посетат седиштето на МОК и Олимпискиот музеј во Лозана, како и канцеларијата на Обединетите Нации во Женева.[15]

Штафетата н олимпискиот пламен во Бразил започнала на 3 мај во главниот град Бразилија. Олимпискиот пламен бил пренесен во повеќе од 300 бразилски градови, вклучувајќи ги главните градови на сите 26 сојузни републики, при што последен град е Рио де Жанеиро,[16] каде што бил запален на церемонијата на свеченото отворање на 5 август.

Спортови[уреди | уреди извор]

Олимписката програма вклучува 28 споротив и вкупно 41 дисциплина со 306 натпреварувања.

Нови спортови[уреди | уреди извор]

Олимпиското игралиште за голф

Двата нови спорта во олимписката програма за игрите биле голф и рагби-7. Изборот за двете отворени места за нови спортови бил направен меѓу седум предложени спортови, и тоа: бејзбол и софтбол (спортови кои биле укинати во 2005), карате, сквош, голф, взоење ролерки и рагби. Претставници на седумте спортови одржале презентации пред извршниот одбор на МОК во јуни 2009.[17]

Во август 2009, извршниот одбор првично го одобрил вклучувањето на рагби-7 — прилагодување на рагби со седум играчи — со мнозинска поддршка, и со тоа отстранувајќи ги бејзбол, возење ролерки и сквош од конкуренција. Од останатите три спортови — голф, карате и софтбол, одборот решил по пат на советување во олимписката пргорама да го додаде голфот. Конечната одлука за вклучувањето на новите два спорта била донесена на 9 октомври 2009, на последниот ден од 121. седница на МОК. На оваа седница бил воведен нов систем на гласање, така што вклучувањето на спортот било можно само со просто наместо со двотретинско мнозинство од одборот за одобрување на МОК.[18][19] Извршниот директор на Меѓународната голфска федерација Ентони Скенлон изјавил дека најдобрите голфери, вклучувајќи ги Тајгер Вудс и Анике Серенстам, би ја покажале својата поддршка за вклучувањето на голфот на олимписките игри преку нивното учество.[20]

Во мај 2012, Меѓународната едриличарска федерација објавила дека сурфањето на ветар на игрите во 2016 ќе биде биде заменето со сурфање со воздушен змеј,[21] но оваа одлука била повлечена во ноември истата година[22] Во јануари 2013, МОК најавил дека ќе изврши ревизија на статусот на велосипедизмот како резултат на признавањето на Ленс Армстронг дека користел недозволени средства и обвинувањата дека Меѓународниот велосипедистички сојуз ја прикривал употребата на вакви средства.[23] По исклучувањето на игрите во 2012, Меѓународната гимнастичка федерација соопштила дека на игрите повторно ќе биде одржан егзибициски настан во гимнастика.[24]

Земји-учеснички[уреди | уреди извор]

Карта на светот со земјите-учеснички обележани по бројот на учесници

Сите 206 национални олимписки комитет учествувале на игрите со по најмалку еден учесник. Првите три земји кои обезбедиле учество на игрите биле Германија, Велика Британија и Холандија, кои обезбедиле учество за четворица спортисти во екипна дресура со освојувањето на медал на Светското првенство во коњички спорт 2014.[25]

Австралиски олимпијци на игрите облечени во униформи
Медалите на игрите

Како земја-домаќин, спортистите од Бразил обезбедиле автоматско учество во некои спортови, вклучувајќи ги сите велосипедски дисциплини и шест натпревари во кревање тегови.[26][27] Летните олимписки игри 2016 биле првите на кои учествувале спортисти од Косово и Јужен Судан.

