Маракеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Модерниот дел од Маракеш.
Плоштадот Џема ел Фна на полноќ.

Маракеш (тамазигт: Murakush, арапски مراكش Murrākush), познат и како „црвениот град“, е град во југозападен Мароко, на падините на Атласките Планини. Градот имал 1.070.838 жители[1] според пописот од 2004.

Како и многу други северноафрикански градови, Маракеш има две главни области: стариот град (медина) и модерниот град.

Меѓународниот аеродром Менара го опслужува Маракеш и околните градови.

Демографија[уреди | уреди извор]

Официјалниот број на жители на Маракеш е 1.070.838 (според пописот од 2004),[1] Најголемиот дел од населението на Маракеш е од берберско потекло. Според некои извори, постои и голема меѓународна заедница која се состои главно од Европејци, проценета на околу 10.700 жители, најголемиот дел од кои се пензионирани.[се бара извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Маракеш е основан во 1062 година, од страна на Јусуф ибн Ташфин. Овој град бил и главен град на Мароко за време на владеењето на Мулај Исмаил. По него, неговиот внук го пренел главниот град од Маракеш во Мекнес.

Име[уреди | уреди извор]

Маракеш / Муракуш е берберски збор кој значи „Земјата на Господ“. Маракеш е главен град на регионот Маракеш-Тенсифт-Ел Хауц. Овој град го има и најголемиот традиционален пазар во Мароко (соук), а тука се наоѓа и најзафатениот плоштад во цела Африка, наречен Џема ел Фна.

Маракеш како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Експресниот воз за Маракеш“ (Marrakesh Express) - песна на американската фолк-рок група „Крозби, Стилс и Неш“ (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Recensement Général De La Population Et De L'Habitat De 2004“. hcp.ma. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-08. Посетено на 2009-03-27.
  2. Crosby, Stills & Nash ‎– Crosby, Stills & Nash (пристапено на 23.1.2017)