Вејд ван Никерк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вејд ван Никерк
Wayde van Niekerk 080817 London 2017.jpg
Ван Никерк на Светското првенство 2017
Лични податоци
НационалностЈужноафриканец
Роден(а)15 јули 1992 (1992-07-15) (26 г.)
Кејптаун, Јужна Африка
Висина1.84 м
Тежина72 кг
Спорт
СпортАтлетика
Дисциплини100 м, 200 м, 400 м
Успеси и титули
Лични рекорди
  • 100 метри: 9.94
  • 200 метри: 19.84
  • 300 метри: 30.81
  • 400 метри: 43.03 СР

Вејд ван Никерк (роден на 15 јули 1992 г.) — јужноафрикански атлетичар кој се натпреварува во спринтерските дисциплини, и тоа на 200 метри и 400 метри. Тој е моментален светски рекордер, светски шампион и олимписки шампион на 400 метри, и исто така е сопственик на најбрзото светско време на 300 метри.

Ван Никерк го освоил сребрениот медал на трката на 400 метри на Игрите на Комонвлетот 2014 и освоил бронзен медал со јужноафриканскиот штафетен тим на 4×400 метри на Универзијадата во 2013 година. Тој исто така се натпреварувал за Јужна Африка на светските првенства во 2013 и 2015. На светското првенство 2015 во Пекинг, тој го освоил златниот медал на 400 метри. Тој ја одбранил оваа титула две години подоцна, на Светското првенство 2017 во Лондон.

На трката на 400 метри на Летните олимписки игри 2016, тој победил поставувајќи нов светски рекорд од 43.03 секунди, соборувајќи го рекордот од 43.18 секунди поставен од Мајкл Џонсон на Светското првенство 1999 во Севиља.

Тој е единствениот спринтер во историјата кој истрчал 100 метри под 10 секунди, 200 метри под 20 секунди и 400 метри под 44 секунди.[1]

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Резултат Место Датум
100 метри 9.94 Словенија Велење, Словенија 20 јуни 2017
200 метри 19.84 (ДР) Јамајка Кингстон, Јамајка 10 јуни 2017
300 метри 30.81 (СР) Чешка Острава, Чешка 28 јуни 2017
400 метри 43.03 (СР) Бразил Рио де Жанеиро, Бразил 14 август 2016

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. South African sprinter’s ‘crazy’ feat“, „NewsComAu“. (на англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рекорди
Претходник
САД Мајкл Џонсон
Светски рекордер на 400 метри
14 август 2016 – сеуште
На должноста
Претходник
Боцвана Исак Маквала
Африкански рекордер на 400 метри
26 август 2015 – сеуште
На должноста
Награди
Претходник
САД Ештон Итон
Атлетичар на годината
(според списанието Track & Field News)

2016
Наследник
Непознато
Олимписки игри
Претходник
Кастер Семења
Знаменосец за Јужна Африка ЈАР
Рио де Жанеиро 2016
Наследник
Непознато