Во октомври 2015, Кувајт биле казнети по вторпат во пет години заради владино мешање во националниот олимписки комитет, така што спортистите на оваа земја на игрите ќе настапат под олимпиското намсто под националното знаме.[28] Кревачите на тегови од Бугарија и Русија добиле забрана за настап на игрите заради бројни прекршување во борбата против употребата на недозволени средства.[29][30]

Бегалски спортисти[уреди | уреди извор]

Како последица на Европската бегалска криза и други геополитички причини, МОК им овозможил на некои спортисти да настапат како независни учесници под олимпиското знаме. На претходните игри, бегалците не биле подобни за настап заради неможноста да ги претставуваат своите национални олимписки комитети.[31] На 2 март 2016, МОК завршил со остварувањето на замислата преку создавањето на бегалска екипа, во којашто биле одбрани 10 спортисти од вкупно 43 кои било утврдено дека се подобни за настап.[32]

Независни учесници[уреди | уреди извор]

Во ноември 2015, Русија добила привремена забрана за настап на сите атлетски натпреварувања под надзор на Светската атлетска федерација (ИААФ) откако во извештај објавен од страна на Светската агенција за борба против недозволените средства (ВАДА) било наведено дека во земјата се спроведувала програма за употреба на недозволени средства.[33] Потоа, ИААФ објавила дека поединечни руски атлетичари имаат право да поднесат барање за стекнување на „исклучителна подобност“ за настап на игрите како „неутрални“ спортисти доколку независно се утврди дека не користеле недозволени средства ниту пак биле вклучени во програмата за нивната употреба во земјата.[34]

На 24 јули 2016, МОК ги одбил препораките на ИААФ и ВАДА да им се дозволи на „чистите“ спортисти да учествуваат како „неутрални“ спортисти, наведувајќи дека Олимписката повелба „не предвидува неутрални спортисти“ и дека националниот олимписки комитет на секоја земја треба да одлучи кои спортисти ќе се натпреваруваат.[35]

Земји-учеснички

Број на учесници од секоја земја[уреди извор]

Распоред на натпреварувања[уреди | уреди извор]

Во табелата е прикажан распоредот на натпреварувања објавен на денот кога започнала продажбата на влезници — 31 март 2015.[36]

ЦО Церемонија на отворање Натпревари 1 Финални натпревари Е Егзибициски настан ЦЗ Церемонија на затворање
август 3
сре.
4
чет.
5
пет.
6
саб.
7
нед.
8
пон.
9
вто.
10
сре.
11
чет.
12
пет.
13
саб.
14
нед.
15
пон.
16
вто.
17
сре.
18
чет.
19
пет.
20
саб.
21
нед.
Финални натпревари
Церемонии (отворање/затворање) ЦО ЦЗ
Атлетика 3 5 4 5 5 4 6 7 7 1 47
Бадминтон 1 1 2 1 5
Бокс 1 1 1 1 1 1 3 4 13
Борење 2 2 2 3 3 2 2 2 18
Ватерполо 1 1 2
Велосипедизам Друмски 1 1 2 18
Велодромски 1 2 2 1 1 3
BMX 2
Cycling (mountain biking) pictogram.svgПланински 1 1
Веслање 2 4 4 4 14
Гимнастика Спортска 1 1 1 1 4 3 3 Е 18
Gymnastics (rhythmic) pictogram.svg Ритмичка 1 1
Трамбулина 1 1
Голф 1 1 2
Едрење 2 2 2 2 2 10
Кану и кајак Слалом 1 1 2 16
Спринт 4 4 4
Коњички спорт 2 1 1 1 1 6
Кошарка 1 1 2
Кревање тегови 1 2 2 2 2 2 1 1 1 1 15
Мечување 1 1 1 1 2 1 1 1 1 10
Одбојка Одбојка на плажа 1 1 4
Volleyball (indoor) pictogram.svg Одбојка во сала 1 1
Пинг-понг 1 1 1 1 4
Пливање 4 4 4 4 4 4 4 4 1 1 34
Рагби-7 1 1 2
Ракомет 1 1 2
Синхронизирано пливање 1 1 2
Скокови во вода 1 1 1 1 1 1 1 1 8
Современ петобој 1 1 2
Стрелаштво 2 2 2 1 2 1 2 2 1 15
Archery pictogram.svg Стреличарство 1 1 1 1 4
Теквондо 2 2 2 2 8
Тенис 1 1 3 5
Триатлон 1 1 2
Фудбал 1 1 2
Хокеј на трева 1 1 2
Џудо 2 2 2 2 2 2 2 14
Вкупен број на натпревари 12 14 14 15 20 19 24 21 22 17 25 16 23 22 30 12 306
Збирен број на натпревари 12 26 40 55 75 94 118 139 161 178 203 219 242 264 294 306
август 3
сре.
4
чет.
5
пет.
6
саб.
7
нед.
8
пон.
9
вто.
10
сре.
11
чет.
12
пет.
13
саб.
14
нед.
15
пон.
16
вто.
17
сре.
18
чет.
19
пет.
20
саб.
21
нед.
Финални натпревари


