Плоштад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Агората во Атина
Плоштад Свети Марко во Венеција
Плоштад Св. Петар во Рим

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Плоштад е отворен јавен простор кој се користи за собири и интеракција помеѓу луѓето. Плоштадот најчесто се наоѓа во центарот на градот и претставува пешачка зона ограничена со улици, објекти или зелени простори. Често во центарот на плоштадот се наоѓа фонтана, споменик или скулптура. Плоштадот е еден од најважните елементи во урбанистичкото планирање, и воопшто во градовите.

Употреба[уреди | уреди извор]

Плоштадите секојдневно ги користат луѓето како места за сретнување, и како засолниште од сообраќајниот метеж. Често пати плоштадите се користат за разни настани, музички концерти, отворени пазари, политички и граѓански собири.

Видови на плоштади[уреди | уреди извор]

Плоштадите се категоризираат според нивната форма и функција. Според формата, постојат плоштади со правилна и неправилна форма. Плоштадите со правилна форма (кружна, правоаголна, триаголна) претставуваат јасна урбана слика за набљудувачот.

Историја[уреди | уреди извор]

Во првите урбани формации – градови, плоштадите најчесто се создавале на крстосниците помеѓу важните трговски патишта. Во античка Грција, централно место во или плоштад градовите е агората. Агората претставувала центар на политичкиот, артистичкиот, атлетскиот и спиритуалниот живот на градот, а самиот поим значи „место на собир“. Во римско време, јавен плоштад претставува форумот .

Примери[уреди | уреди извор]

Примери на плоштади кои воспоставуваат уникатна врска со објектите кои ги ограничуваат и создаваат впечатливи простори се плоштадите Свети Петар во Рим и Свети Марко во Венеција .