Алмаз Ајана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алмаз Ајана
Almaz Ayana Beijing 2015.jpg
Алмаз Ајана на Светското првенство 2015
Лични податоци
Роден(а) 21 ноември 1991 (1991-11-21) (26 г.)
Спорт
Земја Етиопија Етиопија
Спорт Атлетика
Дисциплини 3000 м, 5000 м
Успеси и титули
Лични рекорди

3000 м : 8:22.22 

5000 м: 14:14.32 

Алмаз Ајана Еба (родена на 21 ноември 1991 г.) е атлетичарка на средни патеки од Етиопија која е специјализирана на трките на 3000 и 5000 метри. Таа го освоила бронзениот медал на трката на 5000 метри на Светското првенство 2013 одржано во Москва, Русија. На Светското првенство 2015, таа го освоила златниот медал на трката на 5000 метри со време од 14:26.83, поставувајќи нов рекорд на првенствата.

Првиот сениорски медал во кариерата, Ајана го освоила на трката на 5000 метри на Африканското првенство 2014 во Маракеш, победувајќи ја фаворитката Гензебе Дибаба со нов рекорд на африканските првенства од 15:32.72.[1] Еден месец подоцна на истиот стадион, таа победила на трката на 5000 метри настапувајќи за Африка на Континенталниот куп.[2]

Ајана истрчала свое најдобро време во кариерата од 14:14.32 на трката на 5000 метри на митингот од дијамандската лига во Шангај во 2015,[3] со што го поправила претходниот сопствен рекорд од 14:25.84 кој го поставила во Париз во 2013.[4] Со ова време таа станала третата најбрза атлетичарка на оваа делница, веднаш зад сонародничките Тирунеш Дибаба, која е светска рекордерка, и Месерет Дефар.

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Резултат Место Датум
3000 метри 8:22.22 Рабат, Мароко 14 јуни 2015
5000 метри 14:14.32 Шангај, Кина 17 мај 2015
10 километри 32:19 Луанда, Ангола 31 декември 2010
3000 метри со препреки 9:22.51 Брисел, Белгија 27 август 2010

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]