Натпреварувачки термини[уреди | уреди извор]

Квалификациските натпревари во пливање започнале во 13:00 BRT (UTC-3), додека финалните натпревари се одржале од 22:00 до 00:00 BRT. Некои натпревари во одбојка започнале на полноќ по локално време.[37] Во атлетика, секој утрински дел содржел најмалку едно финале. Вкупно осум финални натпревари се одржале во утринскиот дел, што било за првпат по 1988. Првиот од тие натпревари била женската трка на 10.000 м на првиот ден од атлетските натпревари (12 август), а другите биле натпреварот во фрлање диск за мажи (13 август), женската трка на 3.000 м со препреки (15 август), машкиот трискок и натпреварот во фрлање диск за жени (16 август), машката трка на 3.000 м со препреки (17 август) и машката трка на 400 м со пречки (18 август).[38][39]

Краток преглед[уреди | уреди извор]

  • Олимпискиот пламен бил запален од страна на бразилскиот атлетичар Вандерлеи де Лима наспроти очекувањата дека истото ќе го стори фдбалерот Пеле. Имено, Пеле го откажал своето присуство на церемонијата на свеченото отворање заради здравствени проблеми.
  • Најуспешен натпреварувач на игрите четврти пат по ред бил американскиот пливач Мајкл Фелпс со 5 златни и 1 сребрен медал, со што рекордниот број на освоени медали го зголемил на 28 медали (23 златни, 3 сребрени и 2 бронзени). Со победите во трките на 200 м мешано, тој станал првиот пливач кој успеал да освои златен медал во една иста дисциплина на четири Олимписки игри.
  • Американската пливачка Кејти Ледецки освоила 4 златни и 1 сребрен медал, со што била најуспешна спортистка на игрите. Таа доминирала во слободен стил, победувајќи во трките на 200, 400 и 800 м, како и во штафетата на 4 x 200 м. Притоа, во трките на 400 и 800 м поставила нов светски рекорд. Забележителен настап имала и унгарската пливачка Катинка Хосу, која со 3 златни и 1 сребрен била спортистката со најмногу поединечни медали.
  • Јапонската борачка Каори Ичо станала првата спортистка која освоила поединечен златен медал на четири последователни Олимписки игри во било кој спорт откако по победите во категоријата слободен стил до 63 кг на игрите во 2004, 2008 и 2012 победила во категоријата слободен стил до 58 кг.
  • Во атлетските натпревари биле поставени три нови светски рекорди. Впечатлива трка имала Етиопијката Алмаз Ајана, која трката на 10.000 м ја истрчала за 29:17,45 сек., со што за повеќе од 14 секунди го подобрила светскиот рекорд на Кинеската Ванг Ѓуенсја стар скоро 23 години. Во трката на 400 м во машка конкуренција, златниот медал го освоил Јужноафриканецот Вејд ван Никерк, кој финалната трка ја истрчал за 43,03 сек., соборувајќи го светскиот рекорд на Мајкл Џонсон од 1997 година.
  • Јамајскиот атлетичар Јусејн Болт победил во трките на 100 и 200 м, како и во штафетата на 4 х 100 м, повторувјќи го успехот од игрите во Пекинг во 2008 и Лондон во 2012. Со тоа, тој станал првиот атлетичар кој освоил три златни медали на Олимписките игри во трките на 100 и 200 м.
  • Женската штафета на САД на 4 х 100 м не успеала да ја заврши квалификациската трка поради тоа што Алисон Феликс случајно била удрена од страна на бразилската атлетичарка Франсиела Красцки при предавањето на штафетата до Инглиш Гарднер. По завршувањето на трката, репрезентацијата на САД поднела жалба, којашто била прифатена и на штафетата ѝ било овозможено сами да ја истрчаат патеката, со можност да се квалификуваат во финалната трка доколку остварат време побрзо од 42,70 сек. на осмопласираната Кина. Во повторената трка, американските атлетичарки оствариле најдборо време во квалификацииите од 41,77 сек., а во финалето го освоиле златниот медал со време од 41,02 сек.
  • Гимнастичките натпревари ги одбележала Американката Симон Бајлс, која освоила 4 златни и 1 бронзен медал. Таа победила во повеќебој, во прескок и на партер, како и во екипниот натпревар, а бронза освоила на греда. Со овој успех, таа се израмнила со Лариса Латинина, Агнеш Келети, Вера Чаславска и Екатерина Сабо по бројот на златни медали освоени на едни Олимписки игри — вкупно четири.
  • Во тенис, златниот медал во машка конкуренција го освоил Британецот Енди Мареј, кој успеал да ја одбрани титулата освоена на игрите во 2012 и со тоа станал првиот тенисер со два поединечни олимписки златни медали. Американката Венус Вилијамс не успеала да ја доврши збирката на златни олимписки медали поединечно и во двојки со златен медал во мешани двојки откако со Раџив Рам загубиле во финалниот натпревар од сонародниците Бетани Матек-Сендс и Џек Сок. Но, и со освојувањето на сребрениот медал, со вкупно 4 златни и 1 сребрен медал успеала да се издвои како најуспешен натпреварувач во тенис на Олимписките игри.
  • Фудбалерите на Бразил ја израдувале домашната публика со освојувањето на првиот златен олимписки медал воопшто по победата во финалето против Германија по изведувањето на пенали.
  • Во кајакарските натпревари на мирни води, унгарската кајакарка Данута Козак победила во натпреварите Кј-1, Кј-2 и Кј-4 на 500 м и со 3 златни медали станала првата жена на којашто тоа ѝ пошло од рака на едни исти олимписки игри и третиот натпреварувач во спортот воопшто.
  • Кувајтскиот стрелец Фехајд ал-Дихани победил во двоен трап и со тоа станал првиот независен учесник кој освоил златен медал на Олимписките игри.
  • Непосредно по освојувањето на сребрениот медал во натпреварот во скокови во вода од 3 м, кинеската натпреварувачка Хе Ѕе добила и прифатила предлог за брак од нејзиното момче скокачот во вода Ќин Кај.
  • Египетскиот џудист Ислам ел-Шахаби одбил да се ракува со Израелецот Ор Сасон по поразот во првиот круг во категоријата до 100 кг. По инцидентот, тој решил да ја заврши кариерата.[40] Дисциплинскиот комитет при Меѓународниот олимписки комитет издал „неколку укори“ за ел-Шараби заради однесувањето со коешто ги нарушил „правлата на фер-игра и постапил против духот на пријателство овоплотен во олимписките вредности“, по што египетскиот џудист бил испратен дома уште пред церемонијата на свечено затворање на игрите.[41]
  • Монголскиот борач Ганзоригијн Мандахнаран загубил во борбата за бронзениот медал во категоријата слободен стил до 65 кг од Узбекистанецот Ихтијор Наврузов со минимални 8-7. Во знак на протест за доделувањето на последниот поен на узбечкиот борач, тренерите на Мандахнаран ја соблекле својата облека и ја фрлиле кон судиите.
  • Етиопскиот атлетичар Фејиса Лилеса завршил на второто место во маратонот, а непосредно по поминувањето на целната линија ги кренал рацете на начин со кој изразил протест против убивањето на припадниците на етничката група Оромо во Етиопија. На прес-конференцијата по трката, тој истакнал дека стравува за својот живот доколку се врати во својата земја и изјавил дека ќе се обиде да се пресели во друга земја.[42]

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Медалите од игрите биле дизајнирани од рециклиран материјал за да бидат поеколошки.

      земја-домаќин (Бразил)

 Место  НОК Злато Сребро Бронза Вкупно
1  САД (USA) 46 37 38 121
2  Велика Британија (GBR) 27 23 17 67
3  Кина (CHN) 26 18 26 70
4  Русија (RUS) 19 18 19 56
5  Германија (GER) 17 10 15 42
6  Јапонија (JPN) 12 8 21 41
7  Франција (FRA) 10 18 14 42
8  Јужна Кореја (KOR) 9 3 9 21
9  Италија (ITA) 8 12 8 28
10  Австралија (AUS) 8 11 10 29
11–78 Останати земји 125 149 184 458
Вкупно (87 НОК) 307 307 361 975

Лого[уреди | уреди извор]

Официјалното лого за игрите било дизајнирано од страна на бразилската агенција Татил Дизајн и за првпат претставено на 31 декември 2010.[43] Логото претставува три фигури обоени во боите на бразилското знаме — жолта, зелена и сина, кои се држат за рацете и образуваат тројна прегратка, при што добиениот облик наликува на планината Шеќерна Глава. Логото се заснова на четири концепти: заразна енергија, хармонична разновидност, бујна природа и олимписки дух. Претпријатието Татил Дизајн победила со својот предлог во конкуренција на вкупно 139 претпријатија.[44]

За логото се вели дека потсеќа на сликата „Танц“ на Анри Матис. Покрај тоа, од страна на фондацијата Телурајд се појавиле тврдења дека логото претставува плагијат на нивното. Логото на Телурајд исто така претставува фигури поврзани во движење, со тоа што наместо три содржи четири фигури. Ова не е за првпат оваа фондација да тврди дека нивното е предмет на плагијат за целите на бразилски настан, бидејќи елементот со поврзаните фигури бил употребен при дизајнирањето на логото за карневалската прослава во Салвадор во 2004 година. Директорот на агенцијата Татил Фред Гели во одбрана на дизајнот на неговото претпријатие изјавил дека концептот на поврзаните фигури не бил по својата природа оригинален, туку „антички знак“ и „во колективно несознание“. Тој се повикал на сликата „Танц“ како влијателна врз осмислувањето на концептот и изјавил дека дизајнерите имале за цел да го протолкуваат концептот колку што е можно поразлично од останатите.[45]

Маскота[уреди | уреди извор]

Винисиус (лево), маскотата на Летните олимписки игри, и Том (десно), маскотата на Летните параолимписки игри 2016

Официјалните маскоти на Летните олимписки и параолимписки игри 2016 биле за првпат претставени на 24 ноември 2014. Олимписката маскота Винисиус, именувана по музичарот Винисиус де Мораеш, го претставува дивиот свет во Бразил. Според нивните фиктивни биографии, маскотите „обете биле родени од радоста на Бразилците по соопштувањето дека Рио ќе биде домаќин на игрите“.[46] Директорот на марката Бет Лула изјавил дека маскотите имаат за цел да ја одразат разновидноста на бразилската култура и луѓе. Имињата на маскотите биле одредени по пат на јавно гласање во конкуренција на друга двојка на имиња, добивајќи 44% од вкупно 323.327 гласови, што било објавено на 14 декември 2014 година.[47][48]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „About Rio 2016 Summer Olympics“. Rio 2016 Olympics Wiki. http://rio2016olympicswiki.com/about-rio-2016-summer-olympics/. посет. 31 октомври 2015 г. 
  2. „Why Winter Olympics Bypass the Southern Hemisphere - Winter Olympics 2014“. http://www.livescience.com/43084-winter-olympics-northern-hemisphere.html. 
  3. „2016 Bid Process Launched“. International Olympic Committee. 16 мај 2007. http://www.olympic.org/uk/news/olympic_news/full_story_uk.asp?id=2157. 
  4. Four on 2016 Olympics short-list“, BBC News, 4 јуни 2008 (посет. 15 март 2010 г).
  5. „Olympic News – Official Source of Olympic News“. International Olympic Committee. http://www.olympic.org/uk/news/olympic_news/full_story_uk.asp?id=3110. посет. 30 јули 2012 г. 
  6. Rings Around the World Communicate magazine, April 2009
  7. „Past Bid Results“. GamesBids.com. http://www.gamesbids.com/eng/past.html. посет. 31 октомври 2015 г. 
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „Archived copy“ (PDF). (BOC). 16 февруари 2009. стр. 10–11. архивирано од изворникот на 12 ноември 2010 г.. http://www.rio2016.org.br/sumarioexecutivo/sumario/English/Per%20Theme/Volume%202/Theme_09.pdf. посет. 29 јуни 2015 г. 
  9. „Rio de Janeiro 2016 Candidate File“ (PDF). London, United Kingdom: (BOC). 16 февруари 2009. http://urutau.proderj.rj.gov.br/rio2016_imagens/sumario/English/Per%20Volume/Volume%201_eng.pdf. посет. 5 мај 2009 г. 
  10. „Rio 2007 Pan Am Games Get Debriefed Ahead Of 2016 Bid“. Toronto, Canada: (GamesBids). 9 март 2008. http://www.gamesbids.com/eng/olympic_bids/rio_2016/1205250762.html. посет. 5 мај 2009 г. 
  11. „8,400 shuttlecocks, 250 golf carts, 54 boats... the mind-blowing numbers behind the Rio 2016 Games“. https://www.rio2016.com/en/news/8-400-shuttlecocks-250-golf-carts-and-54-boats-the-rio-2016-olympic-games-in-numbers. 
  12. Lewis, Peter (15 септември 2013). „Rio Olympics 2016: Brazilian city in a race against time to be ready to play host to the Games“. Australian Broadcasting Corporation. http://www.abc.net.au/news/2013-09-15/rio-prepares-for-olympic-sized-makeover/4958554. посет. 14 мај 2016 г. 
  13. „Introducing Carioca Arena 1… the new home of Olympic basketball“. Rio 2016. Organizing Committee of the Olympic and Paralympic Games Rio 2016. 12 јануари 2016. http://www.rio2016.com/en/news/introducing-carioca-arena-1-the-new-home-of-olympic-basketball. посет. 4 март 2016 г. 
  14. „Barra Region“. Portal Brasil 2016. Governo Federal do Brasil. http://www.brasil2016.gov.br/en/olimpiadas/facilities/barra. посет. 4 март 2016 г. 
  15. Greek fire lights up Rio 2016 Games... Olympic Torch lit in traditional ceremony at Olympia“, „Rio 2016 website“, 21 април 2016 (посет. 21 април 2016 г).
  16. Goiás will be the first state to receive the Rio 2016 Olympic Flame“, „Diário Mercantil“, 29 април 2015 (посет. 29 април 2015 г).
  17. „Golf among seven sports seeking inclusion in 2016 Games“. ESPN. 25 април 2008. http://sports.espn.go.com/oly/news/story?id=3366295. посет. 20 август 2008 г. 
  18. Olympic Leaders Approve Golf and Rugby for 2016 Summer Games“, Fox News Channel, 13 август 2009 (посет. 1 октомври 2009 г).
  19. „Olympics 2016: IOC Approves Golf And Rugby Sevens To Be Included In Rio De Janeiro Games.“. Sky (United Kingdom). http://news.sky.com/skynews/Home/World-News/Olympics-2016-IOC-Approves-Golf-And-Rugby-Sevens-To-Be-Included-In-Rio-De-Janeiro-Games/Article/200910215402514?lpos=World_News_First_Home_Article_Teaser_Region_9&lid=ARTICLE_15402514_Olympics_2016%3A_IOC_Approves_Golf_And_Rugby_Sevens_To_Be_Included_In_Rio_De_Janeiro_Games. посет. 15 март 2010 г. 
  20. „Around the Rings - Articles Archive“. aroundtherings.com. http://www.aroundtherings.com/articles/view.aspx?id=37197. посет. 31 октомври 2015 г. 
  21. „Kiteboarding to replace windsurfing at 2016 Rio Olympics“. BBC News. http://www.bbc.co.uk/sport/0/olympics/17980607. посет. 10 мај 2012 г. 
  22. „Windsurfing restored to Brazil 2016 Olympics“. BBC News. http://www.bbc.co.uk/sport/0/olympics/20284543. посет. 14 ноември 2012 г. 
  23. Armstrong confession could see cycling out of Olympics“, Australian Broadcasting Corporation, 16 јануари 2013 (посет. 16 јануари 2013 г).
  24. „Fédération Internationale de Gymnastique : ACRO“. Fig-gymnastics.com. 23 мај 2012. http://www.fig-gymnastics.com/vsite/vcontent/content/news/0,10869,5187-188809-206031-44770-316559-news-item,00.html. посет. 30 декември 2012 г. 
  25. Rio Olympics gets 1st qualified athletes“, „USA Today“, 26 август 2014 (посет. 26 август 2014 г).
  26. UCI and IOC agree qualification quotas for Rio 2016“, 7 мај 2014 (посет. 26 август 2014 г).
  27. Anderson, Gary (2 февруари 2014). „Weightlifting qualification criteria for Rio 2016 approved by IOC“. Inside the Games. http://www.insidethegames.biz/sports/summer/weightlifting/1018502-weightlifting-qualification-criteria-for-rio-2016-. посет. 26 август 2014 г. 
  28. „Olympics-Kuwait ban remains in force as ties with IOC deteriorate“. https://sports.yahoo.com/news/olympics-kuwait-ban-remains-force-ties-ioc-deteriorate-153651334--spt.html. посет. 2 јануари 2016 г. 
  29. „Bulgarian weightlifters banned from Rio Olympics after CAS rejects appeal against ban for doping violations“. Australian Broadcasting Corporation. 29 јануари 2016. http://www.abc.net.au/news/2016-01-30/cas-rejects-bulgarias-appeal-against-olympic-weightlifting-ban/7126654. 
  30. Strong statement by the IWF Executive Board“, International Weightlifting Federation, 22 јуни 2016 (посет. 4 август 2016 г).
  31. Refugees can compete for first time in 2016 Rio Olympics, IOC head says“, „ESPN.com“, ESPN Internet Ventures, 27 октомври 2015.
  32. „Rio 2016: Refugee team to compete at Olympics“. BBC Sport. http://www.bbc.co.uk/sport/olympics/35710578. посет. 3 март 2016 г. 
  33. „Athletics doping: Russia provisionally suspended by IAAF“. http://www.bbc.com/sport/athletics/34811896. посет. 14 ноември 2015 г. 
  34. „Russian whistleblower Yuliya Stepanova to compete as ‘neutral athlete’ in Rio“. https://www.theguardian.com/sport/2016/jul/01/russian-whistleblower-yulia-stepanova-cleared-neutral-athlete-rio. посет. 15 јули 2016 г. 
  35. „Background Information to the decision of the IOC Executive Board concerning the participation of Russian athletes in the Olympic Games Rio 2016“. 24 јули 2016. https://www.olympic.org/news/background-information-to-the-decision-of-the-ioc-executive-board-concerning-the-participation-of-russian-athletes-in-the-olympic-games-rio-2016. 
  36. „Tickets“. NOC*NSF. 31 март 2015. http://ingressos.rio2016.com/rio2016.htm?token=9C19AE920555F7A1497BC9AD742F04E9&action=filter&doc=search&fun=registration&affiliate=OGR&language=en. посет. 6 мај 2015 г. 
  37. „Swimming, beach volleyball will be on late in Rio“. US News & World Report. http://www.usnews.com/news/sports/articles/2014/12/05/swimming-beach-volleyball-will-be-on-late-in-rio. посет. 31 октомври 2015 г. 
  38. „Athletics timetable for Rio 2016 Olympics published“. iaaf.org. 15 декември 2014. http://www.iaaf.org/news/press-release/athletics-timetable-rio-2016-olympics. посет. 31 октомври 2015 г. 
  39. „Athletics timetable – Rio 2016 Olympic Games“. iaaf.org. архивирано од изворникот на 27 јули 2015 г.. https://web.archive.org/web/20150727050555/http://www.iaaf.org/download/download?filename=946d16c3-1d8c-4565-8d41-4f390aaea721.pdf&urlSlug=athletics-timetable-rio-2016-olympic-games. 
  40. Webster, Andrew (13 август 2016). „Teddy Riner wins Rio judo gold - but Israeli judoka all class in wake of Egypt handshake snub“ (на en-US). http://www.smh.com.au/sport/olympics/rio-2016/teddy-riner-wins-rio-judo-gold--but-israeli-judoka-all-class-in-wake-of-egypt-handshake-snub-20160813-gqrpd4.html. 
  41. Egyptian judoka sent home over handshake refusal with Israeli, Reuters, 15 August 2016.
  42. „Ethiopia 'hero' runner gets asylum donations after Oromo protest sign“. BBC News. http://www.bbc.co.uk/news/world-africa-37154374. посет. 22 август 2016 г. 
  43. Nudd, Tim. „Hated the London 2012 Logo? You Might Like Rio 2016 Better Brazil's Tatíl Design tells story of its creation“, „Adweek“, 14 август 2012 (посет. 14 август 2012 г).
  44. „2016 Summer Olympics Logo: Design and History“. Famouslogos.us. 28 јули 2011. http://www.famouslogos.us/2016-summer-olympics-logo/. посет. 28 јули 2011 г. 
  45. „Telluride Foundation says Brazil stole its logo for Olympics“. http://www.denverpost.com/business/ci_28493662/telluride-foundation-says-brazil-stole-its-logo-olympics. посет. 7 мај 2016 г. 
  46. Quarrell, Dan (22 јули 2016). „2016 Rio Olympics: Biggest stars, dates, schedule, mascots, logo, Usain Bolt 'triple triple', Zika“. http://www.eurosport.com/olympic-games/rio/2016/2016-rio-olympics-biggest-stars-dates-schedule-mascots-logo-usain-bolt-triple-triple-zika_sto5694786/story.shtml. 
  47. „Rio 2016: Olympic and Paralympic mascots launched“. http://www.bbc.com/sport/0/30176137. посет. 24 ноември 2014 г. 
  48. Rio 2016 mascots inspired by animals and plants of Brazil“, 15 декември 2014 (посет. 15 декември 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Лондон
Летни олимписки игри
Рио де Жанеиро

Игри на XXXI Олимпијада (2016)
Наследник
Токио